Child Development Story
Да Ги Научиме Да Летаат
Моето Дете Лаже!?
Leave a reply
излажало.
Не е чудно ниту пак необично малите децата да лажат.Тие започнуваат да ја користат оваа „вештина“ на возраст некаде од третата година од животот.
Не е чудно ниту пак необично, лажењето на оваа возраст може да се каже дека повеќе измислуваат, се ставаат себе си во необични замислени ситуации, како свои доживувања.
Постепено детето почнува да ја распознава вистината од лагата. Дури кога детето ќе достигне пет-шест годишна возраст може да се зборува за лажење со одредена цел. Лажењето може да биде поттикнато од многу причини.
Најчеста причина зошто малите деца лажат е за да ја избегнат казната,за нешто што направиле, а знаат дека не смееле, тогаш најдобар излез од таа ситуација им е лагата.Често им се случува да лажат кога се своите врсници кога сакаат да бидат во центар на вниманието или пак да се направат попаметни од другарчето.
Сето ова е во склад со нивната возраст и сваќањето на вистината. Ваквите лаги кај малите деца не треба веднаш да ги гледате трагично, туку на разбирлив начин за детето да му дадете на знаење дека од него во иднина очекувате да ја зборува вистината.
Многу често, сакајќи да избегнете некоја непријатна реакција кај детето, како што е плачење, страв или бес, вие ќе го излажете детето,тогаш не треба да сте изненадени ако и тоа излаже. Треба секогаш да имате на ум дака со вашето однесување, на дететето му давате пример уште од најраната возраст.
Треба да се загрижите, кога ќе забележите дека детето често ве лаже, но не треба да се лутите и да го казнувате. Детето кое лаже е несигурно, исплашено,незадоволно од себе па дури и несреќно. Во ваквите случаи најбитно е како ќе изреагирате во ваквата ситуација затоа што несоодветните воспитни мерки како што се казни, поставуавање услови или во најлош случај уцени со родителска љубов како што е: -“ повеќе не те сакам’’- може многу негативно да делува во развојот на неговата самодоверба.
Затоа треба да се запрашате:
Зошто детето лаже, можеби причината сте вие како родител, можеби сте премногу строги кон него или пак имате поголеми очекувања или резултати, а тоа плашејќи се да не ја изгуби вашата љубов се одлучува да лаже.
Дали некаде вие сте згрешиле, можеби несвесно сте му дале пример дека лажењето може да биде од полза во некои ситуации.
Ќе ви раскажам една банална случка: шестгодишно дете секогаш кога треба да ги посетува активностите по физичка култура во градинката, вежба во облеката, а на воспитувачот му кажува дека родителите не му даваат облека за вежбање, иако од дома во ранчето секогаш има подготвено гаќички за активноста.
Се додека воспитувачот не ги известил родителите, дека детето нема соответна облека на активностите по физичка култура, тие не биле свесни дека детето всушност го лаже воспитувачот. Иако видно изненадени од ваквото однесување на нивното дете, тие ја потиснале својата лутина и со еден релаксиран разговор во слаткарница, со неговото омилено колаче, ја откриле тајната за таквото однесување.
Детето всушност било подебелко од своите врсници и се срамело да се соблече во куси гаќички за да не му се смеат другарчињата.
Родителите кои што на ваквиот проблем му пришле со многу разбирање, трпение со цел да ја откријат вистинската причина за лажењето на нивното дете без при тоа да го обвинуваат или да ја искажуваат својата лутина, му помогнале да ја преброди кризата, да ја откријат причината за никогаш по тоа да не му се повтори лагата да ја користи како изговор.
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
Родителите, сосема несвесно претпоставуваат дека малите деца не знаат
да лажат. Затоа многу често може да се слушне како некоја мајка
загрижено ќе се пожали дека нејзиното дете јаНе е чудно ниту пак необично малите децата да лажат.Тие започнуваат да ја користат оваа „вештина“ на возраст некаде од третата година од животот.