Опстипација (1)
Лекување со лимон
Сокот од еден лимон го мешате со една лажица маслиново масло и го пиете наутро, на гладно, 15 мин. пред појадокот. Терапијата трае 21 ден. Потоа правите пауза од една недела, а лекувањето може да го продолжите со примена на терапијата три пати неделно.
Лекувањето со лимонот може да ви помогне доколку имате камен во жочката или пак проблем со црниот дроб.
Доколку имате проблеми со гасови и подуен стомак, тогаш сокот од еден лимон го мешате со лажица мед во половина чаша топла вода и го пиете веднаш по оброкот. Оваа терапија помага доколку имате покачени киселини во желудникот.
Против глисти, лимоновиот сок го пиете помешан со рицинусово масло.
No comments:
Post a Comment