Details
Возрасните го поттикнуваат развојот на детето така што му нудат
материјали со задачи кои се наоѓаат во зоната на следен развој на детето. Тоа се
задачи за кои детето е спремно и заинтересирано, но не може да ги исполни без
помош од возрасен. Кога детето ќе совлада ваква задача тоа добива внатрешен
мотив кој го турка неговиот развој нанапред. Со други зборови, напредување не би
постоело доколку детето не е соочено со она што е во зона на следен развој.
Затоа оваа сложувалка понудете му ја на детето штом тоа ќе покаже интерес за
неа. Помошта на возрасниот е внесена многу вешто во самата играчка. Бојата,
броевите и математичките симболи му зборуваат на детето исто колку и вербалната
инструкција. Така детето може самостојно да манипулира со оваа играчка и при тоа
чувствува поддршка од возрасен додека открива две основни математички операции.
Најважно е што детето учи играјќи се. Димензии: 30x22.5x1 cм Возраст: 3+
No comments:
Post a Comment