Проекти во Предучилишната Установа Пролет Скопје



Воспитниот тим во градинката „ПРОЛЕТ“  секојдневно со повеќе активности со интересни теми и содржини го разубавуваат престојот во градинката на малите деца, го прават нивниот социјален живот релаксиран и многу интересен.
Воспитувањето  и образованието, воспитачите не им го наметнуваат како обврска, туку со разноличните активности децата ги стекнуваат потребните навики и знаења единствено преку игра.
Покрај секојдневните активности со кои воспитувачите ја реализираат Воспитно образовната програма, тие  своите задачи ги реализираат и преку многубројните проекти со теми и содржини од практичниот живот со кои се опфатени сите воспитно образовни области, а интересни и прифатливи за децата.Морам да напоменам дека презентациите на проектите не се само за децата, тие се со едукативен  карактер и за родителите на децата и за сите оние кои на некој начин се инволвирани во  областа на воспитувањето на децата од предучилишна возраст
Проектите на градинката „ПРОЛЕТ“ Скопје се долгорочни. Дел од нив имаат истражувачки карактер, а во иднина ќе ве запознаеме и со целите на некој од нив.
Проект: Сличностите и разликите помеѓу народните изворни инструменти и класичните музички инструментиizraboteni muzicki instrumenti
Со огромно задоволство, чест ми е да Ве известам за последнио проект што беше презентиран во градинката „ПРОЛЕТ“ на 16.05.2013 год
Овој пат областа со која се презентираше овој проект е музичкото воспитување.
Знаеме дека децата најлесно  своите чувства ги изразуваат преку ликовното воспитување и музиката.Таа е нераздвоен дел од секојдневните активности за воспитување на децата од предучилишна возраст.         
Инструментите за споредба со кои се запознаа децата преку предвидените активности се:
  • Тамбура со Гитара
tamburagitara





Тапан со класичени тапани
klasicni tapani tapan





Кавал со кларинет
кавалklarinet
Целта на проектот беше децата да се запознаат и да можат да свират на по еден претставник од жичани, ударни и дувачки музички инструменти.
Децата реализатори на проекот се на предучилишна возраст од 5 до 6 години    (голема група).
Тие во вид на драматизација и со звучна презентација  ги претставија своите инструменти и ги покажаа нивните сличности и разлики.
Пекрасен начин да се доближат децата до овоие музички инструменти,
А морам да кажам дека родителите заедно со останатите гости  кој присуствуваа на презентација научија повеќе за овие познати музички инструменти.
Идејните реализатори на проектот беа :
Ана Џамбазова  -  воспитувач во голема група
Јасмина  Насковска   -  музички педагог
Вита       Јаковлевска  -  координатор
Соработници во реализацијта на проектот :
Дијана    Симоновска  -   психолог                     
Тимот на воспитувачи од градинката  „ПРОЛЕТ“ Скопје
Родителите на децата од градинката “ПРОЛЕТ” Скопје


facebooktwitterlinkedinemailsharethis

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *
You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>