Симболите на Велигден
Автор: Редакција Рингераја | 22.4.2011
Велигден е еден
од најголемите и најсветлите празници во Христијанскиот календар. Со постепеното
таложење на различни традиции низ вековите, оригиналните симболи на празникот
добиле различно значење за различни луѓе, во зависност од нивната вера.
Велигден е еден од најголемите и најсветлите празници во Христијанскиот календар. Со постепеното таложење на различни традиции низ вековите, оригиналните симболи на празникот добиле различно значење за различни луѓе, во зависност од нивната вера.
Од бојадисувањето и размената на јајца, до Велигденските зајчиња, карневалите и обредните лепчиња, сите традиции имаат длабоки корени во минатото. Без разлика дали сте религиозни, или едноставно Ви се допаѓа атмосферата на пролетниот празник, да дознаете нешто повеќе за традициите е интересен начин за да го поврзете она што по правиме денес, со она што го правеле луѓето пред нас.
Историјата на Велигден
Англискиот средновековен историчар Беде (673-735 година) смета дека англосаксонското име на Велигден потекнува од античката предгерманска тевтонска митологија. Еостра (Eostre) е англосаксонска божица на пролетта и на неа е посветен месец април, а прославата во нејзина чест се организирала за време на пролетната рамноденица. Со желба да го направат христијанството прифатливо за народите, англосаксонските христијани почнуваат да го користат за Велигден името Истер, бидејќи христијанскиот празник на Воскресението Христово се совпаѓа со античкото празнување на претстојната пролет. Во исто време, Велигден е поврзан и со еврејскиот празник Пасха, кој се слави во првиот, во еврејската година по месечината, месец Нисан. На Пасха се прославува Божјото избавление на еврејскиот народ од 300- годишното ропство во Египет и неговото прикажување оттаму под раководство на Мојсеј.
Во Христијанската традиција на Велигден го одбележуваме Воскресението на Господ Исус Христос од мртвите, во третиот ден по неговата смрт. Прославата на Воскресението датира од почетокот на Христијанската историја. До вториот век Велигден е веќе добро утврден празник, иако имало подолг спор за датумот на кој треба да се слави. Источните цркви сакале Велигден да се прославува според лунарниот календат и во работен ден, бидејќи раните христијани прославувале секоја година на 14 – от ден од еврејскиот месец Нисан, додека западните цркви инсистирале Велигден да се прославува секогаш во недела, без оглед на датумот.
Ова е едно од главните прашања за кои императорот Константин Никејски свикал собор во 325 година, на кој се решило Велигден да се прославува во првата недела, на следната полна месечина по пролетната рамноденица. Според Александриската богословска школа, позната со своето знаење во астрономските пресметки, 21 март е прифатен за датум на пролетната рамноденица. Датумот за празнување на Велигден почнува да се определува од неделата во која има полна месечина, или веднаш по пролетната рамноденица. Така Велигден е определен како празник во периодот меѓу 21 март и 25 април. Разликата во современото празнување се должи на различното прицврстување на датумот според Грегоријанскиот календар на запад и Јулијанскиот на исток.
Велигденски симболи
Црковни ѕвона
Во најголем број на земјите во Европа, црковните ѕвона престануваат да бијат на Велики четврток. Тие мируваат во знак на сеќавање на Христовите страданија и повторно почнуваат да бијат на Велика сабота, како знак за радоста – Христовото Воскресение.
Бојадисани јајца
Јајцето е најпопуларниот симбол на Велигден низ целиот свет. Во сите култури јајцето го симболизира почетокот на новиот живот. Една латинска поговорка вели: “Целиот свет е создаден од едно единствено јајце”.
Јајцето е симбол на почеток на нов живот и се наоѓа во центарот на сите Велигденски обреди. За сите христијани јајцата се симбол на Христовото воскресение. Нивното вапцување е еден од најубавите и најрадосни православни обичаи, кој се изведува на Велики четврток. Се верува дека јајцата, кои се сварени и вапцани пред изгрејсонце, нема да се расипат цела година, се' до наредниот Велигден. Првото јајце вапцано во црвена боја, според обичаите, се чува и се смета за чувар на домот во текот на целата година.
Јагне
Јагнето симболизира човек, затоа што Исус е претставен како добар овчар кој пази на своите овци. Јагнето доаѓа на свет во пролет. Израелците ја користеле јагнешката крв за да ги спасат првороденчињата во Египет.
Зајак
Овој симбол потекнува од пред развитокот на христијанството. Зајакот традиционално се поврзува со плодноста и богатството. Постои легенда според која Велигденскиот зајак некогаш бил голема и убава птица и и' припаѓал на една божица. Еднаш таа се налутила и ја претворила птицата во див зајак и бидејќи тој сеуште е птица по душа, продолжува да прави гнезда и да ги полни со јајца.
Прочитајте уште:
No comments:
Post a Comment