Wednesday, February 26, 2014

ZA TEBE MAMO

ЗА ТЕБЕ МАМО                AVTORI: ???    VAKA E BEZVREDNO OBJAVUVANJETO!

Денес ти е празник            PROSTETE ZA ZABELESKATA!
мајчице моја,
среќа ти посакува              EK
ќерката твоја.

Долго да ми живееш
среќна и весела
милно да се грижиш
за мојата младост.

Те сакам мајко
те сакам знај,
биди ми среќна
среќна до бескрај.

ЦВЕЌЕ ЗА МАМА
Ќе наберам цвеќе
најубаво на свет
ќе ја израдувам мама
со погледи слатки ко мед.
Е ја гушнам силно
и ќе и кажам милно
ти си цвет што цвета
ти си пеперуга што лета
ти си сонце што грее
ти си птица што пее.

МАЈКА
Како од бајка е ликот на мојата мајка.
8 ми Март е празник вечен
и затоа нека биде
за мојата, твојата и сечија мајка свечен.

ЗА ПРАЗНИКОТ НА МАМА
Грижа јас си имам
треба да решам сама,
што- за празникот
да и подарам на мама?
И како да и возвратам
за ноќи бессони долги?
Па можеби,
најубаво е вака
ќе и подарам букет
и ќе и речам
многу те сакам!

МОЈАТА МАЈКА
Од мајкините очи мили
од најзината прекрасна лика,
како од сонцето зраците
насмевката блика.

Во прегратката нејзина топла
и рацете нејни вредни,
чувствувам заштита и сила
од мајчицата моја мила.

ЦВЕЌЕ ЗА МАМА
Среќно дете цвеќе носи
да закити мили коси
цвеќе нежно, бои разни
ќе заличат мајкин празник.

В детска рака буќет цветен
само дете си го сплете
на мамичка дар да дари
в срце радост да и цари.

ШТО МИ Е НАЈМИЛО
Мило ми е цвеќето
што в градина цвета
мила ми е птицата
високо што лета.

Мило ми е сонцето
кога топло грее,
а најмила мамичка
кога ми се смее.

ЦВЕЌЕ ЗА МАМА
Денес се измив сама,
денес се исчешлав сама,
денес се облеков сама,
излегов в градина сама,
и цвеќе набрав сама,
 цвеќе за мојата мама.

КОГА МАМА СЕ СМЕЕ
Кога мама се смее
топло сонце грее.
Кога мама ме гали
радост в срце ми пали.
Кога мама ме гледа
растам по една педа.

ОЧИТЕ НА МОЈАТА МАЈКА
На две езера од бајка
прилегаат очите на мојата мајка.

Наоколу стебла вити,
а сред води, мирни, сјајни,
два залива, ко две тајни.

Што не можам еднаш само
да отпловам со чунот таму?
Каква птица таму грее
 сред езеро што милно пее?

Дал рипки златни ронат
и од дно тивко ѕвонат?

На две езера од бајка
прилегаат очите на мојата мајка.

НАЈУБАВИОТ ЗБОР
Го барам најубавиот збор
што само убавини здрушува,
што само љубов кажува.

Таков збор мама заслужува.

Најнежен збор е мајка,
волшебен збор е бајка,
потопол нема од сонце,
поискрен нема од срце.
Мирисен- гороцвет ситен,
најшарен- венецот китен.

Но збор е над сите други,
што крепи и дава сила,
што најмногу на мама и годи:
ТЕ САКАМ, мајко мила!

БАКНЕЖ ЗА МАМА
Сонцето недостижно ќе го замолам
да ми подари бакнеж топол за мама.
Утрото срамежливо ќе го замолам
да ми подари бакнеж румен за мама.
Квечерините тивки ќе ги замолам
да ми подарат бакнеж заспивен за мама.
Градините многуцветни ќе ги замолам
да ми подарат бакнеж цветен за мама.
А потоа и јас ќе и подарам
бакнеж искрен на мама.

МАМА ЌЕ НИ ДАДЕ
Ова прсте вели: „Браќа многу ми се јаде!“

Ова вели: „Нешто благо! Кој ли ќе ни даде?“

Ова вели: „Таму има полна тегла слатко!`“

Ова вели: „Да земеме, да јадеме братко!“

Најмалото прсте вели: „Ако толку ви се јаде, мама ќе ја помолам,
мама ќе ни даде!“

ОЧИТЕ НА МАМА
Тие очи се бисер
што зраци рони,
погледот на мама
в срце ни ѕвони.

Очите на мама
се блескаво злато,
го згрнале со љубов
и срцето на бато.

Тие очи шеќерни
ко сонце ме греат,
кога ми е најтешко
топло ми се смеат.

МОЈАТА МАЈКА
Мојата мајка
многу ми е мила,
таа има раце
нежни како свила.

Мојата мајка
везден ме гали
со топлите раце
по образите мали.

Навечер в кревет
мојата мајка
за добар сон,
ми раскажува бајка.

МОЈАТА БАБА
Мојата мила баба
не е многу стара,
но секое лето таа
сонце топло бара.

Цвеќиња таа сади
во пролетта рана,
на есен подготвува
разновидна храна.

Очила баба не носи
ни дење, ни преку ноќ,
секој сака таква баба
што има сила и моќ.





















НАЈУБАВИОТ  ПОДАРОК
1 ДЕТЕ: Од мојов подарок мама ќе биде восхитена.
2 ДЕТЕ: Знам дека мама најмногу сака цвеќе. Гледајте колку е убаво! (Го истакнува цвеќето)
3 ДЕТЕ: (Посочувајќи го ѓерданот) Мама сака убав фустан, убави чевли. Но сето тоа не оди без ѓердан.
4 ДЕТЕ: И тоа без тој твој ѓердан! Види го овој парфем!
1 ДЕТЕ: Цвеќето свенува, ѓерданот е вештачки украс. Само од помадата мајчиното лице станува младо, мазно и добива убав тен. Многу ќе и се допаднат на мама!
2 ДЕТЕ: (ја наоѓа својата касичка) Ќе ги извадам сите денарчиња и на мама ќе и купам уште три каранфили.
3 ДЕТЕ: (се врти кон Ангела) А она што го пукна стаклото на регалот кога го бришеше! Ќе и го покажеш на неа?!
2 ДЕТЕ: А ти, кога на Николче му го тегнеше увцето!
3 ДЕТЕ: Кога утко?
4 ДЕТЕ: Пред да го однесат во болница. Знаеш ти...
1 ДЕТЕ: Дрдорка!
2 ДЕТЕ:Ти си дрдорка!
(Влегува таткото)
ТАТКОТО: (Незадоволен) Браво! Браво! (Децата се збунети) Прекрасен панаѓур! И тоа на самиот празник на мајка ви! Кога Кога ќе се врати и кога ќе ве види како се карате, се ќе и се разубави пред очите. (Засрамените деца готови да се расплачат) Ха, и треба уште тоа да ве види вака расплачени. А згора на сето и Николче е во болница! ( Им приоѓа, им ги помазнува косите). Ајде смирете се. Смирете се и гледајте во мене. Не, почекајте. (излегува и се враќа со некоја издолжена кошничка). Овде е мојот подарок.
ДЕЦАТА: Тато, можеме да го вивидиме?
ТАТКОТО: Засега нека остане тајна. Во кошничкава ставете ги и вашите подароци. Подарокот ќе ни биде заеднички. Може?
ДЕЦАТА: Може!
1 ДЕТЕ:(со рацете на глава) Како не се сетивме на тоа?
(Своите подароци ги ставаат во кошничката. Се слуша ѕвонче. Истрчуваат на вратата.)
ДЕЦАТА: Мамоооо! Мамичкеее!
(Влегува мајката и децата и го даваат подарокот)
МАЈКАТА: (восхитена) Немам зборови! Ако не ме лажат солзиве радосници вие сте плачеле. Ако, знам дека е од радост.
ТАТКОТО: Главниот подарок уште не е подарен.
3 ДЕТЕ Мамо, тој чува најчуден подарок! Ќе видиш!
МАЈКАТА: Знам, примил плата. Не си морал да се трошиш. (одеднаш ја однесуваат мислите и и станува тешко)
4 ДЕТЕ: Мамичке зар не си среќна?
МАЈКАТА: Си реков во себе: се радувам јас, а кутриот Николче лежи во болницата со исчашено ноженце!
2 ДЕТЕ: Мамо, не грижисе, веднаш ќе го посетиме.
ТАТКОТО: (Превесел) Нема да го посетиме Николчета се додека не го врачам својот скап подарок!
2 ДЕТЕ (Нестрплива како и сите други) Побрзај, тато! (Таткото излегува и се враќа со Николчета)
ТАТКОТО: Мојов подарок за мама!Подароков не е исчашен и здрав е како тигар!
МАЈКАТА: (Го гушка Николчета) Златен подарок! Не постои поубав подарок! Ќе ја направам  најголемата торта на светот!
НИКОЛЧЕ: (Од своето џепче вади некој цртеж) Мамичке, сакаш ли да ти го подарам?
МАЈКАТА: Што е тоа синче?
НИКОЛЧЕ: Маче.
МАЈКАТА: О, па ти си научил да црташ. Навистина, убав подарок. Фала синче. А сега кој ќе ми помогне да ја направам најслатката торта на светот?
ДЕЦАТА: Јас!... Јас!... Јас!... (се растрчуваат низ куќата)

Во поговорките што низ вековите ги создал македонскиот народ се кријат многу мудрости, витини, но и поуки. Еве мал дел од нив кои зборуваат за мајката:
МАЈЧИНАТА МИЛОСТ КАНТАР НЕ ЈА МЕРИ.

КОЈ МАЈКА НЕ СЛУША, СЕБЕ СИ НE СЕ СЛУША.

МАЈЧИНАТА РАКА КАКО ШТО ЌЕ ТЕ ПОГАЛИ, ДРУГА НЕ МОЖЕ.

МАЈКАТА Е ЕДНА.

ЗА ПАРИ МОЖЕШ СЕ ДА КУПИШ, САМО МАЈКА И ТАТКО НЕ.

МАЈКАТА ЗА ДЕЦАТА ОД УСТАТА СИ ДЕЛИ.

ЗАРАДИ ДЕТЕТО МАЈКАТА ЌЕ СЕ ФРЛИ И ВО ОГАН.

ГОВОРОТ НА БЕБЕТО ГО РАЗБИРА САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕ БЕЗ МАЈКА Е КАКО ЦВЕТ БЕЗ ДОЖД.

НИТУ СТО ТЕТКИ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ЗАМЕНАТ РОДЕНАТА МАЈКА.

ИСКРЕНО ПЛАЧЕ САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕТО ЗА ТАТКОТО И МАЈКАТА Е ДАР ОД БОГА.



Во поговорките што низ вековите ги создал македонскиот народ се кријат многу мудрости, витини, но и поуки. Еве мал дел од нив кои зборуваат за мајката:
МАЈЧИНАТА МИЛОСТ КАНТАР НЕ ЈА МЕРИ.

КОЈ МАЈКА НЕ СЛУША, СЕБЕ СИ НE СЕ СЛУША.

МАЈЧИНАТА РАКА КАКО ШТО ЌЕ ТЕ ПОГАЛИ, ДРУГА НЕ МОЖЕ.

МАЈКАТА Е ЕДНА.

ЗА ПАРИ МОЖЕШ СЕ ДА КУПИШ, САМО МАЈКА И ТАТКО НЕ.

МАЈКАТА ЗА ДЕЦАТА ОД УСТАТА СИ ДЕЛИ.

ЗАРАДИ ДЕТЕТО МАЈКАТА ЌЕ СЕ ФРЛИ И ВО ОГАН.

ГОВОРОТ НА БЕБЕТО ГО РАЗБИРА САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕ БЕЗ МАЈКА Е КАКО ЦВЕТ БЕЗ ДОЖД.

НИТУ СТО ТЕТКИ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ЗАМЕНАТ РОДЕНАТА МАЈКА.

ИСКРЕНО ПЛАЧЕ САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕТО ЗА ТАТКОТО И МАЈКАТА Е ДАР ОД БОГА.


No comments:

Post a Comment