ИЗВОРЧЕ
Izvorce, Tanja Metikosh, blog, wordpress, prezentacija, matematika, makedonski jazik, zapoznavanje na okolinata, likovno, nastavni listovi, igri, linkovi
фев242014
Боенка – Македонска азбука
Оваа боенка е направена за примена во наставата во прво одделение. На секоја страна има 4 наставни ливчиња со буква и сликичка (поради заштеда на хартија) На секој час за усвојување на буква секој ученик го бои своето ливче. Наставникот ги собира боенките и прави мала книга со букви за секој ученик. Може да се користат и на часовите за повторување како „Јазичен семафор“ (наставникот кажува збор а учениците ја креваат буквата на која започнува зборот наместо усно да одговараат.) Може да се користат за составување зборови во групна работа или за игри кои сами ќе ги измислите.
НАПОМЕНА: Можеби кога ќе го отворите документот, сликичките ќе бидат изместени, но ги оставив во word документ за да можете да правите измени.
НАПОМЕНА: Можеби кога ќе го отворите документот, сликичките ќе бидат изместени, но ги оставив во word документ за да можете да правите измени.
No comments:
Post a Comment