Wednesday, February 26, 2014

NAJUBAVIOT PODAROK -RECITAL ZA OSMI MART

НАЈУБАВИОТ  ПОДАРОК
1 ДЕТЕ: Од мојов подарок мама ќе биде восхитена.
2 ДЕТЕ: Знам дека мама најмногу сака цвеќе. Гледајте колку е убаво! (Го истакнува цвеќето)
3 ДЕТЕ: (Посочувајќи го ѓерданот) Мама сака убав фустан, убави чевли. Но сето тоа не оди без ѓердан.
4 ДЕТЕ: И тоа без тој твој ѓердан! Види го овој парфем!
1 ДЕТЕ: Цвеќето свенува, ѓерданот е вештачки украс. Само од помадата мајчиното лице станува младо, мазно и добива убав тен. Многу ќе и се допаднат на мама!
2 ДЕТЕ: (ја наоѓа својата касичка) Ќе ги извадам сите денарчиња и на мама ќе и купам уште три каранфили.
3 ДЕТЕ: (се врти кон Ангела) А она што го пукна стаклото на регалот кога го бришеше! Ќе и го покажеш на неа?!
2 ДЕТЕ: А ти, кога на Николче му го тегнеше увцето!
3 ДЕТЕ: Кога утко?
4 ДЕТЕ: Пред да го однесат во болница. Знаеш ти...
1 ДЕТЕ: Дрдорка!
2 ДЕТЕ:Ти си дрдорка!
(Влегува таткото)
ТАТКОТО: (Незадоволен) Браво! Браво! (Децата се збунети) Прекрасен панаѓур! И тоа на самиот празник на мајка ви! Кога Кога ќе се врати и кога ќе ве види како се карате, се ќе и се разубави пред очите. (Засрамените деца готови да се расплачат) Ха, и треба уште тоа да ве види вака расплачени. А згора на сето и Николче е во болница! ( Им приоѓа, им ги помазнува косите). Ајде смирете се. Смирете се и гледајте во мене. Не, почекајте. (излегува и се враќа со некоја издолжена кошничка). Овде е мојот подарок.
ДЕЦАТА: Тато, можеме да го вивидиме?
ТАТКОТО: Засега нека остане тајна. Во кошничкава ставете ги и вашите подароци. Подарокот ќе ни биде заеднички. Може?
ДЕЦАТА: Може!
1 ДЕТЕ:(со рацете на глава) Како не се сетивме на тоа?
(Своите подароци ги ставаат во кошничката. Се слуша ѕвонче. Истрчуваат на вратата.)
ДЕЦАТА: Мамоооо! Мамичкеее!
(Влегува мајката и децата и го даваат подарокот)
МАЈКАТА: (восхитена) Немам зборови! Ако не ме лажат солзиве радосници вие сте плачеле. Ако, знам дека е од радост.
ТАТКОТО: Главниот подарок уште не е подарен.
3 ДЕТЕ Мамо, тој чува најчуден подарок! Ќе видиш!
МАЈКАТА: Знам, примил плата. Не си морал да се трошиш. (одеднаш ја однесуваат мислите и и станува тешко)
4 ДЕТЕ: Мамичке зар не си среќна?
МАЈКАТА: Си реков во себе: се радувам јас, а кутриот Николче лежи во болницата со исчашено ноженце!
2 ДЕТЕ: Мамо, не грижисе, веднаш ќе го посетиме.
ТАТКОТО: (Превесел) Нема да го посетиме Николчета се додека не го врачам својот скап подарок!
2 ДЕТЕ (Нестрплива како и сите други) Побрзај, тато! (Таткото излегува и се враќа со Николчета)
ТАТКОТО: Мојов подарок за мама!Подароков не е исчашен и здрав е како тигар!
МАЈКАТА: (Го гушка Николчета) Златен подарок! Не постои поубав подарок! Ќе ја направам  најголемата торта на светот!
НИКОЛЧЕ: (Од своето џепче вади некој цртеж) Мамичке, сакаш ли да ти го подарам?
МАЈКАТА: Што е тоа синче?
НИКОЛЧЕ: Маче.
МАЈКАТА: О, па ти си научил да црташ. Навистина, убав подарок. Фала синче. А сега кој ќе ми помогне да ја направам најслатката торта на светот?
ДЕЦАТА: Јас!... Јас!... Јас!... (се растрчуваат низ куќата)

Во поговорките што низ вековите ги создал македонскиот народ се кријат многу мудрости, витини, но и поуки. Еве мал дел од нив кои зборуваат за мајката:
МАЈЧИНАТА МИЛОСТ КАНТАР НЕ ЈА МЕРИ.

КОЈ МАЈКА НЕ СЛУША, СЕБЕ СИ НE СЕ СЛУША.

МАЈЧИНАТА РАКА КАКО ШТО ЌЕ ТЕ ПОГАЛИ, ДРУГА НЕ МОЖЕ.

МАЈКАТА Е ЕДНА.

ЗА ПАРИ МОЖЕШ СЕ ДА КУПИШ, САМО МАЈКА И ТАТКО НЕ.

МАЈКАТА ЗА ДЕЦАТА ОД УСТАТА СИ ДЕЛИ.

ЗАРАДИ ДЕТЕТО МАЈКАТА ЌЕ СЕ ФРЛИ И ВО ОГАН.

ГОВОРОТ НА БЕБЕТО ГО РАЗБИРА САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕ БЕЗ МАЈКА Е КАКО ЦВЕТ БЕЗ ДОЖД.

НИТУ СТО ТЕТКИ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ЗАМЕНАТ РОДЕНАТА МАЈКА.

ИСКРЕНО ПЛАЧЕ САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕТО ЗА ТАТКОТО И МАЈКАТА Е ДАР ОД БОГА.



Во поговорките што низ вековите ги создал македонскиот народ се кријат многу мудрости, витини, но и поуки. Еве мал дел од нив кои зборуваат за мајката:
МАЈЧИНАТА МИЛОСТ КАНТАР НЕ ЈА МЕРИ.

КОЈ МАЈКА НЕ СЛУША, СЕБЕ СИ НE СЕ СЛУША.

МАЈЧИНАТА РАКА КАКО ШТО ЌЕ ТЕ ПОГАЛИ, ДРУГА НЕ МОЖЕ.

МАЈКАТА Е ЕДНА.

ЗА ПАРИ МОЖЕШ СЕ ДА КУПИШ, САМО МАЈКА И ТАТКО НЕ.

МАЈКАТА ЗА ДЕЦАТА ОД УСТАТА СИ ДЕЛИ.

ЗАРАДИ ДЕТЕТО МАЈКАТА ЌЕ СЕ ФРЛИ И ВО ОГАН.

ГОВОРОТ НА БЕБЕТО ГО РАЗБИРА САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕ БЕЗ МАЈКА Е КАКО ЦВЕТ БЕЗ ДОЖД.

НИТУ СТО ТЕТКИ НЕ МОЖАТ ДА ЈА ЗАМЕНАТ РОДЕНАТА МАЈКА.

ИСКРЕНО ПЛАЧЕ САМО МАЈКАТА.

ДЕТЕТО ЗА ТАТКОТО И МАЈКАТА Е ДАР ОД БОГА.


No comments:

Post a Comment