Бакнежи од кокос
- рецепт
Неодоливи колачиња со вкус на кокос. Подготовката е брза, а состојките едноставни.
Потребно е:- 4 жолчки
- 100 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр брашно од кокос
- 4 белки
- Изматете ги пенасто жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го брашното од кокос.
- Посебно изматете ги белките во густо шне. Внимателно додадете го во горната смеса за да не спласне.
- Со лажиче обликувајте мали колачиња кои ќе ги редите во тава обложена со хартија за печење.
- Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна 20 минути на 150 целзиусови степени.
- Послужете ги со шоља ароматичен чај.
кукурику.мк
Поврзани Вести
- Најчитани
- Последни
NMD
No comments:
Post a Comment