Мајка
–писмено изразување
Ученик _______________________________ Наставник Михаела Воинова
Прочитај го внимателно текстот и одговори на
прашањата.Потоа сам напиши состав за твојата мајка.Работи самостојно.
СИТЕ
МОИ МАЈКИ
Мојата
мајка има многу имиња.Многу.Веројатно повеќе од било која друга мајка ,а можеби
и од сите мајки .
Нејзиното прво
име е Маја.Така ја нарекле нејзините родители кога била уште мала и немала
друго име.Освен родителите,така ја викаат и нејзините пријателки кои понекогаш
ни доаѓаат на кафе.Мама Маја е весела и насмеана ,ама нема време за игра со
мене.
Нејзиното второ име е Душо.Така ја нарекол тато кога се
вљубиле. Сигурно не му се допаѓало нејзиното прво име.Мама Душо е вредна,спрема
сендвичи на тато,му пегла кошули,го бакнува на образ,но знае и да подвикне кога
тој ќе влезе со чевли во станот или кога
ќе и го заборави роденденот.
Госпоѓо
е нејзиното име со кое ја нарекуваат оние кои не ја познаваат –продавачките во
дуќани,поштарот,соседите или кога некој ќе ја побара на телефон ...
А кога непознатите се млади,како некој од моето училиште,од
паркот или градинката на сестра ми, тогаш името и е Тетка.Мама,Госпоѓа,Тетка секогаш
се учтиви ,но никогаш нема да се смеат како мама Маја или да работат како мама
Душо.
Не
сакам кога мама се вика Мамо.Тогаш не ми дава да јадам чоколада, бидејќи тоа не
е здраво.Не ми дозволува да излезам надвор,бидејќи не сум напишала домашна,не
ми дозволува да гледам телевизија – сестра ми спие.Ме тера да јадам
зеленчук-дури и спанаќ, ме тера да мијам заби – иако пак ќе се искашкаат.Тогаш
и не е толку драга иако знам дека тоа го прави за мое добро. Но, ако мене тоа
не ми се допаѓа, како може тоа да биде за мое добро ?
Во
зима,кога е многу студено и кога се разболам,мама се вика Мајка.Мојата мама
Мајка ме води на лекар и ме држи за рака додека ми ја пуштат инекцијата.Ми вари
чаеви со полно мед и лимон и ми ги донесува во креветот, во мојата Мики Маус
чашка. Ако она стапче, покаже дека имам висока температура, ми става ладни
облоги на челото и стопалата.Ми дозволува да јадам многу чоколадо и цел ден да
гледам телевизија.Многу е добра кон мене. Но, не ми се допаѓа тоа што мама,кога
се вика Мајка,често е тажна и загрижена.
Од
сите овие имиња кои мама ги има,сепак најдраго ми е она наједноставното и
најубавото –Мама.Мама Мама секогаш е спремна за игра и шега.Ми чита приказни
пред спиење и наутро ме бакнува кога ме буди за училиште.Ми готви омилени
јадења.Кога направам нешто лошо,знае малку да се налути,но тоа не трае
долго.Заедно гледаме цртани филмови и ми помага во домашните задачи.За роденден
ми купува убави подароци и ми прави посебни фризури.Дури и кога има многу
работа,секогаш наоѓа малку време да си поигра со мене.
Мојата мама
Мама е најдобра од сите мои мајки.
1.Кое е името на мајката
во приказната?
_______________________________________________________________
2. Кои се другите
имиња на мама
________________________________________________________________
3. Кој ја нарекува мама
„госпоѓа“?
________________________________________________________________
4. Девојката не сака кога мама се вика __________________________ бидејќи тогаш_____________________________________________________________
5. Што работи Мајка?
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
6. На девојчето
најдраго,најубаво и наједноставно име и е :
a) мајка
b) мамо
c) мама.
7. Што заклучило девојчето на крајот од
приказната ?
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
8. Кои се имињата на твојата мајка?
________________________________________________________________
9. Како те
нарекува тебе твојата мајка ?
________________________________________________________________
________________________________________________________________
10. Напиши состав
на тема Мојата мама
Напиши план на составот во три точки.
1. ________________________
2. ________________________
3. ________________________
Мојата мама
___________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
________________________________________________________________
____________________________________________________________

No comments:
Post a Comment