Природни лекови за циркулација
Сувиот екстракт од полодот „Aesculus hippocastanum“ ( див костен ), од одамна познат и ценет по лековитото дејство.
Есцинот е регистриран лек во Германија и претставува активна компонента на голем број препарати кои се користат топикално или орално при третман на периферни васкуларни болести, поточно при болести кои се поврзани со капиларна пропустливост и отпорност.
Сувиот екстракт на коренот „Ruscus aculeatus“ (дивиот чемшир) содржи мешавина од стероидни сапонини , кои ја подобруваат венската циркулација и лимфниот проток и ги штитат внатрешните ѕидови на вените од оштетување. Се користи во болести на крвните садови, дејствува антивоспалително и спречува формирање на едем.Сувиот екстракт од листовите од „Ginkgo biloba“ ( гинко ) содржи флавоноиди кои ја намалуваат капиларната кршливост и пукањето на капиларните ѕидови, го зголемуваат протокот на крвта низ капиларите и ја подобруваат периферната циркулација. Гинко одамна е познат како еликсир на младоста и долговечноста .
Боровинката ( Vaccinium myrtillus, f.Ericaceae ) содржи флавоноиди, антоцијани, витамин Ц и друго. Дејствува протективно на вените и капиларите, адстрингентно, антимикробно, антиинфламаторно и антидијабетично.
Експериментално и клинички е докажано дека антоцијаните, како и флавоноидот рутин, дејствуваат на вените, а особено на капиларите, така што ја зголемуваат отпорноста на овие крвни садови, намалувајќи ја нивната пропустливост и на тој начин не доаѓа до нивно пукање. Поради таквото дејство, плодовите, сокот и екстрактот од боровинката се препорачуваат за болни од венопатии и капиларопатии на екстремитетите.
Експериментално и клинички е докажано дека антоцијаните, како и флавоноидот рутин, дејствуваат на вените, а особено на капиларите, така што ја зголемуваат отпорноста на овие крвни садови, намалувајќи ја нивната пропустливост и на тој начин не доаѓа до нивно пукање. Поради таквото дејство, плодовите, сокот и екстрактот од боровинката се препорачуваат за болни од венопатии и капиларопатии на екстремитетите.
Сув екстракт од „Hamamelis virginiana“ е исклучително богат со танини и флавоноиди. Благодарение на својот состав има добро анти-воспалително, аналгетско, адстрингентно дејство, поради што се препорачува во сите пореметувања на венската циркулација ( проширени вени, хемороиди, воспаление на вени , и слично ..
Етеричното масло од Cypresus scariosus ( кипарис ) има долговеквна репутација како одличен хемостатиц, адстрингенс, и има вазоконстрикторен ефект. Покажува одлични резултати во третманот на хемороиди (ја намалува и ја елиминира болката и крварењето).
Растителните екстракти со капиларопротективно дејство се применуваат во облик на топикални препарати ( гелови, креми, масти ) и препарати за орална употреба ( таблети, тинктури ). Што се однесува до појавата на несакани ефекти, важат за релативно безбедни. Хербалните лековити средства наменети за третман на капиларопатии покажуваат значајна ефикасност во зголемување на капиларната отпорност и превенција од прскање на капилари, но не можат да ги репарираат веќе оштетените капилари и да предизвикаат отстранување на пурпурно-црвените дамки што се резултат од нивно прскање. За поголем ефект, се препорачува доволен внес на витамин C ( капиларната фрагилност честопати е последица на дефицит од овој витамин ). Употребата на фитопрепарати со капиларопротективно дејство е неопходна после оперативни зафати за отстранување на оштетени капилари ( склеро терапија, ласерски третмани ) поради потентното профилактичко дејство.
Топ Пост
(Visited 825 times, 825 visits today)
No comments:
Post a Comment