Thursday, October 31, 2013

http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=3697&l=63&scID=2134#.UnLY8401jmR ZA JETRA I D CREVO

Хлорелата го чисти црниот дроб, дебелото црево и крвта

- има способност да се трансформира во хемоглобин







Сушената хлорела содржи: 45% протеини, 20% ,масти, 20% јаглени хидрати, 5% влакна и 10% минерали и витамини. Богата е со бетакаротени, витамини од групата Б, витамин Е и Ц, магнезиум, натриум, калциум, цинк, железо, како и ензими како хлорофилаза и пепсин.

Хлорелата е богата со хлорофил, кој според истражувањата има способност да се трансформира во хемоглобин. Хемоглобинот е протеин во црвените крвни зрнца кој го пренесува кислородот до важните органи на телото. Исто така, хлорофилот помага за формирањето на црвените крвни зрнца и се препорачува како додаток во исхраната кај оние кои патат од анемија.

-Го чисти црниот дроб, дебелото црево и крвта.
-Го неутрализира лошиот воздух кој секојдневно го вдишуваме (се врзува со токсините и помага во нивно исфрлање).
-Помага во чистење во крвта и телото од токсини.

Хлорелата е алкална храна која помага во балансирањето на pH вредноста во организмот. За организмот е многу важно да биде во неутрален pH баланс, бидејќи киселата средина води до низа заболувања.

Препорачана доза: 3-5 грама (една мала лажичка=3 грама) половина час пред јадење, за најдобри ефекти на варење.
Хлорелата во прав може да се раствори во утринскиот свежо цеден сок, смуди и во мусли.

ЗЕЛЕНО СМУДИ

4 портокали
1 банана
2 киви
1 снопче блитва
1 лажичка хлорела

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендира додека да се добие хомогена смеса. Додадете вода до 1 или 1,5 литар и уживајте во утинското смуди.

Поврзани Вести

No comments:

Post a Comment