|
Наставниците повеќе писари одошто учители |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Секој наставник треба да има листа за проверка, на која секој ден треба да пишува буквално за секоја активност за секој ученик, на секој час. Освен во дневникот, тoj мора да го запише часот и во електронскиот дневник. Треба да пишува и тематски, дневни и годишни подготовки, неделни распределувања, записници од родителски средби, планови и извештаи за реализирани екскурзии |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Административните обврски може да влијаат на квалитетот на
наставата ХАРТИЈАТА ГО ЈАДЕ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС Те молам, најди ми на Интернет информации за празникот Курбан-бајрам. Треба да им објаснам на учениците зошто муслиманите низ светот го празнуваат. Немав време јас да сурфам, цел ден пишував подготовки и записници, а сметам дека децата треба да знаат подетално зошто се слави овој ден. И знам дека ќе ги интересира тоа и ќе ме прашуваат. Вака го замолила својот син наставничка што предава во едно скопско училиште, еден ден пред празникот што за муслиманите беше неработен. Со новите правила и законски измени, наставниците се преоптоварени со стари и нови административни обврски, па воопшто немаат време да се подготват за часовите што ги одржуваат на училиште, камоли, пак, за нешто дополнително што го дискутираат на час, а е надвор од наставниот план, како што е примерот за Курбан-бајрам. Покрај тоа што е технички неизводливо да се стигне со сите обврски, овие ангажмани го намалуваат квалитетот на наставата, предупредува Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), како и професорите што предаваат во училиштата. Подготовки, планови, записници... Секој наставник или професор треба да пишува годишен план за работа, да води тематско процесно планирање, да има дневни подготовки за часовите, да пополнува свое портфолио, да пишува планови за консултативна и дополнителна настава, да пишува писмени записници од одржани родителски средби, како и од поединечни средби со родители. Секој наставник треба да има листа за проверка, на која секој ден треба да пишува буквално за секоја активност за секој ученик, на секој час. Освен што за сето ова губат премногу време на администрирање, мораат и освен во дневникот, часот да го запишат и во електронскиот дневник. Дека сето ова одзема енергија и време, за наставникот да е способен потоа да го предаде материјалот на час како што треба, претседателот на СОНК разговарал со министерот за образование и наука Панче Кралев. - Добивме ветување дека овие проблеми ќе се решаваат етапно. Наставниците навистина се растргнати. Од нив се бара и постојано да одат на семинари и на обуки. За секоја обврска мораат да имаат писмен доказ, оти тоа инспекторите го бараат кога прават увид за нивата работа. Законски од наставниците се бара 30 отсто од наставата да ја изведуваат на компјутер. Како тоа да се реализира кога има голем број училишта во кои не се употребуваат компјутерите поради различни причини? Во едно училиште немало струја, во друго немало Интернет, во трето, пак, се оштетени и не се користат. За сето ова не се виновни наставниците - вели Јаким Неделков, претседателот на СОНК. Тој вели дека и описното оценување во одделенска настава е проблем. - Родителите не знаат како да ги толкуваат речениците во свидетелствата на своите деца. Наставниците не смеат да напишат дека некое дете не знае, оти тоа ќе го натерало идната година да не учи. Затоа треба да се врати бројченото оценување, заради појасно согледување на усвоените знаења на учениците - смета Неделков. Нереални оценки Еден професор може во практиката воопшто да не е квалитетен, но ако има куп записници на хартија, ќе добие најмногу поени од просветниот инспектор и ќе важи за одличен работник, вели д-р Тамара Ќупева, професорка по македонски јазик во гимназијата „Oрце Николов“. - Инспекторите овие неколку дена доаѓаат во нашето училиште и буквално бараат хартија - тематски дневник, портфолио, планови, подготовки..., а никогаш не се земаат предвид мислењето и оценката за наставникот дадени од учениците. Времето што го трошам за сите тие административни работи прави да немам време да се подготвам за самиот час. Инспекторите бараат од нас нешто што реално не можеме го реализираме. Можеби во училиштата треба да има некакви администратори, кои би ги пишувале сите овие работи, наместо тоа да го правиме ние - реагира Ќупева. Во Министерството за образование и наука не беа достапни за одговор на прашањето, дали планираат да преземат нешто за да се реши овој проблем.
Што треба да
пишува секој наставник/професор?
- Годишен план за работа- Тематско процесно планирање - Неделно распределување на наставните содржини - Дневни подготовки - Портфолио - Планови за дополнителна настава - Писмени записници од одржани родителски средби и од поединечни средби со родители - Во листа за проверка ја запишува секоја активност на секој ученик, на секој час - Часовите, освен во дневник, ги внесува и во електронски дневник - Пишува најмалку 10 теста и наставни листови за едно полугодие - План и извештај за реализирани екскурзии - Води евиденција за плаќање екскурзии, ужинки, списанија |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Веста е прочитана: 4235 Оценка: 4,8 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
No comments:
Post a Comment