Детските комплекси – вие сте виновни
516 Читања
До 3 години
Да почнеме со тоа дека детето доаѓа на свет чисто како бел лист. И вие почнувате да пишувате врз него. Секое мало дете до 3 години е природно. Тоа не може да лаже, не размислува што ќе кажат луѓето. Не размислува дали е убаво, дали е умно, дали е добро облечено. Тоа едноставно се насладува на животот. Тоа е невино и простодушно.
3-4 години
Малку покасно започнуваат првите споредби и оценки. Во почетокот родителите почнуваат да споредуваат, после другите деца, учителките и .т.н. Во градинка детето само се споредува со другите деца. И ќе се стигне до моментот кога родителот или некој друг ќе каже: Види Јана какво прекрасно дрво нацртала, а ова твоево што е? Чкртаници! Ете така сосема неприметно се раѓа и започнува да расте комплексот за помала вредност кај детето.
Од каде почнува сето ова?
Додека возрасните не почнат да ги споредуват децата, покажувајќи им што е добро и што не, детето нема да научи да се споредува само. Но родителите често споредуваат со другите деца или помеѓу сопствените. Вие можете да укажете дека нешто не е добро сработено, но никогаш не велете дека другите умеат подобро од него. Тоа е убиствено за детската психа.
Како се појавува комплексот?
Родителите се „откажуваат“ од детето зошто не го прифаќаат такво какво што е, споредувајќи го со другите деца и давајќи му негативна оценка. Растејќи, детето се откажува од себе си. Се појавува тревога, немир, страв, срамежливост, затворена интровертна личност.
Ете тоа најчесто се случува со нашите деца. А тие имаат потреба пред се од љубов, а не само од стандардните грижи дали е нахрането, облечено, чисто и др.
Не пречете на децата да растат слободни, а не полни со сомнежи и комплекси.
odlicen napis, dosta poucen.Potrebna e vakva edukacija za roditelite.
So pocit,
Elisaveta
Your comment is awaiting moderation.