Tuesday, November 27, 2012

КОРИСНА УПОТРЕБА НА ИНТЕРНЕТОТ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ


Корисна употреба на интернет и на социјалните мрежи
Преку примерот  на Елисавета Смичкоска - Киковиќ

Секој десети шпанец над 65 години користи интернет, а овој податок одговара и на европскиот просек. Кај нас немаме конкретен податок, но евидентно е дека се повеќе и постарите  ја совладуваат информатичката технологија и се повеќе се врзуваат за интернет и за социјалните мрежи. Еве еден позитивен пример.
               Пензионерката Елисавета Смичкоска - Киковиќ од Скопје е Фејсбук пријателка на  многумина, а и моја, на големо задоволство. Она што ми падна во очи, а веројатно и на сите, останати, е големата активност на Елисавета, нејзините многубројни позитивни пораки, совети, обраќања до децата и возрасните, до нивните учители и воспитувачи. Тие даваат вистински струцни насоки, едуцираат, воспитуваат...
               Елисавета Киковиќ е самостоен педагошки советник . Работела на повеќе одговорни места, меѓу кои и во Министерството за образование и наука - Бирото за развој на образованието.
               Авторка е и на детска и стручна литература. Својата  благородна мисија  на образование и воспитување ја продолжува и денеска како пензионерка. Еден од начините, покрај нејзинста стручна литература која се применува во воспитно образовните институции,  за тоа е социјалната мрежа Фејсбук.
               -Госпоѓа Киковиќ, неодамна вашите Фејсбук пријатели ги прашавте, во што се состои смислата на животот? Дозволетеми во разговоров да тргнеме токму од ова прашање. Во што се состои смислата на животот и во овие поодминати години, и вашата конкретно?
( Елисавета)
1.Смисолот на мојот живот е да го гледам среќно и задоволно моето семејство, да ги гледам весели и разиграни децата за кои пишував и сеуште пишувам и да ја гледам безусловната лјубов и грижа на  родителите, блиските роднини, воспитувачите и наставниците за нашите деца – иднината на нашето општество.
               -Вие често го истакнувате и значењето на љубовта. Велите, таа е водилка кон среќата.Важна е и за младите но и за повозрасните, зарем не? Со многу љубов вие им се обраќате на сите деца и возрасни, но и на сите членови на вашето семејство, на внуците, пред се.
2.Елисавета
Да, љубовта е емоционално силно чувство која човекот го насочува кон правење добри дела. Љубовта му помага на  човекот да се  стеке со квалитетна животна придобивка. Доброто со добро се враќа. Затоа го истакнувам значењето на маѓусебното почитување, сплотување, подржување, помагање,сакање... Така полесно и побрзо се напредува на секое животно поле.

               -Да се надоврземе и на уште една ваша силна порака од фејсбук која вели:
Се раѓаш - се радуваат
Умираш, тагуваат
Се радуваш ако зад себе оставиш свој пород...
Свои авторски дела...
Човечки добрини...
Добри спомени по кои ќе те спомнуваат.
(Елисавета)
3. Така е, човекот се помни до толку повеќе, доколку направил и оставил зад себе свој пород, добри дела, човечки добрини, добри спомени... Верувам дека моето семејство по добро ќе ме помни, ќе ме помнат генерациите кои читале и учеле од моите стручни дела, ќе ме помнат луѓето со кои соработував и соработувам и сега. Како потврда за ова се и изјавите на моите соработници и фб пријатели.
               Преку забава и едукација Елисавета Киковиќ ги потсетува и учи луѓето за тоа што е добро а што лошо, што е правилно, а што погрешно во постапките на децата и возрасните во секојдневието, ги советува поединците и групите според усвоените општествени вредности и идеали, ги учи на нормите на правилното однесување, истовремено  ги прилагодува според промените кои доаѓаат со текот на годините.
               -Вака ние го видовме вашиот ангажман на Фејсбук. Што претставува тоа за вас, лично?
4.(Елисавета)
Е, прво,  јас, ја совладувам новата интернет технологија, ја задоволувам мојата љјубопитност за  иновациите што ги нуди интернетот, ги надополнувам моите стручни сознанија со нови и со големо задоволство ги пренесувам на други лица кои непсредно работат со децата.Значи, и јас и другите взаемно се едуцираме.Човекот треба да учи, да биде активен со разни активности за да остане  ментално витален се додека е жив.
               -Позната сте и како авторка на стручна литература. На  кои теми?
5.(Елисавета)
4.Автор сум на изданија-стручна литература за предучилишни и училишни деца.
Автор сум на учебникот Математика и Работни активности по математика за прво одделение – деветолетка, Воведување во атематиката за деца од 4-5 год. и Воведување во математиката  за деца од 5-6 год”, “Детето  и околината”, “Другаруваме –игра-работа-учење” “Букварче, Боенки со разни содржини, главен и одговорен уредник на детско списание Месечко и др.
               Елисавета Киковиќ е авторка и на поетски збирки: „ Детски свет- најубав цвет“,  Да другарувме – размислуваме”, “Стихобоенка “. Рецензентот за  нејзино дело кажал: „ Авторката на збирката не само што го познава тој свет на децата, туку храбро и длабоко нурнува во неговите тајни. Потоа, преточувајќи ги низ топли и едноставни песнички, низ разновидни теми и содржини им го сервира  во листата на знаења и го прави оној нужен, докажан чекор во воспитанието и образованието, да го задржи вниманието на детето со она што не е апстрактно, туку секојдневно, на дофат на раката, окото, увото...“
               -Што вие ќе ни издвоите за вашето творештво, за  поетските пораки до најмладите?
(Елисавета)
6.Основна порака е децата да  стекнат навика за слушање, читање  и расказување на проза и поезија, разгледувањеи- читање, раскажување  на сликовници, книги... Не само што на памет ќе ја научат стихотворбата, битно е да ја сфатат пораката на поетот. Потоа, самостојно да творат опишуваќи разни настани. Значи, треба да се негува и развива љубов кон книгата.Книгата е прозорец кон светот.
               -Вие често ја поттикнувате и креативноста кај децата и возрасните. Колку е таа важна?
(Елисавета)
7.Креативноста е многу важна активност.Таа мисловно и емоционално го поттикнува човекот да се развива и движи само напред, да се радува на новите креации. Креативноста човекот го прави поприемчив, следи идеи, а таа – идејата идеја раѓа.Така личноста креира, создава нови креации, самиот се збогатува со нови сознанија,се стекнува со нови искуства, а воедно искуството го збогатува знаењето и искуството на соработниците.
               -Секое ваше обраќање носи некоја порака. Па ќе ве замоламтака и да го завршиме разговоров. Што ќе им порачате на нашите читатели, на луѓето од третата доба?
(Елисавета)
8.Животот е река која низводно тече, дали мирно, со  помали или поголеми бранови ќе зависи само од нас.Затоа, драги мои читатели од трета доба, ширете позитивна енергија, другарувајте со повеќе луѓе, прифаќајте ги иновациите,еве, и преку фејзбук, Комуницирајт  не само со луѓето во Вшата блиска околина, туку и пошироко. Осмислувајте го Вашиот живот,правете план за поквалитетно живеење. Така, ќе останете  подолго пофлексибилни, ментално и емоционално посилни и поприфатливи во средината во која живеете.
Ви ја честитам Новата 2013 година и Ви посакувам многу здравје, радост и благосостојба.
ЦВЕТАНКА ,ЕВЕ, ЈАС ОДГОВОРИВ НА ВАШИТЕ ПРАШАЊА. МИСЛАМ ДЕКА Е ДОБРО. АКО ВИ ТРЕБА УШТЕ НЕШТО ЌЕ МИ КАЖЕТЕ. СЛИКА ВИ ПРАТИВ ПРЕКУ ФБ,ПОЗДРАВ. ЈАВЕТЕ МИ ДАЛИ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ОДГОВОРИТЕ.
ТАМУ КАДЕ СТОИ МОЕТО ИМЕ И БРОЈКИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИЗБРИШИТЕ.
                                                                                                                Цветанка Илиева

No comments:

Post a Comment