Monday, November 12, 2012

ANGLO AMERIKANSKO UCILISTE


Добредојдовте на веб страната на Англо Американско Училиште

Англо Американското Училиште е приватно основно и средно училиште кое нуди настава за ученици од предшколска возраст до четврта година средно училиште. Наставата се изведува на англиски и македонски јазик. Наставните програми на англиски јазик се изведуваат по американска програма која се изведува во сите интернационални училишта ширум светот. Програмите кои се изведуваат на македонски јазик се соодветни на програмите кои се остваруваат во јавните училишта во Република Македонија.

За школото

Англо Американското Училиште е отворено со одобрение од Владата на Република Македонија со број 19-3693/1 и верифицирано од Министерството за Образование на Република Македонија со број 11-960/7. Училиштето е и член на Асоцијацијата на училишта од централна и источна Европа (Central and East European Schools Association – CEESA).
Училиштето е целосно акредитирано од Меѓународната Организација за Акредитација (IAO) www.iao.org. Меѓународната Организација за Акредитација (IAO) е меѓународна образовна агенција која работи за подобрување на стандардите на образование од целиот свет. IAO го должи својот успех на неговата силна мрежа а тимот за акредитација има професионалци во над 25 земји низ целиот свет. IAO, исто така, соработуваше со регионалните тела за акредитација да ја дополни својата строга акредитација со својата експертиза на стандардизирање на образовна средина на меѓународно ниво. Експертиза на IAO и услугите се исто така признати од страна на различни глобални здруженија за акредитација. www.iao.org

Учебна година

Учебната година почнува на 1ви Септември и завршува на 10ти Јуни. Зимскиот распуст трае три недели во месец Јануари. Неучебни денови се сите државни празници. Нови ученици се примаат и во текот на учебната година.
We look forward to hearing from you!

No comments:

Post a Comment