Monday, September 14, 2015

SRECEN DEN NA TATKOVCITE! KAKVI TATKOVCI IMA... HA,HA,,.

Денот на таткото е ден кога се слави посебната врска која постои меѓу таткото и неговите деца, ден кога им се оддава почит на татковци, ден кога им се заблагодаруваме за нивната безусловна љубов и нивната пожртвуваност за благосостојбата на нивните семејства. Но ова е ден и кога им се заблагодаруваме и на сите оние кои имаале татковска улога во нашите животи.
Татковците имаат незаменлива улога во животот на децата. Улога на заштитник, учител, и пријател.
Тие ги учат децата на многу основни работи од животот, но што е уште поважно тие исто така им пренесуваат на своите деца фундаментални општествени вредности како напорна работа, почит, искреност и одговорност.
Секој грижлив татко се труди да им го даде најдобро од себе и да создаде убава иднина за своите деца. Тој безусловно ги сака своите синови и ќерќи.
Преку нивните зборови, дела и жртви, татковците играат голема улога во формирањето на карактерите на нивните деца. Времето и вниманието што таткото го дава на децата е незаменливо.
Татковците имаат круцијална улога во животите на нивните деца со предавањето на  вредности кои им помагаат на децата да израснат во одговорни луѓе. Со давањето на добар пример татковците им помагаат на децата да постават добри животни темели кои ќе им овозможат донесување на мудри одлуки во текот на нивниот живот. Тие треба да се стремат да ги инспирираат своите деца да водат чесни и исполнети животи и постојано да им даваат љубов и подршка која им е потребна за да ги исполнат нивните соништа.
Таткото преку здрав развој на детето, влијае и на цврстината на семејството како фундаментална општествена институција и на стабилноста на самото општество.
Иако не е толку поппуларен, можеби еден ден овој празник ќе заживее и ќе го достигне сјајот на 8 ми март (денот на мајката).
Честитки до сите татковци!




















No comments:

Post a Comment