6
сеп
2015
Лиснати сирењачи
Лиснато со сирење е одличен викенд појадок, кој одлично оди со чаша јогурт или кисело млеко.
Подготовка
1. Квасецот го мешаме со 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно во шоља млеко и го оставаме да се активира.
2. Го замесуваме тестото заедно со сите состојки за тесто, па го делиме на 20 топчиња. Секое топче го расукуваме и го мачкаме со путер кој ни бил на собна температура, па малите кори ги редиме една врз друга, а последната ја оставаме ненамачкана. Ги оставаме да постојат вака околу 20 минути.
За тоа време го подготвуваме филот.
3. Рендаме сирење и кашкавал па го мешеме со кисела павлака и јајце.
4. Расукуваме голема кора со дебелина од 5 мм. Со чаша или калапче за круг сечеме кругови, па на половина од круговите им сечеме прстени со помала чашка.
5. Круговите ги премачкуваме со разматено јајце, па ги ставаме прстените врз нив. Во средината ставаме од филот.
6. Секоја сирењача ја премачкуваме со јајце и посипуваме сусам или ким. Додека да се загрее рерната ги стасуваме.
7. Печеме во загреана рерна на 220 степени.
И кругчињата кои сме ги извадиле од прстените ги премачкуваме со јајце и ги посипуваме со сусам, па ги печеме.

Забелешка
Мене ми отиде околу 550 мл млеко, зависи какво ви е брашното и која големина на јајца ќе употребите.
Путерот ако не е топло во просторијата кај што месиме, може да го разматите и со миксер за да ви биде побрза подготовката.
Остатокот од тестото го спојуваме, расукуваме кора и сечеме форми на долги или кратки стапчиња.

Лиценца: Сите права се задржани
14 коментари
- Многу вкусни, лични, одлични ...
- Vale, znaes kolku sum gladna momentalno:)
- Кате, моментално сакам да ти помогнам, да пратам по брза пошта, а ?! :):):):)
- Oooo draga moja i te kako dobro bi mi dosla pomos:)) frlaj fakam cela tepsija odednas:)
- хахаха...како летечки тањири ќе ти ги фрлам, како фризби...:)))
- ah kaj gi vidov i jas naednas ogladnev :)
- prekrasni! frli edno navamu! =)
- хахаха...Аурора ти фрлам, ја фатиии?! :):):)
- Sis imam zapisano vakvi slicni ama so kompir vo testoto pisani mi se kako kompir pogacki ce mora i ovie i tie moite da gi probam ODLiCno!!!
- Е па Мацо, да ги видиме и твоите во скоро:...:)
- Mnogu ubavi :)
- Ви благодарам, стварно се вкусни:)
- Јас се сложувам со сите убави коментари погоре. Ама, морам да прашам... сирењаЧи е од брзање пишано или пак кумановски дијалект влечи?
- Бетче, вистина дека личи на кумановски дијалект, ама до четврто примавме ужинка нели во училиште и во еден од тие оброци беа вклучени и сирењачи, така ги викаа сите...по скопски:):):)
Треба да бидеш најавен за да оставиш коментар.
Биди вистински пријател и сподели
Клучни зборови
Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B0%D1%87%D0%B8/#ixzz3lSjDG3SI