Monday, March 3, 2014

SL VESNIK NA RM BR 28 OD O6.O2.2014 GOD STANDARDI ZA DEJNOSTA MIN ZA TRUD I SOC POLITIKA

Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
1 од 59
20140280948
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Врз основа на член 100 став (4) од Законот за заштита на децата („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 23/2013 и 12/2014), министерот за труд и социјална политика,
донесе
ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИТЕ И НОРМАТИВИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА
НА УСТАНОВИТЕ ЗА ДЕЦА
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишуваат стандардите и нормативите за вршење на дејноста
на установите за деца: детска градинка, центар за ран детски развој и детско одморалиште.
II.СТАНДАРДИ ЗА РАЗВИЕНОСТ НА УСТАНОВИ ЗА ДЕЦА И БРОЈ НА ГРУПИ НА
ДЕЦА
Член 2
(1) Основен стандард за развиеност на детските градинки/центар за ран детски развој е
вкупниот број на згрижени деца организирани во соодветен број на згрижувачко воспитни
групи (хомогени, хетерогени, комбинирани и други) согласно со одредбите на Законот за
заштита на децата, е установа со:
- мал капацитет
- среден капацитет и
- голем капацитет
(2) Со мал капацитет е детска градинка/центар за ран детски развој која може да
организира од најмалку три до најмногу девет групи.
(3) Со среден капацитет е детска градинка/центар за ран детски развој која може да
организира од најмалку десет до најмногу 20 групи.
(4) Со голем капацитет е детска градинка/центар за ран детски развој која може да
организира повеќе од 20 групи.
(5) По исклучок од став (1) алинеја 1 на овој член, за приватни детски градинки/центри
за ран детски развој, како и за јавни детски градинки/центри за ран детски развој, односно
објекти на јавни детски градинки во рурални средини минималниот број на групи се
определува на две групи.
(6) Јавна детска градинка/центар за ран детски развој, одделни услуги од својата
дејност може да организира во други просторни услови (основно училиште, болница, дом
на култура, месна заедница и други установи и објекти) за што може да формира една до
две групи.
(7)Детските одморалишта според капацитетот се класифицираат во три групи:
- мали, со капацитет од 80 до 120 легла;
- средни, со капацитет над 120 до 200 легла;
- големи, со капацитет над 200 легла.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
2 од 59
III.СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА НАМЕНСКИ ГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА
ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
1. Просторни услови и санитарно хигиенски услови
1.1. Просторни услови
Член 3
Во просторни услови се вклучени: локација, земјиште, пристап и паркинг, економски
двор и објекти на детската градинка.
1.2. Локација
Член 4
(1)Локација е урбанистичка парцела која го обезбедува изградениот и слободниот
простор на земјиштето.
(2)При избор на локацијата на земјиштето треба да се има предвид:
- на децата да им се обезбеди најмалку 25 м2 земјиште, а по исклучок не помалку од 15
м2 ако во непосредна близина на објектот има развиена зелена површина која ќе се
користи за игра на децата;
- локацијата треба да е приклучена на постоечката инфраструктура;
- ако нема постоечка инфраструктура или е недоволно димензионирана, истата треба да
се обезбеди;
- на детето треба да му биде обезбедена сигурност на патот до објектот на детската
градинка како и до рекреативните и парковните површини, вклучувајќи го и целото
земјиште на објектот;
- локацијата на земјиштето треба да биде заштитена од бучава и концентрација на
штетни материи во воздухот, кои не ги надминуваат дозволените рамки пропишани за
станбени населби.
1.3. Земјиште
Член 5
(1) Земјиштето на објектот за детска градинка се диференцира на:
1). изграден дел-површина под објекти и
2). отворен дел, составен од:
- површини за игра –игралиште;
- зелени површини;
- пристапи, паркинг и економски двор
(2) Отворениот простор на игралиштето опфаќа површина од 15 м2 по дете, а по
исклучок и помалку ако во непосредна близина има зелени површини кои може да се
употребуваат за игра.
(3) Игралиштето треба да биде организирано така што на децата да им овозможи
разновидни активности, социјални интеракции и индивидуално повлекување во
согласност со програмите на детската градинка.
(4) Игралиштето треба да биде опремено со наједноставни до сложени единици за игра,
така што на секое дете ќе му биде овозможено 1,5 место за играње.
(5) Површините за игра и зеленило треба да бидат јасно дефинирани и обликувани и да
создадат посебни амбиентални целини.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
3 од 59
(6) Обработката на површините да биде од материјали што не се лизгаат (асфалт во
боја, бехатон плочи, дрвени коцки, тула и др.)
(7) Игралиштето треба да има сончева положба, од исток до југо-запад, заштитено од
ветер и да поседува природни (при изградба на објектот да се засадат дрва) и вештачки
сенки.
(8) Зелените површини се интегративен дел на игралиштето.
(9) Игралиштето треба да биде заградено со ограда висока најмалку 1,20м.
1.4. Пристап, паркинг и економски двор
Член 6
(1) Пристап претставува приод или влез со пешачки патеки, паркинг простор и
економски двор и се однесува на:
- пешачки патеки – служат за совладување на растојанието помеѓу улицата и влезот на
објектот и истите треба да се безбедени и заштитени, поплочени или асфалтирани, но да
се избегне лизгавоста и хортикултурно да се обликуваат.
- паркинг простор служи за пристап на возила и не треба да ја попречува редовната
активност на децата.
(2) Согласно прописите за противпожарна заштита (ППЗ) потребно е просторот за
противпожарно возило (ПП возило) како и за друго ургентно возило да биде со широчина
од најмалку 3 м. За деца кои до објектот се донесуваат со возило, треба во близина на
објектот да се предвиди простор за паркирање, при што да не се загрозува пешачкиот
приод.
- економски двор треба да овозможи директна врска со просторот за приготвување
храна и просториите за перење и греење и истиот треба да има добри врски со
сообраќајницата.Големината на економскиот двор треба да одговара така да е можно
пристап и вртење на лесни транспортни возила, паркирање, како и поставување на депо за
отпадоци (контејнери) и цистерна за гориво.
(3) Во објекти со котларница треба да има простор за гориво (тврдо или течно).
(4) Тврдото гориво се складира така што овозможува пристап на товарното возило до
окното за уфрлување.
(5) Окното треба да се затвори со решетки или заштитна мрежа.
(6) Течното гориво се чува во цистерна согласно прописите за складирање и заштита од
запаливи течности и гасови.
(7) До цистерната треба да се обезбеди пристап на возило за преточување на горивото.
Објект- изграден дел
Член 7
(1) Објектот на детската градинка треба да биде изграден согласно техничките прописи
и стандарди за градба на објекти.
(2) Објектот треба да биде така поставен да обезбедува сончева изложеност и
осветлување.
(3) Просториите за престојување на децата треба да бидат ориентирани од исток до
југозапад.
(4) Нормираната нето изградена површина на објектот е во зависност од бројот на
групите и возрасниот состав на децата.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
4 од 59
(5) Детската градинка треба да има најмалку еден објект како организационен облик и
капацитетот на еден објект, да не биде поголем од девет групи, и не помал од две групи
ако згрижува деца од различни возрасни групи.
(6) Објектот треба да биде на приземје или да има најмногу приземје и кат.
(7) Кога објектот на детската градинка има и кат, на катот треба да бидат сместени деца
на возраст до две години и дел од административните и стручните простории.
(8) Просторот во објектот треба да биде димензиониран и обликуван функционално и
естетски, во согласност со возраста на децата.
(9) Организацијата на просторот треба да овозможи разновидни активности и тоа:
програмирани, спонтани, заеднички и индивидуални како и оптимална поврзаност и
прегледност.
IV. ПРОСТОРИ НА ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
1. Простории
Член 8
Објектот ги содржи следните простори:
- простори за деца по возрасни групи;
- заеднички простори;
- простори за комуникација;
- простори за стручен кадар;
- администраривни простории и
- економско-технички простории.
1.1. Простори за деца по возрасни групи
Член 9
(1) Објектот од простори за деца треба да има занимална со сопствени придружни
простори за секоја возрасна група, заеднички повеќенаменски простор и дополнителен
простор за творечки активности.
(2) Објектот треба да има доволно внатрешна површина за игра на децата, и тоа: за
објекти до три групи, димензинорани со 4,0 м2 по дете, односно 3,0 м2 по дете над три до
девет групи.
(3) Внатрешната површина за игра ја вклучува целата слободна површина наменета за
различни активности на децата.
Член 10
(1) Просторите за деца за секоја возрасна група треба да содржат:
- занимална
- гардероба;
- санитарни простории;
- отворена занимална– тераса
(2) Заеднички простории за деца се:
- повеќенаменски простор;
- работилница;
- просторија за изолација;
- просторија за индивидуална работа и
- санитарна просторија за игралиштето или дворот.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
5 од 59
1.1.1.1. Занимална
Член 11
(1) Занималната е просторија, непосредно поврзана со повеќенаменскиот простор, со
можност за нивно интегрирање.
(2) Занималната овозможува згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, одмор и
други активности и истата е со површина од најмалку 40,0 м2 и височина од 2,80 м.
(3) Занималната за група деца на возраст до две години е со димензии од најмалку 3,5
м2 по дете и 9,0 м2 површина потребна за нега, односно санитарни простори.
(4) Пултот за преповивање и нега на децата е интегрален дел на внатрешниот пејсаж на
занималната.
(5) Занималната за групата деца на возраст над две години до шест години, односно до
поаѓање во основно училиште, за децата со умерени пречки во развојот како и за децата
до десет години возраст се димензионира со 2,4 м2 по дете.
(6) Занималната од став (5) на овој член треба да овозможи игра на целата група деца во
круг, игра во помали групи и индивидуална игра.
(7) За вклучување на деца со лесни пречки во развојот во занималните треба да се
овозможи поставување опрема и помошни средства за нивно непречено движење во
зависност од видот на попреченоста.
(8) За групата деца со умерени пречки во развојот, занималната треба да овозможи
поставување на опрема во зависност од видот на попреченост.
1.1.1.2. Гардероба
Член 12
(1) Гардеробата е простор којшто овозможува премин од комуникацијата во
занималната. Се димензионира со минимум 8 м2 површина.
(2) Гардеробата со тријажа на групата деца на возраст до две години се поставува како
хигиенски филтер помеѓу влезот и внатрешноста на објектот.
(3) Просторот и опремата треба да овозможат одвојување од чистиот дел, односно
патот на родителите со деца да е посебен од патот на негователскиот кадар кој го презема
детето.
(4) Просторот треба да е слободно поставен во однос на комуникациите и да е со
обезбедено загревање, со површина од намалку 12м2 за една група деца, односно од
најмалку 14м2 за две или повеќе групи деца.
(5) Просторот помеѓу елементите на опремата, треба да биде широк од најмалку 100 см,
односно 120 см за децата со умерени пречки во развојот.
1.1.1.3. Санитарни простории
Член 13
(1) Санитарните простории за групите деца на возраст над две години треба да бидат
сместени во поодделни простори и тоа: простор за мијалници и простор со тоалет шолји.
(2) Санитарните простории за групите деца над две години до шест години односно до
поаѓање во основно училиште, треба да имаат минимум 10 м2 за секоја група одделно,
или најмалку 18 м2 ако се користат за две групи.
(3) Санитариите за деца над четири до шест години треба да бидат разделени на
простор за мијалници и простор со тоалет кабини, со димензии 80/110 см.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
6 од 59
(4) Санитариите треба да имаат адаптирани тоалет кабини за деца со умерени пречки во
развојот со минимум 12 м2.
(5) Вратите на санитарните кабини треба да се отвораат према надвор.
(6) Диспозицијата на санитарните простории за групите деца на возраст над две години
до шест години да биде таква, да овозможува излез од занимална кон игралиштето или
дворот и обратно, функционирајќи како санитарно-хигиенски пропусник.
1.1.1.5. Отворена занимална – тераса
Член 14
(1) Отворената занимална - тераса се димензионира со 1,5 м2 по дете, или најмалку со
површина од 24 м2 и истата треба да биде заштитена од временските влијанија и директно
поврзана со занималната.
(2) Светлосната широчина на вратата помеѓу занималната и терасата, треба да изнесува
најмалку 90 см.
(3) Ако отворената занимална е поставена на терен, истата се заштитува со ограда
висока 80 см. и со врата се поврзува со игралиштето.
(4) Во другите случаи, оградата изнесува 120 см. и се изведува како полна или
транспарентна со вертикално поставени пречки, со меѓусебно растојание од максимум 8,5
см.
1.2. Заеднички простори
1.2.1. Повеќенаменски простор
Член 15
(1) Повеќенаменски простор е простор во средишниот дел на градинката, наменет за
заеднички активности на децата, воспитувачите, негователите, стручните работници,
стручните соработници, родителите, како што се: свечени манифестации, сценски
претстави, изложби и друго и се димензионира со 1,0 м2 по дете, а не помалку од 60,0 м2
површина.
(2) Повеќенаменскиот простор кога презема и функција на просторија за спортски
активности, површината се зголемува и изнесува најмалку 80 м2.
(3) Повеќенаменскиот простор треба да поседува остава за сместување на спортски и
други реквизити.
1.2.2. Работилница (просторија за творечко
креативни активности)
Член 16
Објектот може да има и работилница како дополнителен простор за творечки
активности и работно воспитување на децата од различни возрасни групи (музичко
воспитување, ликовно изразување, пластично обликување, припрема на оброци и сл.) и
треба да биде со минимум површина од 30 м2.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
7 од 59
1.2.3. Просторија за изолација
Член 17
Просторијата за изолација е со површина од најмалку 6,0 м2 и е наменета за тукушто
разболено дете, одделена од просториите за престој, меѓутоа треба да е поврзана со
простор во кој постојано присуствува вработено лице.
1.2.4. Просторија за индивидуална работа
Член 18
(1) Објектот може да има и просторија за индивидуална работа со деца кои имаат
потреба од советување или помош, со најмалку 8 м2 површина.
(2) Просторијата од став (1) на овој член може да се користи за работа на
советувалиште за деца и родители.
1.2.5. Санитарна просторија за игралиштето
Член 19
(1) Од површините за игра на отворено, треба да се овозможи лесен пристап до
санитарните простории.
(2) Ако предвидените санитарни простории за занималните не овозможуваат лесен
пристап, потребно е да се предвидат нови санитарни простории.
(3) Просториите од став (2) на овој член се со површина од најмалку 2,0 м2 за две
групи, односно 4,0 м2 за повеќе од две групи.
1.3. Простори за комуникација
Член 20
(1) Комуникациите треба да бидат јасни и рационални, да овозможат лесна и
едноставна ориентација на децата во просторот и нивна ефикасна евакуација во случај на
паника.
(2) Во простори за комуникации спаѓаат: влез со настрешница и ветробран, ходници,
скали, пристапни рампи и сл.
(3) Влезот во објектот и пристапот до просториите за деца треба да бидат без
архитектонски бариери.
(4) Влезот со ветробранот треба да биде така димензиониран, да обезбеди чување
детски колички.
(5) Ходниците треба да бидат со минимална широчина од 120 см., кога се исклучиво
наменети за основната функција.
(6) Ако ходниците добиваат и друга намена, широчината се зголемува на 180 см. при
гардеробирање, односно 240 см. и повеќе за внесување различни активности на игра.
(7) Ходиниците од ставовите (5) и (6) на овој член треба да бидат без архитектонски
бариери.
(8) Ако во објектот на градинката има скали кои ги користат и децата, скалишниот крак
се димензионира со широчина од 130 см. и дополнителна ограда со височина од 60 см.
(9) Скалилата треба да бидат со височина од 14 см.
(10) Максималниот агол на пристапните рампи, треба да изнесува 1:12 (8,33%).
(11) Ако објектот на градинката има кат, се препорачува вградување лифт, со димензии
на кабина 100/130 см.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
8 од 59
(12) Просториите за деца од групите деца на возраст до шест години, односно до десет
години можат прилагодени да се користат за хетерогени и комбинирани групи.
1.4. Простории за стручен кадар
Член 21
(1) Заедничката просторија за стручен кадар треба да овозможи работа и во помали
групи и се димензионира во зависност од вкупниот број воспитувачи - негователи, а не
помалку од 12,0 м2 површина.
(2) Кабинетот за заеднички методски средства и помагала, треба да биде непосредно
поврзан со просторијата за стручни работници, и стручни соработници.
(3) Димензионирањето на кабинетот од став (2) на овој член се определува во зависност
од бројот на групите, а не помалку од 9,0 м2 површина.
(4) Кабинетот може да служи и за индивидуална работа и подготовка на воспитувачите.
(5) За мобилната опрема и играчките за отворениот простор, се предвидува остава со
површина од најмалку 5,0 м2.
(6) Санитарните простории содржат претпростор со мијалници и тоалет кабини (еден
мијалник и една тоалет шолја за 10 вработени).
1.5. Административни простории
Член 22
(1) Во објектот во кој е и седиштето на детската градинка, а во зависност од
развиеноста на детската градинка може да ги има и следните простории:
- Канцеларија на директорот, со површина од најмалку 15 м2;
- Две канцеларии за стручни работници и стручни соработници, со површини од
најмалку 12 м2;
- Канцеларија за лекар, виша медицинска сестра, со површина од најмалку 10 м2;
- Две канцеларии за администрација, со најмногу по три работни места, со површина
најмалку 12 м2;
(2) Работниците сместени во просториите од став (1) на овој член ги користи
санитарните простории од член 21 од овој правилник.
1.6. Економско - технички простории
Член 23
(1) Економско-технички простории треба да имаат посебен влез, диференциран од
пешачките пристапи во градинката.
(2) Објектот треба да има соодветен простор за кујна, во која треба да се обезбеди:
груба подготовка, фина подготовка (месо, зеленчук, овошје), ладна кујна, термичка кујна,
подготовка на слатки, миење садови, прирачен магацин, рампа за издавање на храна,
димензионирана според бројот на оброците и тоа:
- до 100 оброци 0,5 м2 по оброк, а не помалку од 25,0 м2;
- од 100-150 оброци 0,3 м2 по оброк.
(3) Ако кујната подготвува храна за повеќе објекти на градинката, односно станува збор
за централизирана исхрана, кујната се димензионира според бројот на оброци и тоа:
- од 150-300 оброци 0,25 м2 по оброк;
- од 300-500 оброци 0,20 м2 по оброк,
- над 500 оброци 0,18 м2 по оброк.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
9 од 59
(4) Посебни простории и опрема за потребите на кујна:
- Санитарии со туш и гардероби
- Магацин со потребна опрема од полици, палети, ладилник, ладилник за длабоко
замрзнување.
(5)Ако објектот користи услуги од надвор, од централната кујна на градинката, односно
од кујна на друг објект, може да има само дистрибутивна кујна, димензионирана со
површина од најмалку 15,0 м2.
(6) За потребите на дистрибутивна кујна треба да има мал прирачен магацин.
(7) Млечна кујна се предвидува за групите деца на возраст до две години.
(8) Млечната кујна од став (5) на овој член е со површина од:
- најмалку 8,0 м2 за една група, односно
- најмалку 12,0 м2 за повеќе од една група;
(9) Кога истата е лоцирана на кат, се предвидува хидраулична платформа, поврзана со
кујната.
(10) Кога објектот има сопствена кујна, треба да се предвиди гардероба, туш и тоалет
кабина за персоналот, со површина од најмалку 5,0 м2.
(11) Објектот треба да има и магацин за храна, магацин за инвентар и облека,
димензионирани секој одделно со површина од најмалку 4,0 м2.
(12) Во објектот треба да се обезбеди просторија за прифаќање нечиста постелнина и
облека, сортирање и перење, со површина од најмалку 5,0 м2.
(13) Просторија за пеглање, шиење и складирање, се димензионира со површина од
најмалку 10,0 м2, гардероба и санитарен јазол.
(14) Хигиенскиот шпајз треба да обезбеди простор за чување прибор и средства за
одржување хигиена и е со површина од најмалку 2,0 м2.
(15) При сопствено централно греење (на течно или цврсто гориво), се предвидува
просторија, чија површина се определува според важечките нормативи за вакви простори,
односно просторија за топлотна потстаница.
2. Санитарно хигиенски услови
Член 24
(1) Сите градежни материјали и вградени инсталации, треба да ги задоволуваат
важечките технички услови и стандарди во однос на конструкцијата, противпожарната
безбедност, топлотната и звучна изолација, заштита од влага и енергетската ефикасност.
(2) Еколошката и хигиенската безпрекорност на вградените материјали треба да е во
согласност со прописите за градежни производи, за намената за која се предвидени.
V. СТРУКТУРНИ ЕЛЕМЕНТИ, МАТЕРИЈАЛИ
И ИНСТАЛАЦИИ
1.1. Подови
Член 25
За изведбата на подовите и изборот на материјалите, треба да се има во предвид
следното:
- подконструкцијата на подовите треба да е во согласност со прописите за овој вид
објекти;
- материјалите за обработка на подовите треба да бидат тврди, отпорни на абење,
нелизгави и лесни за одржување;
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
10 од 59
- за занималната, материјалите за подот треба да бидат природни, топли и нијансирани
со светли тонови;
- материјалите за завршна обработка во просториите каде се употребува вода
(санитарни простории, кујна, перална, котларница), треба да бидат нелизгави, коси, со пад
кон подните сифони, спротивно од пристапот кон нив, а кај отворените занимални
(тераси), падот да биде од внатрешните ѕидови кон надвор.
1.2. Ѕидови и тавани
Член 26
(1) Ѕидовите во занималните и гардеробите до 1,20 м., треба да бидат обработени со
градежни материјали кои даваат чувство на топлина и се отпорни на механичко
оштетување.
(2) Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите со
височина од 210 см. треба да бидат обложени со керамички плочки, или друг вид
градежен материјал кој е водонепропусен, постојан и лесен за одржување со течни
средства за дезинфекција.
(3) Внатрешните ѕидови и другите видови прегради, не треба да се застаклуваат во
височина на 1,00 м. од подот.
(4) За да се обезбеди визуелна поврзаност на поодделните простории за деца и
комуникациите, се препорачува употреба на фиксни транспарентни отвори во преградните
ѕидови, со парапет 0 см, со употреба на некршливо стакло, поликарбонати и сл., со цел да
се обезбеди контрола на корисниците.
(5) Во просториите за деца, сите истакнати агли на ѕидовите треба да бидат заштитени
со аголни заоблени лајсни во височина најмалку до 1,00 м. од подот.
(6) Ѕидните огледала треба да бидат заштитени со фолија на задната страна, за да се
спречи повредување на децата, доколку се скршат.
(7) Ѕидните огледала од став (6) на овој член треба да бидат поставени на височина
од 1,00 м. од подот.
(8) Во просториите за спортски игри, односно физички активности на децата, ѕидовите
и аглите на другите архитектонски елементи во просторот, треба да бидат обработени со
градежни материјали што го апсорбираат звукот од ударите и се отпорни на механичко
оштетување, во височина од 1,60 м. од подот.
1.3. Прозорци
Член 27
(1) Прозорските парапети во занималните, сместени во приземјето, се на височина од
минимум 60 см., а во занималните на кат минимум 90 см.
(2) Прозорските крила кои се отвораат во просторот, треба да бидат на височина
минимум 1,25 м. над подот.
(3) Најмалку 30% од прозорските крила треба да овозможат отворање по хоризонтална
и вертикална оска.
(4) Површините на таваните треба да се мазни и светли, со минимална рефлексија.
(5) Прозорците можат да бидат изработени од дрво или друг материјал со
термоизолирани профили и термоизолационо стакло.
(6) Во просторијата за гимнастика, прозорците треба дополнително да бидат
обезбедени од удари.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
11 од 59
(7) Во сите простории за деца и во просториите во кои подолго се задржуваат
вработените, да се обезбеди засенување на прозорците .
(8) За прозорците на кат, треба да се обезбеди заштита од паѓање на децата.
1.4. Врати
Член 28
(1) Надворешните влезни врати треба да бидат обезбедени од надворешни влијанија со
стреи, натстрешници, тремови и сл.
(2) Влезните врати и вратите во ветробраните треба да функционираат со автоматско
затворање.
(3) Вратите во просториите за деца од страната на шарките, треба да бидат заштитени
од повреда на прстите.
(4) Сите крила на вратите во просториите за деца, треба да се отвораат кон излезот од
објектот.
(5) Сите врати во објектот треба да бидат без прагови.
(6) Влезната врата и вратите во просториите за деца, треба да бидат со најмалку 90 см.
за еднокрилни, односно 130 см. светла широчина за двокрилни врати.
(7) Вратите во економските простории, како што се кујна, перална и котларница, треба
да имаат светла широчина најмалку 120 см., заради внесување опрема.
1.5. Осветлување
Член 29
(1) Осветлувањето на занималните треба да биде рамномерно распространето.
(2) Длабочината на просторот не треба да биде поголема од дваипол пати на височината
од подот до горниот раб на прозорецот, или во спротивно, просторот треба да биде
осветлен од две страни.
(3) Прозорските отвори во занималната, не треба да бидат помали од 1/5 од површината
на подот.
(4) Површини кои предизвикуваат силна рефлексија треба да се избегнуваат.
(5) Освен природното, како дополнително осветлување се користи вештачкото
осветлување.
(6) За занималните треба да се обезбеди просечно осветлување од 300 лукса.
(7) Се препорачуваат флуоресцентни извори на светлина, со топла и бела боја на
светлината.
(8) Светлосните тела во спортските занимални, треба да бидат заштитени од удари на
топка и други предмети.
1.6. Загревање
Член 30
(1) Просториите за деца треба да бидат подеднакво загреани и тоа:
- на 20оС во просториите за деца;
- на 23оС во просториите за нега на децата до три години;
- на 18оС до 19оС во спортските занимални
(2) Во просториите за деца, грејните тела треба да бидат заштитени, така да греењето не
се намали, а заштитните маски да бидат демонтажни заради одржување на хигиена.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
12 од 59
(3) Ако градинката е приклучена на мрежа со режим на загревање, за преодните
годишни времиња во просториите за децата во зависност од потребите треба да се
предвиди дополнително загревање или ладење.
(4) Печки на тврдо гориво и плинските печки не треба да се користат.
(5) Инфра печките треба да бидат прикачени толку високо за да не можат децата да ги
дофатат односно најмалку 1,80 м. над подот.
(6) За радијаторите треба да се користат термостатски радијаторски вентили.
1.7. Проветрување
Член 31
(1) Сите простории во објектот на градинката треба да бидат природно проветрувани.
(2) Проветрувањето во просториите за деца треба да биде уредно, во согласност со
важечките технички прописи, при што брзината на движењето не смее да надминува 0,2
м/с.
(3) За гардеробите, санитарните простории, кујната и пералната потребно е
дополнително механичко проветрување.
(4) Во кујните, санитариите и просторите за нега, проветрувањето треба да биде така
решено на начин кој ќе оневозможи ширење на непријатна миризба во објектот.
1.8. Звучна заштита
Член 32
(1) Горните подни, ѕидните и тавански облоги треба да бидат од материјали кои ја
загушуваат бучавата.
(2) Инсталациите треба да бидат планирани така што ќе се спречи ширењето на звукот
низ просторите во кои престојуваат децата.
1.9.Топлотна заштита
Член 33
Најголем дозволен коефициент на топлотниот премин за полните надворешни ѕидови
на објектот, изнесува к 0,35 њ/м2 К.
1.10. Инсталации
Член 34
(1) Електричните приклучници треба да имаат вметната заштита и да бидат поставени
на 180 см. од подот.
(2) Во секоја занимална треба да има два електрична приклучника, кои се наместени на
спротивни страни.
(3) Прекинувачите треба да бидат наместени на таква височина, да ги досегнуваат
децата (1,20 м. до 1,30 м. од подот).
(4) На влезовите од објектот треба да се предвидат сензори за палење и гасење на
светилките.
(5) Објектот треба да има домофон и да биде приклучен со телофонска мрежа.
(6) До сите мијалници, кади и тушеви, треба да биде воведена студена и топла вода.
(7) Температурата на топлата вода кај мијалниците за деца и кај кадите и тушевите за
нега на децата треба да биде минимум 30оС, а не повеќе од 35оС.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
13 од 59
(8) Механизмите за плакнење на детските тоалет шолји треба да бидат достапни на
децата, без помош на персоналот.
VI. ОПРЕМА
1. Опрема за детска градинка
Член 35
(1) Опремата во просторот треба да одговара на намената на истиот. Опремата на
дневниот престој овозможува реализација на воспитни активности, јадење и спиење-
одмор.
(2) Просторот треба да се осмисли и прилагоди спрема детските развојни потреби за
читање сликовници, музички и ликовни активности, истражувачки активности, драмски
игри, игри со коцки и манипулативни игри и слично.
(3) Опремата и мебелот во детските градинки треба да бидат функционални,
преносливи, стабилни, направени од квалитетен материјал по можност природен, лесен за
одржување и со естетски изглед и прилагоден за возраста на децата.
1.1. Опрема во простории за деца
Член 36
(1) Просториите во кои се одвива згрижување и воспитување на децата, треба да бидат
уредени така да овозможат планирани, спонтани,заеднички и индивидуални активности.
(2) Вградената и мобилната опрема треба да овозможи лесна адаптибилност,
формирање катчиња и променлива употреба на просторот, согласно програмираните
содржини на градинката и психофизичките карактеристики на децата.
Член 37
Опрема во просториите за деца е:
а) за група деца на возраст до две години :
- гардеробна касета 40/30/40
- пулт за преповивање, со затворени полици во долниот дел и тоа со димензии
100/70/85 см.;
- мијалник со студена и топла вода;
- држач со леген со средства за дезинфекцирање;
- фиксно креветче со димензии 60/120/120 и оградичка висока 60 см. и растојание
помеѓу вертикално поставените пречки од максимум 8,5 см. (за деца до 18 месеци);
- мобилно креветче 55/120 см. (за деца над 18 месеци до две години);
- орман за детска облека, пелени, играчки, постелнина и др.;
- масички 80/80/40, со по четири столчиња (за деца над 18 месеци до две години);
- ограда за проодување;
- ограда за играње 150/150/60;
- корпа за сместување играчки;
- отворени полици за играчки;
- тврдо пресовани сунгери со дебелина 10 см., обложени со платно;
- столици за негователки.
б) за група деца на возраст над две до шест години/до десет години и со умерени
пречки во развојот:
- отворени закачалки со горна полица за одложување и касета за чевли во долниот дел;
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
14 од 59
- клупа за соблекување на чевлите со широчина 26 см., висина 38 см. и должина 15 см.
по дете;
- масички со димензии 80/80/48 (за деца на возраст над две до четири години);
- масички со димензии 80/80/56 (за деца на возраст над две до шест години и од шест до
десет години);
- столче со димензии 31/22/29 (за деца на возраст над две до четири години);
- столче со димензии 36/24/34 (за деца на возраст над четири до шест и од шест до
десет години);
- мобилно креветче 55/120 см. (за деца на возраст од две до четири години);
- мобилно детско креветче, со димензии 55/140 (за деца на возраст над четири до
шестгодини);
- плакар за подвижни креветчиња и постелнина, за објекти во кои одморот се остварува
во занималната;
- отворени полици за играчки со касета за секое дете;
- ормар за воспитни дидактички средства и за работно-игровни активности;
- фиксни и подвижни паноа;
- столици за воспитувач и негователка;
- огледало заштитено и прицврстено на ѕид, на 10-15 см. од подот;
- прегради и елементи за формирање на катчиња, со овозможена прегледност на
целокупниот простор.
в) За групата деца со умерени пречки во развојот во занималната се предвидуваат
соодветни реквизити во зависност од видот на попреченост, со претходна консултација од
соодветни стручни лица според видот на попреченоста .
1.2. Опрема на ниво на детска градинка
Член 38
Детската градинка треба да има:
- графоскоп,
- видео камера и
- систем за озвучување и појачало.
1.3. Опрема во повеќенаменски простор
Член 39
Повеќенаменски простор треба да се опреми со:
- мобилна бина;
- пијано со специјално столче;
- справи за раздвижување и физичко воспитување;
- ТВ апарат, музички систем, ДВД плеер;
- паравани за куклен театар или театар на сенки;
-центар за родители, опремено со клупска гарнитура и информативно пано;
- универзални поливалетни душеци;
- дрвени греди со различна широчина;
- рип стол;
- спортски реквизити и др.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
15 од 59
1.4. Опрема во работилница (творечко креативна просторија)
Член 40
Во работилницата се предвидува опрема во зависност од креативно творечките
активности:
- отворени полици за одлагање прибор и материјал за творење и креирање;
- две масички со по четири столчиња (димензии спрема возраста на децата);
- столица за воспитувач, неговател и родители
- мини детска кујна со приклучок на електрична и водоводна инсталација.
1.5. Опрема во просторија за изолација
Член 41
Просторија за изолација треба да има:
- детски медицински лежај;
- ѕидна закачалка;
- столица;
- наткасна;
- медицински ормар 60/160/40;
- вага
- мерач на висина на децата.
Член 42
(1) Мебелот треба да биде со заоблени рабови, лесно мобилен, додека ормарите и
високиот мебел треба да биде прицврстен за подот и ѕидот.
(2) Мебелот треба да биде изработен од природни материјали.
(3) Масичките и столчињата за деца треба да се во согласност со пропишаните
стандарди.
Член 43
За деца со пречки во развојот, опремата во просториите во кои се згрижени треба
соодветно да биде прилагодена, односно дополнета.
Член 44
Ако групата на деца е комбинирана или хетерогена, за опремата и нејзиното
формирање се користат одредбите од овој правилник во зависност од возрасните групи и
карактеристики.
1.6. Опрема во санитарни простории за деца
Член 45
(1) Во санитариите за групата деца на возраст до две години се предвидува:
- за секоја група, два мијалника, поставени на 50 см.;
- ѕидни огледала над мијалниците;
- кадичка со рачен туш 70/70/40 со горен раб на 85 см. од подот;
- две мали тоалет шолји;
- држач за тоалет хартија;
- држач за течен сапун.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
16 од 59
(2) Во санитариите за група деца на возраст над две до шест години, односно до
поаѓање во основно училиште/до десет години, се предвидува:
- два мијалника за една група, поставени на 60 см. и славини на 75 см. од подот;
- ѕидни огледала;
- две тоалет шолји (една мала и една нормална големина);
- една кабина со туш (за сите групи во градинката);
- држач за тоалет хартија;
- држач за сапун;
(3) Во санитариите за група деца со пречки во развојот се предвидува:
- мијалник за една група, работ на мијалникот е 55 см. од подот;
- sидно огледало над мијалникот;
- рачен туш и метални држачи на sид;
- маса за пресоблекување;
- орман за облека;
- мијалник за персоналот;
- тоалет шолја, според пропишани стандарди за една група и метални држачи на sидот;
- држач за тоалетна хартија;
- држач за течен сапун.
(4) Опремата во сите санитарни простории треба да биде од материјали кои можат да се
чистат и да се дезинфицираат, а металните делови да не рѓосуваат.
1.7. Опрема во други простории
Член 46
За комбинирана група деца, при уредување и опремување на просторот, соодветно се
применуваат одредбите од овој правилник според возраста на децата.
1.8. Опрема во заеднички простор за стручен кадар
Член 47
(1) Во просторот, односно просториите за стручниот кадар треба да има маса за
состаноци и столици, димензионирани во зависност од бројот на стручниот кадар.
(2) Масата од став (1) на овој член може да биде составена од повеќе помали, со
можност за работа во помали групи како и маса со компјутер/и.
(3) Во кабинетот за заеднички воспитни средства и помагала треба да има работна маса
со столица и високи отворени полици.
1.9. Опрема во економско технички простории
Член 48
(1) Потребната опрема за кујна е во зависност од бројот на оброците и тоа:
а) Потребна опрема за кујна со капацитет од максимум 150 оброци:
- Шпорет ¼
- Печењара 1/2
- Кипер 60-80 л.
- Миксер
- Ладилник
- Ладилник за длабоко замрзнување
- Мијалник 1/3
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
17 од 59
- Мијалник мал
- Бојлер од 80 л.
- Бојлер мал
- Маса за цедење
- Маса за отпадок
- Неутрални работни маси
- Работна маса со сталажи
- Полици за леб
- Полици за ситен инвентар
- Када за миење зеленчук со туш, мијалник и работна маса во делот за обработка на
зеленчукот.
б) Потребна опрема за централна кујна со капацитет над 350 оброци
- Шпорет 2 х 1/4
- Шпорет на плин
- Печењара 1/3
- Казан од 250-350 л.
- Кипер 60-90 л.
- Универзалка со 12 операции и сл.
- Ладилник од 750 л.
- Ладилник за длабоко замрзнување
- Мијалник 1/3
- Мијалник за оддел за зеленчук 1/2
- Мијалник мал
- Работни маси со полици (према простор)
- Неутрални работни маси (према простор)
- Маса за отпадок
- Маса за цедење
- Полици за леб
- Полици за садови
- Полици за крупен инвентар
- Полици за термоси
- Бојлер од 80 л.
- Бојлер мал од 10 л.
- Оддел за зеленчук со работни маси и када за зеленчук
в) Потребна опрема за централен магацин:
- полици,
- палети,
- ладилник,
- ладилник за длабоко замрзнување.
г) Потребна опрема за дистрибутивна кујна
- Шпорет 1/4 или 1/2
- Ладилник
- Работни маси
- Маса за отпадок
- Полици за леб
- Полици за прибор
- Полици за термоси
- Бојлер од 80 л.
- Бојлер мал од 10 л.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
18 од 59
- Мијалник 1/3
- Мијалник мал
д) Потребна опрема за млечна кујна
- Електричен шпорет мал
- Миксер
- Ладилник
- Работни маси
- Полица за леб
- Полица за прибор
- Мијалник мал 1/2
- Бојлер од 60 л.
- Бојлер мал од 10 л.
- Гардеробер.
VII. ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА
Член 49
(1) Дидактички средства се: играчки, средства и материјали со кои се овозможува
непречено и ефикасно остварување на воспитните содржини и други активности на
дејноста згрижување и воспитание на деца во детската градинка и служат како педагошки
посредник во психофизичкиот развој на детето и развојните можности како и потребите
на детето.
(2) Обликувањето и изработката на играчките и материјалите треба да се засновани на
современите научни сознанија, сообразени со психофизичките карактеристики и
развојните можности и потребите на детето.
(3) Играчките и другите средства и материјали треба да се во согласност со здравствена
исправност на предметите за општа употреба согласно Правилникот за својствата на
детските играчки што се пуштаат во промет.
Член 50
Дидактичките средства се обезбедуваат:
а) на ниво на градинка
- Графоскоп
- Видео камера
б) на ниво на објект
- Телевизор
- ДВД плеер
- Компјутер, режач и печатар
- Музички систем
- ЦД плеер
- Пијанино
- Гитара
- Избор на ДВД филмови,
- Голем параван за куклена претстава и параван за театар на сенки
- Високи скали - дупли
- Ниски скали - мост
- Шведски сандак- низок
- Шведски сандак-поголем
- Штици со широчина : 30-35 см
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
19 од 59
- Шведски клупи
- Морнарски скали- еднострани
- Клацкалка
- Тобоган
- Стоечки кош
- Јаже големо и мали
- Пластични топки
- Пластични обрачи (35 - 45 см.)
- Вреќички со песок со тежина од 250 до 500 гр
- Чуневи – дрвени и пластични
- Шатор со помали димензии- готов или направен
в) на ниво на воспитна група
- Фотоапарат
- Дискови со снимена музика за слушање
- Празни аудио ДВД дискови.
1. Дидактички средства по возрасни групи
1.1. Дидактички средства за работа со деца до 18 месеци:
1. Музичко - техничка опрема: радио, ЦД и ДВД плеер, телевизор и ДВД дискови
2. Музички инструменти: тропалки, ѕвончиња, прапорци на венче, пандајре, клавеси,
деф со и без ѕвончиња, шушкалки, триангл, металофон, ксилофон.
3. Кукли: гињол, ракавица, со човечки ликови, со животински ликови, пирамиди,
нишалки, амбалажа.
4. Играчки: часовник-будилник, музичка кутија, батериска ламба, разни видови на
играчки на тркалца за влечење (дрвени, пластични), играчки со механизми, звучни
играчки на повлекување и влечење, со различни бои и облици.
1.2. Дидактички средства за работа со деца од 18 до 24 месеци:
1. Музичко - техничка опрема: радио, ЦД и ДВД плеер, телевизор и ДВД дискови,
2. Музички инструменти: тропалки, ѕвончиња, прапорци на венче и на дршка, пан-
дајре, клавеси, деф без ѕвончиња, шушкалки, триангл поголем и помал, металофон,
ксилофон голем.
3. Кукли: гињол, ракавица, со човечки ликови, со животински ликови -гумени,
ткаенина, сунгер, скај, волна и слично, од амбалажа со нацртани и додадени делови од
други материјали.
4. Играчки: разни видови на играчки на тркалца за влечење (дрвени, пластични),
играчки со механизми на навивање (автомобил, мече и сл.), звучни играчки на
повлекување и влечење, музичка кутија, јавајќи со познати ликови, играчки со механизам
за придвижување горе-долу, играчки за вода и песок, големи кутии - сандаци на тркала,
колички за кукли, дрвени и пластични возови, камиони различни по големина, различни
видови на автомобили, играчки од типот „коцка во коцка”, „буре во буре”, „кукла во
кукла”, „сад во сад”, балони со различни големини и бои, топки од ткаенина, сунѓер и
волна со различни бои и големини, играчки од пластика за надувување (ликови на
животни, обрачи за пливање, топки, чамец и сл.), играчки од ткаенини и сунѓер со
различни ликови и димензии (воз, маче, камион, гасеници и сл.), колички и мебел за
кукли, обложени кутии и паравани за криење, волшебна торбичка и волшебна кутија.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
20 од 59
1.3. Дидактички средства за работа со деца од две до три години:
1. Музичко - техничка опрема: радио, ЦД и ДВД плеер, телевизор и ДВД дискови
2. Музички инструменти: тропалки со различни големини и квалитет, деф со ѕвончиња,
прапорци на венче и на дршка, пан-дајре, клавеси, деф без ѕвончиња, шушкалки, триангл
поголем и помал, металофон, ксилофон поголем.
3. Кукли: гињол, ракавици, со човечки ликови од различен материјал и со различна
големина, со животински ликови од различен материјал и со различни димензии,
4. Играчки: разни играчки со механизми на навивање, играчки кои претставуваат
мебел во семејството, различна облека за куклите, различни играчки (мазни, рапави,
лесни, потешки), телефон -играчка одделно и во пар, музичка кутија, средства за игра -
„лекар” детски мајсторски алатки од пластика, прибор за хигиена „фризер”, прибор за
исхрана, различни автомобили -мали и поголеми, прототипови, дрвени возови со вагони
кои се закачуваат, камиони -различни по големина, балони со различни облици,
големини и бои, топки од различни материјали и големини, ветерници, сандачиња на
тркала, дрвени или пластични кошнички, пластични кадички, пластични садови со
различни облици и големини, пластични играчки за вода и песок.
1.4. Дидактички средства за работа со деца од три до четири години:
1. Музичко - техничка опрема: : радио, ЦД и ДВД плеер, телевизор и ДВД дискови,
аудио дискови со снимени музички приказни, класична, народна музика, приспивни
песни, маршова музика, игровна музика, филмови (со содржина за растенија, домашни
животни, годишни времиња и сл. согласно програмскиот документ), дискови (со снимени
приказни, убавини на родниот крај, растенија, домашни животни, годишни времиња и сл.
согласно програмскиот документ).
2. Музички инструменти: тропалки со различни големини и квалитет, деф со ѕвончиња,
прапорци на венче и на дршка, пан-дајре, клавеси, деф - ѕвончиња, шушкалки, триангл
поголем и помал, металофон, ксилофон поголем.
3. Кукли: гињол, ракавици, со човечки ликови од различен материјал и со различна
големина, со животински ликови од различен материјал и со различни димензии.
4. Играчки: музичка кутија, играчки кои претставуваат мебел во семејството, различна
облека за куклите, телефон - играчка одделно и во пар, средства за игра -„лекар” детски
мајсторски алатки од пластика, прибор за хигиена фризер, прибор за исхрана, рзлични
автомобили - мали и поголеми прототипови, дрвени возови со вагони кои се закачуваат,
камиони - различни по големина, кутии и сандачиња од амбалажа - картонска, дрвена,
пластична, мал градинарски алат, кантичка за полевање цвеќе, сандачиња на тркала,
дрвени или пластични кошнички, пластични кадички - за песок, за бањање на куклите,
пластични садови со различни облици и големини - чаши, леѓени, шишиња и сл.,
пластични играчки за вода и песок, ветерница, балони со различни облици, бои и
големини,
1.5. Дидактички средства за работа со деца од четири до шест години односно до
поаѓање во основно училиште:
1. Музичко - техничка опрема: : радио, ЦД и ДВД плеер, телевизор и ДВД дискови, мал
микрофон, аудио дискови со снимена химна на Република Македонија, вокална музика
(детски песни, хорски песни, народни песни), вокално - инструментална музика
(уметнички песни, народни и песни од детски фестивали), инструментална музика
(композиции и фрагменти со различни карактери, клавирски минијатури и фрагменти),
филмови и дискови (со снимени приказни, убавини на родниот крај, обичаи и семејни
празници, растенија, домашни животни, годишни времиња,и сл., (со содржина согласно
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
21 од 59
програмскиот документ), филмови и слики на кои се претставени позитивни и негативни
примери на однесување, снимени човечки гласови, звуци од природата, гласови на
домашни животни и птици, филмови за чести детски болести и опасности,
2. Музички инструменти: деф со ѕвончиња, прапорци на венче и на дршка, пан-дајре,
клавеси, деф без ѕвончиња, триангл поголем и помал, металофон, ксилофон поголем,
чинели, барабанче,
3. Кукли: гињол, ракавици, со човечки ликови од различен материјал и со различна
големина (бебе, близначиња, кукла во народна носија и сл.), со животински ликови од
различен материјал и со различни димензии,
4. Играчки: музичка кутија, играчки кои претставуваат мебел во семејството (креветче
за кукла, масичка, ладилник и сл.), различна облека за куклите, телефон - играчка во пар,
средства за игра - лекар детски мајсторски алатки од пластика, прибор за хигиена
„фризер”, прибор за исхрана, рзлични автомобили - мали и поголеми прототипови,
дрвени возови со вагони кои се закачуваат, камиони - рзлични по големина, модели на
возила (леки коли, камион, брза помош, брод, авион, воз, пожарникарско возило), играчки
за одредени професии (облека и прибор), вртимушка, лавиринт, пластични лампиони во
различни бои, балони со различни облици, бои и големини, топки и коцки од различни
материјали и големини, ветерници, калеидоскоп, џамлии во разни бои и големини лопатки
за снег, прибор за хигиена - метличка, лопатка, кантичка за полевање цвеќе, мал
градинарски алат, сандачиња на тркала, дрвени или пластични кошнички, кутии и
сандачиња од амбалажа - картонска, дрвена,пластична, пластични садови со различни
облици и големини - чаши, леѓени, шишиња и сл., пластични играчки за вода и песок,
Член 51
(1) Дидактичките средства и помагала треба да ги задоволуваат задачите кои се
остваруваат во детската градинка/центар за ран детски развој. Главни стандарди за
набавка на дидактички материјали се: развојна усогласеност, издржливост, едноставноста
за користење, привлечност и слично.
(2) За децата со посебни воспитни потреби (деца со посебни потреби, деца со
здравствени потреби) во посебни програми потребно е опремата да одговара на потребите
на истите.
(3) За децата вклучени во специјализирани програми покрај основната опрема за
спроведување на редовната програма, потребно е дополнителна опрема, дидактичките
средства и другите помагала да одговараат на потребите на програмата.
(4) Јавните и приватните детски градинки и центрите за ран детски развој ќе ја вршат
набавката на дидактичките средства согласно Правилникот за својства на детските
играчки што се пуштаат во промет.
VIII. ПРОСТОРИИ, ОПРЕМА И ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА НА ЦЕНТРИТЕ ЗА РАН
ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Член 52
(1) Минимални просторни услови за работа на центрите за ран детски развој треба да ги
исполнуваат следните просторни услови за работа:
- три поединечни простории и тоа: занимална, посебен санитарен јазол за деца и
возрасни.
(2) Занималната е просторија во која се одвива воспитниот процес и истата е со
површина од најмалку 2 м2 по дете и височина од 2,50 до 2,80 м, но не помала од 40 м2.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
22 од 59
Внатрешниот простор за спроведување на воспитната работа треба да биде поделен по
центри и тоа најмалку три центри по занимална.
(3) Санитарниот јазол за деца треба да ги исполнува условите пропишани со член 45
став 2 од овој правилник.
(4) Опремата во просторот треба да одговара на намената на истиот. Опремата во
занималната треба да овозможи реализација на воспитни активности.
(5) Потребно е просторот да се осмисли и прилагоди спрема детските развојни потреби
за читање сликовници, музички и ликовни активности, истражувачки активности, драмски
игри, игри со коцки и манипулативни игри и слично.
(6) Опремата и мебелот во центарот за ран детски развој треба да биде функционален,
пренослив, стабилен, направен од квалитетен материјал по можност природен, лесен за
одржување и со естетски изглед и прилагоден за возраста на децата.
1. Минимално потребна опрема за центарот
за ран детски развој
Член 53
Минимално потребна опрема за центарот за ран детски развој е:
- отворени закачалки со горна полица за одложување и касета за чевли во долниот дел;
- клупа за соблекување на чевлите со широчина 26 см., висина 38 см. и должина 15 см.
по дете;
- масички со димензии 80/80/56
- столче со димензии 36/24/34
- отворени полици за играчки со касета за секое дете;
- ормар за воспитни дидактички средства и за работно-игровни активности;
- фиксни и подвижни паноа;
- столици за воспитувачи;
- огледало заштитено и прицврстено на ѕид, на 10-15 см. од подот;
- прегради и елементи за формирање на катчиња, со овозможена прегледност на
целокупниот простор.
- Графоскоп
- видео камера и
- систем за озвучување и појачало
- телевизор
- ЦД плеер
- компјутер, режач и печатар и
- музички систем.
Член 54
(1) Музичко - техничка опрема: аудио дискови со снимена химна на Република
Македонија, вокална музика (детски песни, хорски песни, народни песни), вокално -
инструментална музика (уметнички песни, народни и песни од детски фестивали),
инструментална музика (композиции и фрагменти со различни карактери, клавирски
минијатури и фрагменти), видео касети и дијафилмови (со снимени приказни, убавини на
родниот крај, обичаи и семејни празници, растенија, домашни животни, годишни
времиња,и сл., (со содржина согласно програмскиот документ), филмови и слики на кои
се претставени позитивни и негативни примери на однесување, снимени човечки гласови,
звуци од природата, гласови на домашни животни и птици, филмови за чести детски
болести и опасности,
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
23 од 59
(2) Музички инструменти: деф со ѕвончиња, прапорци на венче и на дршка, пан-дајре,
клавеси, деф без ѕвончиња, триангл поголем и помал, металофон, ксилофон поголем,
чинели, барабанче,
(3) Кукли: гињол, ракавици, со човечки ликови од различен материјал и со различна
големина (бебе, близначиња, кукла во народна носија и сл.), со животински ликови од
различен материјал и со различни димензии,
(4) Играчки: музичка кутија, играчки кои претставуваат мебел во семејството (креветче
за кукла, масичка, ладилник и сл.), различна облека за куклите, телефон - играчка во пар,
средства за игра - лекар детски мајсторски алатки од пластика, прибор за хигиена
„фризер”, прибор за исхрана, рзлични автомобили - мали и поголеми прототипови,
дрвени возови со вагони кои се закачуваат, камиони - рзлични по големина, модели на
возила (леки коли, камион, брза помош, брод, авион, воз, пожарникарско возило), играчки
за одредени професии (облека и прибор), вртимушка, лавиринт, пластични лампиони во
различни бои, балони со различни облици, бои и големини, топки и коцки од различни
материјали и големини, ветерници, калеидоскоп, џамлии во разни бои и големини лопатки
за снег, прибор за хигиена - метличка, лопатка, кантичка за полевање цвеќе, мал
градинарски алат, сандачиња на тркала, дрвени или пластични кошнички, кутии и
сандачиња од амбалажа - картонска, дрвена,пластична, пластични садови со различни
облици и големини - чаши, леѓени, шишиња и сл., пластични играчки за вода и песок.
2. Хигиенско- технички услови за простории
во центрите за ран детски развој
Член 55
(1) Природната светлина е важен фактор за работната средина во центрите за ран
детски развој и е неопходно да се обезбеди истата.
(2) Квалитетот на природната светлина во просториите на центрите за ран детски развој
се одредува преку ориентација на собата и технички средства за распоредување на дневна
светлина.
(3) Заштита од дирекното продирање на сончевата светлина, која ја спречува
прекумерната топлина, треба да биде таква што нема да ја намали реалната површина на
прозорецот. Во просториите на центрите за ран детски развој потребно е да се стави и
можноста за затемнување.
(4) Просториите на центрите за ран детски развој треба да имаат оптимално
осветлување од сончевата светлина за бактерицидна активност.
(5) Сите простории за работа и престој треба да бидат природно проветрени. Во
просториите на Центрите за ран детски развој потребно е да се менува воздухот на два
часа.
(6) Во сите простории за работа и престој собниот воздух потребно е да се загрева
рамномерно, како што следува:
- Во сите простории за престој на децата 20 - 22 ° С,
- Во салите и ходниците 18 ° С.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
24 од 59
VII. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО И КАДАР ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА
1. Организација на времето
Член 56
(1) Организацијата на дневните активности на децата од предучилишна возраст во
рамки на групите е поделена на:
- Организација на дневните активности на децата од најрана предучилишна возраст (до
18 месеци);
- Организација на дневните активности на децата од најрана предучили-шна возраст (од
18 до 24 месеци);
- Организација на дневните активности на децата од постара предучилишна возраст (од
2 до 4 години);
- Организација на дневните активности на децата од постара предучилишна возраст (од
4 до 6 години);
- Организација на дневните активности на децата од 3 до 6 години опфатени во
полудневен престој и
- Организација на дневните активности на децата од 3 до 6 години опфатени со
скратени програми во центрите за ран детски развојoриентационо;
(2) Табелерниот приказ на ориентационата организација на дневните активности на
децата од предучилишна возраст во рамки на групите е даден во Прилог бр.1, и е составен
дел на овој правилник.
2. Кадар
2.1. Воспитувачи и негователи
Член 57
(1) Згрижување и воспитание на деца на возраст до две години остварува неговател.
(2) Згрижување и воспитание на деца на возраст над две години до поаѓање во основно
училиште остваруваат воспитувач и неговател.
(3) Престој на дете на возраст од шест години, односно од поаѓање во основно
училиште до десет години возраст, остварува воспитувач.
Член 58
(1) Бројот на воспитувачи и негователи во воспитна група во детската градинка се
определува во согласност со времетраењето на програмата, возрасната група и бројот на
децата и тоа:
- за целодневен престој од девет до 11 часа за една возрасна група до две години (до 12
месеци, над 12 до 18 месеци и над 18 месеци до две години)– по два негователи со полно
работно време и еден неговател со пола работно време.
- за целодневен престој од девет до 11 часа за една возрасна група над две до три
години, над три до четири години, над четири до пет години и над пет до шест години –
по еден воспитувач и по еден неговател со полно работно време и по еден неговател со
пола работно време.
- за една хетерогена група до две години, за целодневен престој, бројот на извршители
се зголемува за еден негувател со полно работно време од пропишаното во алинеја 1 од
овој став .
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
25 од 59
- за една хетерогена група над две до шест години, односно до поаѓање во основно
училиште - еден воспитувач, а бројот на негователи се зголемува за еден негувател од
пропишаниот во алинеја 2 од овој став.
- за една комбинирана група - еден воспитувач и еден неговател со полно работно
време, а ако во една комбинирана група бројот на деца над 12 месеци до три години
возраст изнесува повеќе од половината од вкупниот број на деца за истата, бројот на
негователи се зголемува за еден негувател со полно работно време.
- за една група деца со умерени пречки во развојот за целодневен престој од 10 и 11
часовна програма - еден воспитувач, двајца негователи и еден помошник воспитувач, со
полно работно време ;
- за една група деца со умерени пречки во развојот за престој од четири до шест
часовна програма - еден воспитувач, еден неговател и еден помошник воспитувач со
полно работно време .
- за престој од четири до шест часа дневно за една возрасна група до две години - два
негователи со пола работно време;
- за престој од четири до шест часа дневно за една возрасна група над две до три
години, над три до четири години, над четири до пет години и над пет до шест години –
воспитувач и неговател со пола работно време;
- за една група со скратена програма од 260 до 600 часа годишно, која може да се
одржува неделно или периодично – еден воспитувач за 260 до 600 часа годишно.
- за една група деца над шест до десет години, односно од поаѓање во основно
училиште до десет години во зависност од должината на престој, бројот на извршители
се определува сразмерно на должината на престојот.
Член 59
(1) Бројот на воспитувачи во воспитна група во центарот за ран детски развој се
определува според работното време на групите во текот на еден ден и тоа:
- еден воспитувач за воспитни групи без разлика на бројот на групите во рамките на
времетраењето на еден работен ден од осум часа;
- доколку бројот на групите условува работно време повеќе од осум часа во работен ден
се вработува уште еден воспитувач со пола работно време за останатите групи;
Член 60
(1) Воспитувачите треба на воспитните работи во групите да поминат 30 часа неделно,
а другите активности да ги извршат во рамките на распоредот до полното работно време
односно 40 часа во една работна недела.
(2) Други работни задачи на воспитувачите се: планирање, реализирање и евалуација на
работата, подготовка на просторот и стимуланси, соработка и советодавна работа со
родителите и други работи за професионален развој. Овие работи се вршат во
просториите на јавната установа за деца.
(3) Негователите треба да поминуваат со групите 35 часа неделно, а другите активности
да ги извршат во рамките на распоредот до полното работно време односно 40 часа во
една работна недела.
(4) Останатите работни задачи на негователите опфаќаат подготовка на просторот и
стимуланси, и други работи за професионален развој. Овие работи се вршат во
просториите на јавната установа за деца.
(5) Стручните работници и соработници, во воспитните групи, кои работат непосредна
воспитна работа, треба со групата деца или индивидуално да поминуваат вкупно 25 часа
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
26 од 59
неделно, а другите активности да ги извршат во рамките на распоредот до полното
работно време односно 40 часа во една работна недела.
(6) Останатите работни задачи на стручните работници и соработници опфаќаат
планирање, реализирање и евалуација на работа, подготовка на просторот и стимуланси,
соработка и советодавна работа со родителите и други работи за професионален развој.
Овие работи се вршат во просториите на установата за деца.
(7) Доколку има оправдана потреба на установата за деца да работи повеќе од 10
односно 11 часа дневно, може да се зголеми бројот на воспитувачи и негуватели и може да
се воведе и втора смена.
(8) Во зависност од потребата на децата и родителите и Годишната програма за работа,
установата за деца може, да има поголем број воспитувачи и негователи во група, од
бројот пропишан со овој правилник.
2.2. Стручни работници и соработници
Член 61
(1) Бројот на стручни работници: педагог, психолог, социјален работник,
дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, доктор по медицина и доктор
на стоматологија се определува според развиеноста на детските градинки/центри за ран
детски развој и тоа:
- во детски градинки/центри за ран детски развој со мал капацитет- по еден стручен
работник од став (1) на овој член со пола работно време односно со по 20 работни часа
неделно .
- во детски градинки/ центри за ран детски развој со среден капацитет - по еден стручен
работник од став (1) на овој член со полно работно време односно со по 40 работни часа
неделно.
- во детски градинки/ центри за ран детски развој со голем капацитет- по еден стручен
работник од став (1) на овој член со полно работно време односно со по 40 работни часа
неделно.
(2) Бројот на соработници: музички педагог, ликовен педагог, педагог по физичко
воспитание, професор по странски јазик и книжевност, виша медицинска сестра и
социјален работник се определува според развиеноста на детските градинки/центри за
ран детски развој и тоа:
- во детски градинки/центри за ран детски развој со мал капацитет - по еден стручен
соработник од став (2) на овој член со пола работно време односно со по 20 работни часа
неделно.
- во детски градинки/ центри за ран детски развој со среден капацитет - по еден
стручен соработник од став (2) на овој член со полно работно време односно со по 40
работни часа неделно.
- во детски градинки/центри за ран детски развој со голем капацитет - по еден стручен
соработник од став (2) на овој член со полно работно време односно со по 40 работни
часа неделно.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
27 од 59
2.3. Вработени за вршење на правни-стручни,
административни, финансово-сметководствени, аналитичко плански и
информатички работи
Член 62
(1) Други стручни работи во детска градинка можат да извршуваат: секретар,,
сметководител, материјален книговодител, финансов книговодител, благајник,
администратор кој врши благајнички и други административни работи и аналитичар
евидентичар.
(2) Бројот на вработените од ставот (1) на овој член се определува според развиеноста
на детските градинки/центри за ран детски развој и тоа:
-во детски градинки/центри за ран детски развој со мал капацитет- два вработени со
полно работно време односно со по 40 работни часа неделно од кои еден сметководител
со полно работно време односно 40 работни часа неделно.
-во детски градинки/ центри за ран детски развој со среден капацитет - четири
вработени со полно работно време односно со по 40 работни часа неделно од кои еден
сметководител со полно работно време,односно со 40 работни часа неделно, и
-во детски градинки/ центри за ран детски развој со голем капацитет - пет вработени
со полно работно време односно со по 40 работни часа неделно од кои еден
сметководител со полно работно време, односно со 40 работни часа неделно .
(3) Детските градинки во приватна сопственост по исклучок од ставовите (1) и (2) на
овој член можат за услугите од ставот (1) на овој член да ангажираат стручни правни
лица.
Член 63
Центрите за ран детски развој имаат овластен сметководител кој може да биде вработен
со полно работно време во центарот за ран детски развој или за овие услуги да ангажираат
стручни правни лица.
2.4. Други работници во детска градинка
Член 64
(1) Минималниот број на работници кои ги вршат готварските и технички работи во
детска градинка се:
1) Бројот на работници во централна кујна со полно работно време кои работат на
подготовка на храната, миење на садовите се определува согласно бројот на децата во
детската градинка и тоа:
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
28 од 59
- За објектите во кои има дистрибутивни и чајни (млечни) кујни по еден до два
вработени со полно работно време за дистрибуција на храна до 200 деца. ,.
2) Одржувањето на хигиената во детската градинка и тоа во просториите за престој на
децата, санитарниот и останатиот простор (логии, гардеробер, тераса и канцеларии) со
вкупна површина од 300м2, ги извршува една хигиеничар со полно работно време,
односно 40 работни часа неделно.
3) Работите за набавка, издавање на прехранбени продукти и друг потрошен материјал,
одржувањето на опремата и средствата за работа, загревањето на просториите,
управување со возило и дистрибуција на храна во детска градинка ги извршуваат:
домаќин, магационер, возач, набавувач, хаусмајстор и ракувач на парни котли.
4) Бројот на работници од точка 3) на овој став изнесува:
- во детските градинки со мал капацитет - два работника со полно работно време од 80
часа во работна недела.
- во детските градинки со среден капацитет - три работника со полно работно време од
120 часа во работна недела.
- во детските градинки со голем капацитет - пет работника со полно работно време од
200 часа во работна недела.
5) Градинарски работи и одржување на дворови во јавна установа за деца ги извршува
градинар со полно работно време од 40 работни часа неделно, по објект.
6) На работите за изработка (шиење) и одржување (перење, пеглање) на постелнина и
облека работи:
- во детските градинки со мал капацитет - еден работник со полно работно време од 40
часа во работна недела.
- во детските градинки со среден капацитет - два работника со полно работно време од
80 часа во работна недела.
- во детските градинки со голем капацитет - три работника со полно работно време од
120 часа во работна недела.
7) Детските градинки во приватна сопственост по исклучок од ставот (1) на овој член
можат за услугите од точките 1) до 6) од став ( 1) на овој член да ангажираат
професионални сервиси или услугите да ги обезбедат од друго правно/физичко лице
согласно закон.
Член 65
(1) Центрите за ран детски развој доколку имаат потреба од вршење на работите од
член 64 став (1) точки од 1 до 6 од овој правилник за истите можат да вработат еден
работник со полно работно време или да ангажираат професионален сервис или услугите
да ги обезбедат од друго правно/физичко лице согласно закон.
IX. НОРМАТИВИ ЗА ИСХРАНА НА ДЕЦАТА
ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА
Член 66
(1) Храната која се подготвува за децата во детска градинка треба да биде здрава,
оптимална и балансирана, подготвена со биолошки вредни прехранбени производи кои
можат да ги задоволат енергетските потреби, квалитативен и квантитативен внес на макро
и микро нутритивни материи со што ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на детето
како и превенција од заболување.
(2) Во детската градинка дополнително може да се внесува само индустриски
подготвена и спакувана храна.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
29 од 59
Член 67
(1) Нормативите и стандардите за дневни потреби од енергетски, хранливи, заштитни
материи и витамини во зависност од возраста на детето се распоредени во пет групи и тоа
за деца од:
- седум месеци до девет месеци
- десет месеци до 12 месеци
- една година до три години
- четири години до шест години
- шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години
(2) Правилната исхрана на децата во детска градинка треба да се обезбеди преку
редовен број на оброци во согласност со препорачаните количини на енергија и хранливи
материи од Светската здравствена организација кои се содржани во табелите усогласени
со препораките од Правилникот за правилна исхрана на населението во Република
Македонија, дадени во Прилог бр. 2 и се составен дел на овој правилник.
(3) Препорачаните количини на витамини при планирањето на исхраната, треба да се
зголемат за В1 25%, В2 20%, нијацин 20%, а за витамин С 50%, што е резултат на губење
при припремањето на храната.
(4) За деца од училишна возраст (за деца од шест години, односно од поаѓање во
основно училиште до десет годишна возраст) се предвидува можност за организирана
исхрана во детската градинка, со обезбедување три оброка (појадок, ручек и ужина).
(5) Препорачаните дневни количини се однесуваат за престој на децата вклучени во
програма за целодневен престој (од 9 до 11 часа) и со истите треба да се обезбедат 2/3 од
вкупните енергетски потреби, во согласност со возрасните групи на децата.
(6) Бројот на оброците и содржината на енергетските потреби на децата треба да се
димензионираат согласно со времетраењето на програмата односно со времетраењето на
престојот на децата и тоа:
- за целодневен престој четири оброка (појадок, предпладневна ужина, ручек и
попладневна ужина)
- за полудневен престој два оброка (појадок и ужина)
- за скратена програма еден оброк (ужина)
(7) Распоредот на давањето на оброците на децата ги прави директорот согласно
времетраењето на остварувањето на програмата. Распоредот помеѓу оброците кои ги
примаат децата не смее да биде поголем од три часа помеѓу два оброка.
X. СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ НЕ СЕ НАМЕНСКИ ГРАДЕНИ ЗА
ДЕТСКА ГРАДИНКА
1. Објект
Член 68
(1) Ако просторите за градинка се уредени во ненаменски згради или во станови, треба
да се почитуваат прописите за пренамена во наменски простор.
(2) При уредување на просторите од став (1) на овој член соодветно ќе се применуваат
одредбите од: член 6 став 1 алинеи 1 и 2, член 7 ставови (1) и (2), член 17, член 20
ставови (1), (3), ( 8) , (10) и (11), член 24, член 25, член 29 ставови (2), (3), (4) и (5), член
29 ставови (1), (4) и (7), член 30, член 32, член 33, член 34 и член 46 од овој правилник.
(3) По исклучок од член 9 став (1) и член 27 ставови (1) и (2) од овој правилник во
објектите кои не се наменски градени за детска градинка може да се изврши соодветно
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
30 од 59
прилагодување но при тоа да не се наруши основната дејност како и безбедноста на
децата.
Член 69
Ако објектот, во кој ќе бидат изведувани програми на градинката нема сопствено
игралиште, треба да биде во близина на детско игралиште, парк или други зелени
површини кои ќе им овозможат на децата престој на отворено, а до истите да води
безбеден пристап.
Член 70
(1) Просторите во кои ќе се одвиваат активностите на градинката, треба да бидат
функционално поврзани и одвоени од просторите кои ги користат другите корисници.
(2) Гардеробата за деца и персоналот не може да биде заедничка и треба да обезбеди
површина од најмалку 0,40 м2 по дете.
(3) Занималната може да е диференцирана на најмногу три простори, кои треба да
бидат помеѓу себе непосредно поврзани и пошироко интегрирани.
(4) Внатрешната површина треба да овозможи површина од најмалку 2 м2 по дете.
(5) Ако просторите за згрижувачко воспитна дејност се на кат, на почетокот и на крајот
на скалите треба има преграда.
(6) Кујната треба да е сместена во посебна просторија во која треба да се обезбеди
груба подготовка и фина подготовка на храната согласно со пропишаните стандарди.
(7) Санитарните простории треба да бидат во согласност со одредбите на овој
правилник. Истите треба да бидат одвоени од санитарните простории за возрасните.
Член 71
(1)За детски градинки уредени во станбени простори, треба да се има предвид и
следното:
1) Кујната треба да претставува одделна просторија во просторот на градинката.
2) Бањата во станот треба да биде преуредена, во согласност со одредбите на овој
правилник и возрасната група што се згрижува и не треба да се користи од други
корисници.
3) За вработените треба да има посебна тоалет кабина.
4) Ако има отворен покриен простор (логии, тераси) истиот треба да биде заштитен со
ограда висока најмалку 120 см. и обликувана така што децата да неможат да се качуваат
по неа.
5) Излезот на терасата или логијата треба да биде од занималната, или гардеробата
(холот).
Член 72
Опремата во занималната, гардеробата и санитарниот јазол кој се наменети за децата,
треба да бидат усогласени со стандардите за опрема на градинките и објектите согласно
овој правилник.
Член 73
За градинка уредена во ненаменски објект и градинка уредена во станбен простор,
важат и следните хигиенски и технички услови:
- да се обезбеди заштита од сонце;
- ако градинката е на кат, прозорците на занималната треба да се обезбедат со
дополнителна заштитна ограда;
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
31 од 59
- да се обезбедени и јасно дефинирани патиштата за евакуација на децата;
- електричните утикачи кои не се барем 1,50 м над подот, треба да бидат заштитени и
опремени со заштитници;
- механизмите за плакнење во тоалет шолјите, треба да бидат достапни за децата, без
помош на персоналот;
- треба да има обезбедено телефонски приклучок;
- просторите треба да бидат високи најмалку 2,50 м.
- заедничките простории наменети за сите станари (влез, ветробран, остава за детски
колички, ходници и скали) треба да бидат на располагање на градинката.
Член 74
(1) Во случаите кога јавна детска градинка одделни услуги од својата дејност
организира за група во други просторни услови, просторот треба да има: занимална,
гардероба, просторија за подготовка или прием на храната и санитарни простории за деца
и возрасни.
1) Доколку има наменски простор за кујна истиот треба да се усогласи согласно
НАССР стандардите, и тоа:
- Ѕидните и подните површини да бидат обложени со плочки кои ќе бидат поставени
без фуги.
- Довод на вода и одвод на отпадни води согласно стандарди, со напомена да се
исталира и поден одвод.
- Мијалник 1/3 за одржување на инвентарот-приборот за јадење.
- За топла вода бојлер од 60-80 литри .
- Посебно мијалник за раце со топла вода обезбедена со мал бојлер од 10 литри.
- Еден професионален шпорет ¼.
- Неутрални работни маси во зависност од просторот, со или без внатрешни полици.
- Висечи полици за чување на леб и инвентарот.
- Над електричниот шпорет парофаќач.
- Комплетен ситен прибор за јадење согласно бројот на деца.
- Помошен инвентар во кујна согласно намената на кујната.
- Во зависност од бројот на деца професионален или мал ладилник (250-750 литри).
- Вработен кадар во кујна во зависност од бројот на деца-оброци.
- Посебни санитарии за вработените во кујна.
- Во зависност од просторот да се обезбеди трпезарија или храната да се консумира во
занимална.
- Наменски простор за магацин, опремен со соодветна опрема за магацин.
2) Доколку просторот е мал и нема просторни услови за проширување, во истиот
простор треба да се обезбедат минимални услови и тоа:
- Една работна маса за прифаќање и делење на дистрибуираната храна.
- Ѕидни плочки во зависност од условите, околу неутралната работна маса, кај што ќе
се дели храната.
- Мијалник ½ за ситниот инвентар-приборот за јадење.
- Бојлер за топла вода од 60-80 литри.
- Полица за чување на приборот за јадење.
- Прибор за јадење согласно бројот на деца.
- Мал ладилник за одржување од 250-350литри.
3) Доколку објектот има само една просторија - занимална, може да се организира
исхрана во зависност од просторните услови, и тоа:
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
32 од 59
- Организирање на исхраната со пакет оброк, со користење на прибор за еднократна
употреба.
- Обезбедување на мал ладилник од 250 литри.
(2) Опремата во занималната, гардеробата и санитарниот јазол треба да биде
усогласена со стандардите за опрема, во зависност од возраста на децата, согласно овој
правилник.
XI. СТАНДАРДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА
Член 75
(1) Стандардите за здравствена заштита на децата од предучилишна возраст опфаќаат
следење на правилниот раст и развој на децата од предучилишна возраст во детските
градинки.
(2) За реализирање на стандардите од ставот (1) на овој член, потребно е детските
градинки да обезбедат:
-систематско следење на растот и развојот на децата и ухранетоста на децата;
-превземање превентивни мерки за спречување на заразни болести и превенција при
повреда;
-имплементација на организациски облици на физичко и здравствено воспитание
(програма за движење). За оваа активност да се исполни потребно е ¼ од времето на
престојот на детето во градинката;
(4)За видот и составот на оброкот на детето во детската градинка се грижи докторот и
виша медицинска сестра.
XI. СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И ПРОТОКОЛИ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА БОЛЕСТ НА ДЕТЕТО И НАСТАНАТ ИНЦИДЕНТ ВО ДЕТСКИТЕ
ГРАДИНКИ/ЦЕНТРИТЕ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Член 76
(1) Во детските градинки и центрите за ран детски развој треба да се превземат сите
мерки за безбедност на децата преку протоколи за евакуација во случај на пожар или друг
тип на несреќа, за настанат инцидент и за известување за болест на детето.
(2) Детските градинки и центрите за ран детски развој во рок од 30 дена од почетокот
на календарската година ги изготвуваат протоколите за евакуација во случај на пожар или
друг тип на несреќа, за настанат инцидент и за известување за болест на детето.
XII. МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ И САНИТАРНО ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ ЗА
ПРОСТОРОТ И ОПРЕМАТА НА ДЕТСКО ОДМОРАЛИШТЕ
Член 77
Објектот на детското одморалиште треба да биде изграден согласно техничките
прописи и стандарди за градба на објекти..
1. Локација
Член 78
(1) Локацијата на детското одморалиште може да биде во планински предели или на
бреговите покрај езеро или река.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
33 од 59
(2) Локацијата непосредно ја дефинира основната програмска определба на детското
одморалиште.
(3) Детското одморалиште треба да се гради блиску до веќе организирани или
планирани центри за одмор и рекреација - туристички ком-плекси.
(4) Основните елементи на локацијата кои влијаат врз проектирањето на објектот на
одморалиштето и квалитетното остварување на дејноста се карактеристиките на
контекстот:
- природен (географска положба, клима, топографија, вегетација, геолошки особености,
загадувачи) и
- артофициелен (сообраќајни услови, комунални услови, визуелни, сервисни услови,
физичко опкружување).
(5) Вкупната површина на локацијата треба да овозможи однос на изградената према
слободната, минимум 1:3.
2. Земјиште
Член 79
(1) При изборот на земјиште за градба на детско одморалиште, треба да се внимава на
следните аспекти:
- земјиштето треба да има таков облик, што ќе овозможи правилно поставување на
објектот и исправна ориентација на пооделните групи простории;
- земјиштето, треба да овозможи компактни површини за престој на отворено и
рекреација на децата, како и за спортски активности;
- кога земјиштето е во пад, тогаш наклонот на теренот да биде спрема југ и по можност,
со рамномерен и што поблаг пад. Најповолен пристап во парцелата е по правило од
северната страна;
- земјиштето не би требало да биде во зона на високи подземни води, влага и магла,
изложено на неповолни ветрови, а заштитено од непријатни мириси;
- треба да се избегнува земјиште, чие уредување и оспособување за градба бара
поголеми економски издатоци, како на пример, во случај на големи ископи, изведба на
потпорни ѕидови, насипи, санирање на слабо носива почва, обезбедување на лизгави
терени и поголеми оддалечености од комуналната инфраструктура и др.;
- локацијата треба да е приклучена на постоечка инфраструктура (сообраќајна,
водоводна, канализациона, електрични инсталации, ПТТ и др.), доколку не постои, истата
треба претходно да се обезбеди;
- јасно дефинирани, добро означени, насочени и контролирани пристапи;
- карактеристики на сигурност и безбедност.
(2) Земјиштето на детското одморалиште се диференцира на:
а) Изграден дел - површина под објектот и
б) Отворен дел, составен од:
- површини за воспитно работни активности;
- површини за игра и зеленило;
- спортски терени;
- санитарни простории;
- пристапи;
- паркинг;
- економски двор.
(3) Економскиот двор треба да овозможи директна врска со економската и техничката
група простории и истиот треба да има лесен сообраќаен пристап.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
34 од 59
(4) Земјиштето на детското одморалиште треба да биде заградено со ограда, висока
најмалку 1,20 см.
Член 80
(1) Детското одморалиште според просторниот концепт, може да биде блоковски
граден, од типот на згради со ниска катност или павилјонски, како комплекс организиран
од повеќе помали просторни единици.
(2) Објектот од типот на блоковска градба, треба да биде со максимум П+3 ката,
односно павилјоните да бидат со височина максимум П+1 кат.
(3) Објектот треба да биде така поставен да обезбедува доволна сончева изложеност и
добри визури, особено на спалните соби и просториите за престој.
(4) Се препорачува собите за одмор да имаат ориентација од исток до југозапад, а
просториите за престој од југоисток до запад.
(5) Правилната изложеност на објектот не смее да биде загрозена од објектите во
опкружувањето.
(6) Нормираната нето изградена површина на објектот е зависна од капацитетот на
детското одморалиште и се димензионира со минимум 10-12 м² по дете.
(7) Групата простории за деца со пречки во развојот,треба да се на приземје.
(8) Просторот во објектот треба да биде димензиониран и обликуван, функционално и
естетски во согласност со потребите на корисниците.
(9) Влезот да се оствари преку заедничкиот предпростор со мијалници. Се
димензионира со минимум 200/220 см., опремен со неопходните помагала.
Член 81
Просторната организација на станбениот дел на објектот се заснива на принцип на
станбени единици. Една станбена единица може да биде составена од само една група,
или повеќе групи, како единствена композициона целина.
Член 82
3. Објектот ги содржи следните простории:
А/. Станбени единици:
- соби за одмор;
- гардероба;
- санитарни простории;
- апартман за воспитувачи и чајна кујна.
Б/. Заеднички простори:
- просторија за дневен престој;
- трпезарија;
- работилници;
- просторија за гимнастика;
- комуникации;
- санитарни простории.
В/. Други простори:
- административни простори;
- простории за други вработени ;
- здравствени простори;
- простории за други вработени ;
- економско-технички простори
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
35 од 59
Г/. Отворени простори:
- површини за воспитно работна активност;
- површина за игра и зеленило;
- спортски терени;
- санитарни простори.
3.1. Станбени единици
Член 83
Станбената единица може да биде организирана за групи со деца од иста или различна
возраст, но од ист пол, со исклучок на децата до шест години. Независно од возраста на
децата, организацијата и димензионирањето на просторите во станбената единица е
идентична.
3.1.2. Станбени единици за деца од предучилишна возраст до шест години
Член 84
(1) Соба за одмор е основна просторија на станбената единица. Таа треба да овозможи
индивидуален одмор и спиење на шест до осум корисници. Се димензионира со
површина од минимум 4,0 м² по дете. За оваа возрасна група, се препорачува во спалната
соба да се обезбеди и простор за престој и игра, во тој случај квадратурата се зголемува со
површина за 0,8 м² по дете. Ако станбената единица е составена од повеќе соби за одмор,
просторот за престој и игра може да претставува заеднички простор за сите групи деца.
(2) Гардеробата е простор којшто овозможува одложување на личните предмети од
гардеробата во посебни гардеробни орманчиња. Гардеробата не смее да биде составен дел
на собата за одмор. Се димензионира со површина од 0,6 м² по дете.
(3) Санитарните простории треба да бидат диференцирани на чист и нечист дел.
Чистиот дел се состои од: простор со мијалници, димензиониран со еден мијалник за пет
деца и простор со туш кабини, димензиониран со еден туш за 10-15 деца. Нечистиот дел
се состои од простор со тоалет кабини, со димензии 80/110 см., и се димензионира со
една тоалет кабина за 10 деца. Вратите во санитарните кабини треба да се отвораат
спрема надвор.
3.1.3. Станбени единици за деца над шест
до 18 години
Член 85
(1) Соба за одмор треба да овозможи индивидуален одмор и спиење на три до седум
корисници. Се димензионира со површина од 4,5 м² по дете, односно со запремина од 12,0
м³ по дете.
(2) Бројот на соби за одмор во одредена група, произлегува од големината на групата.
(3) Гардеробата е простор којшто овозможува одложување на личните предмети од
облеката во посебни гардеробни орманчиња. Гардеробата не смее да биде составен дел на
спалната соба. Се димензионира со површина од 0,6 м² по дете.
(4) Санитарните простории треба да бидат диференцирани на чист и нечист дел.
Чистиот дел се состои од: простор со мијалници, димензиониран со еден мијалник за пет
деца и простор со туш кабини, димензиониран со еден туш за 10-15 деца. Нечистиот дел
се состои од простор со тоалет кабини, со димензии 80/110 см., и се димензионира со
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
36 од 59
една тоалет кабина за 10 деца. Вратите во санитарните кабини треба да се отвораат спрема
надвор.
3.1.4. Станбена единица за деца со пречки
во развојот
Член 86
(1) Станбената единица за деца со пречки во развојот може да биде организирана во
групи со деца од иста или различна возраст. Независно од возраста на децата,
организацијата и димензионирањето на просториите во станбената единица е идентична.
Големината на просториите е посебна. категорија во дефинирање на стандардот на
станбената единица, што произлегува од структурата, организацијата, функционалноста и
просторно доживувачките квалитети. Со тоа големината/површината не е наложен
норматив, туку, функционално произлезена потреба.
(2) Спалната соба треба да овозможи индивидуален одмор и спиење на 3-7 корисници.
Се димензионира со површина од 4,5-5 м² по корисник.
(3) Гардеробата е простор којшто овозможува одложување на личните предмети на
гардеробата во посебни гардеробни орманчиња. Гардеробата не е составен дел на соба за
одмор. Се димензионира со површина од 0,6 м² по дете.
(4) За оваа група простории, се користи истиот норматив како и за останатите деца, а
треба да се предвиди и санитарен јазол за независна употреба на лица со инвалидска
количка.
3.1.4. Апартмани за воспитувачи и чајна кујна
Член 87
(1) Во рамките на секоја станбена единица, треба да се предвиди и апартман за
воспитувачи, за секоја група одделно.
(2) Апартманот содржи просторија која овозможува активности на спиење, престој и
одмор, се димензионира така да овозможи сместување на два поединечни лежаи, со
површина од минимум 12 м². Во апартманот се предвидува предпростор со гардеробирање
и санитарен јазол со туш кабина.
(3) Во секоја станбена единица, треба да се предвиди чајна кујна. Просторијата се
димензионира така да овозможи должина на кујнски пулт од минимум 3,00 м. и простор за
маса со четири столици, односно со површина минимум 12,0 м².
3.2. Заеднички простории
3.2.1. Просторија за дневен престој
Член 88
(1) Овој простор се сместува во приземјето и ги овозможува функциите на слободните
активности, друштвениот живот, одмор и разонода на децата. Често пати во овој простор
се предвидува библиотека.
(2) Просторот за дневен престој може да претставува одделна просторија, или простор
во континуитет на влезниот хол, организиран од повеќе помали отворени катчиња.
(3) Функција на дел од дневниот престој може да се обавува и во рамките на станбените
единици, организиран во специјално дизајнирани катчиња, како екстензија на
комуникациите. Се димензионира со површина од 0,5 м² по дете.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
37 од 59
3.2.2.Трпезарија
Член 89
(1) Основна функција на трпезаријата е земање на оброците и се сместува во приземје и
воспоставува директна врска со кујната, како и со отворените простори - тераси.
(2) Освен земањето на оброците како главна функција на трпезаријата, може да преземе
и функции на дневен престој како што се: различни слободни активности, друштвени
игри, семинари, натпревари, работни секции и сл.
(3)Се лоцира и во непосредна близина на просторот за дневен престој, со цел нивно
поврзување во единствена просторна целина, во случај на свечени манифестации. Се
димензионира со површина од 1 м² по дете.
(4) За одморалишта со капацитет поголем од 120 деца, земањето на оброците е во две
смени.
3.2.3. Работилница
Член 90
Работилницата е одделна просторија којашто овозможува специфичен вид на воспитно
образовни и творечки активности. Во детското одморалиште треба да се предвидат
најмалку две работилници. Секоја се димензионира со минимум површина од 24 м².
3.2.4. Просторија за гимнастика
Член 91
Просторијата за гимнастика е одделна просторија, наменета за спортски активности на
децата и димензионирана со површина од 48 м².
3.2.5. Комуникации
Член 92
(1) Просторот за комуникација е составен од:
- главен влез со ветробран;
- влезен хол;
- ходници;
- скали и рампи.
(2) Главниот влез во објектот треба да биде со настрешница и организиран преку
ветробрански простор. Влезот во објектот и пристапот треба да бидат без архитектонски
бариери.
(3) Ветробранскиот простор се димензионира со минимум широчина и длабочина од
200 см. и можност за вградување на двокрилна врата. Вратите треба се отвораат према
надвор.
(4) Влезниот хол на одморалиштето треба да биде директно пристапен од
ветробранскиот простор. Влезниот хол треба да ги овозможи следните функции: контрола
на влез и излез од објектот, прием на посетители и дистрибуција на движењето.
(5) Треба да се овозможат едноставни, прегледни и економични врски од влезниот хол
со сите просторни групи во детското одморалиште. Се димензионира со површина од 0,15
м² по дете, а не помалку од 20 м².
(6) Во услови кога влезниот хол ги презема функциите на дневниот престој, тогаш
истиот се димензионира со додавање на нормативот за простори за дневен престој.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
38 од 59
(7) Ходниците во станбените единици, кога служат исклучиво како интерни
комуникации (без никаква опрема, уреди, ормари), се димензионираат со минимум 150 см.
кај еднострано, односно минимум 180 см. кај двострано изградените. Ходниците треба да
бидат природно осветлени и вентилирани.
(8) Скалите треба да бидат добро природно осветлени и проветрени. Широчината на
скалишниот крак се димензионира:
- со минимум 120 см., за капацитет на станбени единици од 50 деца;
- со минимум 130 см. за капацитет на станбени единици до 100 деца;
- со 5 см. зголемување на кракот, за секои наредни 50 деца.
(9) Скалниците треба да бидат со максимална височина од 14 см.
(10) Мали денивелации на подните површини да се совладуваат, покрај со скали и со
рампи.
(11) Максималниот наклон на рампите, треба да изнесува 1/12 (8,33%).
(12) Во ходниците и скалите треба да има држачи поставени на височина од 60 см. и 90
см. од подот.
3.2.6. Санитарни простории
Член 93
(1) Групата заеднички простории, треба да биде придружена со санитарни простории.
Истите треба да бидат поделени на машки и женски корисници. Се димензионираат со
предпростор со два мијалници, една тоалет кабина и два писуари за машки корисници,
односно две тоалет кабини за женски корисници за одморалиште со капацитет до 120
деца. За секои наредни 50 деца, се додава уште по една тоалет кабина.
(2) Во оваа група простории, треба да се предвиди и санитарен јазол за независна
употреба на деца кои користат инвалидска количка.
3.3. Други простори
3.3.1. Административни простории
Член 94
(1) Канцеларија на директорот, со површина минимум 16 м². Истата служи за
раководниот орган и состаноци на управниот одбор на одморалиштето.
(2) Канцеларија за администрација со две работни места, со површина минимум 12 м².
3.3.2. Здравствени простории и соби за вработени
Член 95
(1) Амбуланта
- просторија за здравствени интервенции со површина од минимум 12 м².
(2) Просторија за изолација
- просторијата за изолација треба да овозможи сместување на две легла и се
димензионира со површина минимум 10 м².
(3) Санитарна просторија
- санитарната просторија претставува комплетна бања со туш, така организирана да
овозможи пристап и за деца со посебни потреби.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
39 од 59
3.3.3. Простории за вработени
Член 96
(1) Во детското одморалиште треба да се предвидат соби за вработените,
димензионирани така да овозможат сместување на три лежаи, придружени со една туш
бања.
(2) Во објектот треба да се предвиди еден апартман за директорот на одморалиштето.
(3) За групата простории од член 94 и амбулантата од член 95 од овој правилник, се
предвидува еден санитарен јазол составен од предпростор со мијалник и една тоалет
кабина.
3.3.4 Остава за прибор за чистење и миење
Член 97
Остава за прибор за чистење и миење се користи за чување на приборот за површинско
одржување хигиена на одморалиштето. Се димензионира со површина од минимум 3 м².
3.2.4. Економско технички простории (кујна, магацини, простории за перење,
санитарни простории, хигиенска остава и греење)
Член 98
(1) Економско техничките простории треба да имаат посебен пристап за возило,
диференциран од пешачките пристапи во локацијата на одморалиштето. За оваа група
простории, треба да се предвиди и посебен влез во објектот.
(2) Објектот треба да има сопствена кујна, во која треба да се обезбедат следните
активности: груба подготовка, фина подготовка (месо, зеленчук, овошје), ладна кујна,
термичка кујна, подготовка на слатки, миење на бели и црни садови, прирачни остави и
издавање храна. Се димензионирани според бројот на оброците и тоа:
- до 100 оброци 0,5 м² по оброк, а не помалку од 25 м²;
- од 100-150 оброци 0,3 м² по оброк;
- од 150 и повеќе оброци 0,25 м² по оброк.
(3) Објектот треба да има најмалку два магацини за храна, од кои еден за свеж
зеленчук и овошје и еден за колонијал, магацин за инвентар и магацин за постелнина,
димензионирани секој одделно со површина од минимум 6,0 м².
(4) Објектот треба да има:
- просторија за прифаќање нечиста постелнина, сортирање, перење и сушење, со
површина од минимум 6,0 м²;
- просторија за пеглање, шиење, складирање и издавање на постелнината, со површина
од минимум 9,0 м².
(5) За вработените во кујна, треба да има посебни санитарни простории. Истите се
состојат од машка и женска гардероба, со по една туш кабина и по една тоалет кабина, со
предпростор за мијалник. Се димензионираат со вкупна површина од 9,0 м².
(6) Просториите во објектот може да се затоплуваат со:
- сопствено централно греење (на струја, тврдо или течно гориво), или пренесување на
топлинска енергија од други котларници. При сопствено централно греење, се предвидува
просторија чија површина се определува според важечките нормативи за ваков вид
простории, односно просторија за топлотна потстаница во вториот случај
- панелно греење (плафонско и ѕидно);
(7) Користење на сончева енергија, преку пасивни системи, или колектори.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
40 од 59
3.3. Отворени простори
Член 99
(1) Површините за воспитно образовни активности можат да бидат целосно или
делумно наткриени или отворени. Истите треба да бидат планирани, јасно дефинирани и
лесно да се адаптираат и програмски трансформираат.
(2) Површините за игра и зелените површини треба да бидат дефинирани и обликувани
така да создаваат посебни амбиентални целини.
(3) Одморалиштето треба да поседува отворени спортски терени и тоа: игралиште за
мал фудбал и кошарка.
(4) Обработката на површините за игра треба да биде од материјал што не се лизга:
асфалт во боја, бехатон плочи, дрвени коцки, тула, камени плочи и др.
(5) Обработката на подовите и заштитната ограда на спортските терени, како и
опремата за спортските терени и површините за игра, треба да бидат во согласност со
прописите и стандардите од областа на опремувањето, поставувањето и одржувањето на
опремата..
(6) Детските одморалишта покрај езеро треба да имаат заградени плажи, уредени со
тушеви и платформи за сончање.
(7) За сите активности на отворено, треба да се предвиди посебен санитарен јазол.
Истиот треба да биде пристапен непосредно од отворениот простор на одморалиштето и
да содржи минимум две тоалет кабини за женски корисници и една тоалет кабина и два
писуара за машки, со предпростори за мијалници.
4. ОПРЕМА
4.1. Стамбени единици
4.1.1.За деца на возраст до шест години
Член 100
(1) Вградената и мобилната опрема треба да овозможи безбедна и лесна употреба,
согласно програмираните содржини, активности и психофизичките карактеристики на
корисниците, и тоа:
- кревет со дим. 85/195;
- душек со дим. 80/190;
- наткасни (ноќно орманче), со дим. 40/40;
- масички со дим. 80/80/56;
- столче со дим. 36/24/34;
- отворени полици за играчки;
- подвижно пано.
(2) Гардероба:
- гардеробно ормарче, со дим. 35/50/180 со касета за чевли во долниот дел;
- клупа со широчина 26 см., височина од 38 см. и должина од 90 см. за секоја група.
4.1.2.За деца на возраст над шест до 18 години
Член 101
(1) Соба за одмор, опфаќа:
- кревет со дим. 95/195-200;
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
41 од 59
- душек со дим. 90/190;
- наткасни (ноќно ормарче), со дим. 40/40;
- работна маса 65/130/70;
- столица.
(2) Гардероба
- гардеробно ормарче, со дим. 50/55/180, со касета за чевли во долниот дел;
- клупа со широчина 26 см., височина од 38 см. и должина 90 см. за секоја група;
- шошки за вертикално одложување на скии и чевли (само за одморалиште на планина).
4.1.3. За деца со пречки во развојот
Член 102
За оваа категорија деца, вградената и мобилната опрема е идентична со опремата од
членовите 100 и 101 од овој правилник.
4.2. Заеднички простории
Член 103
(1) Во сите заеднички простории, треба да се избере мебел, којшто ќе овозможи лесна
адаптација на просторот и обавување на планирани, програмирани и спонтани содржини.
Парчињата мебел да бидат со заоблени рабови, лесно мобилни, од природни материјали
кои лесно се одржуваат, без дополнителни пресвлаки.
(2) Во просторот за дневен престој од мебелот за седење, треба да се предвидат лесни
клубски фотелји, комбинирани со клубски масички.
(3) Комодите да бидат така димензионирани и обликувани, да овозможат нивна
употреба за формирање помали катчиња, сместување и контролирано чување на потребни
реквизити, како што се: музички систем, ТВ апарат, ДВД, реквизити за друштвени игри и
сл.
(4) Влезниот хол треба да биде опремен со информативен пулт, со минимум должина
од 150 см.
(5) Трпезаријата се опремува со квадратни маси, дим. 80/80/70 и столици без наслон за
раце, изработени од материјал кој лесно се одржува. Врската на трпезаријата со кујната да
се оствари со линија на самопослужување.
(6) Работилниците се опремени со работни маси со столчиња, училишна табла, платно
за проекции, компјутер, ормари за контролирано чување на апарати, како што се: “ЛЦД”
проектори, графоскопи, слајд проектори и разни нагледни средства, ѕидни паноа за
изложување на експонати и отворени полици за одлагање.
(7) Просторијата за гимнастика треба да биде опремена со: душеци за вежбање на
партер, рипстол, греда и др. спортски реквизити.
Член 104
(1) Во просторијата за директор, освен работна маса со додаток и работна полуфотелја,
треба да се предвиди и маса за состаноци, така димензионирана да овозможи сместување
на осум канцелариски столици.
(2) Амбулантата треба да е опремена со работна маса и работни столици, медицински
лежај за преглед, медицински ормар и кружно столче на динамична осовина.
(3) Во просторијата за изолација треба да се предвидат два лежаја, наткасни,
гардеробно ормарче и столица.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
42 од 59
4.3. Економско технички простории
Член 105
(1)Потребна опрема за кујна со капацитет за 200 деца:
- парофаќач;
- шпорет 1/2;
- кипер од 80 л.;
- казан од 250 л.;
- печењара 1.3;
- сталак за плехови;
- љуштилица за компири;
- електричен нож за сечење леб;
- универзална машина;
- трупец за месо;
- мијалник 1/3;
- мијалник 1/2;
- мијалник 1/1 мал;
- бојлер од 100 л.;
- бојлер од 60-80 л.;
- бојлер од 10 л.
- самопослужна линија;
- неутрални работни маси со полици;
- маса за отпадоци;
- маса за цедење садови;
- витрини за леб и друг прибор;
- разни видови ножеви;
- тенџериња различна големина и плехови;
- даски за сечење;
- ладилник 750 л. и мал од 350 л.
- ладилник за замрзнување од 410 л.
(2 )Ситен инвентар:
- чинии (голема, средна, мала) за 200 деца;
- чаши за млеко, чај;
- ситен прибор, лажици - голема, мала, виљушка, нож;
- бокали за вода;
- чаши за вода.
(3) Опрема за чајна кујна во станбените единици:
- мал шпорет;
- работна маса;
- витрини за прибор;
- ладилник од 250 л.;
- ситен инвентар - прибор;
- чинии различна големина;
- мали тенџериња;
- тава.
(4) Пералната треба да биде опремена со: машина за перење од 15 кгр. и машина за
сушење од 15 кгр., машина за пеглање, работна маса за одлагање и издавање, како и
плакар за чиста постелнина.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
43 од 59
4.4. Санитарни простории
Член 106
(1) Сите санитарни простории во објектот треба да бидат опремени, освен со
стандардните санитарни уреди (тоалет шолји, мијалници и писуари) и со неопходната
санитарна галантерија (огледала, држачи за течен сапун, пешкири, хартија за раце,
тоалетна хартија).
(2) Во санитарните простории наменети за децата со пречки во развојот, да се
предвидат неопходните помагала (држачи во под и ѕид) за независна употреба на истите.
Член 107
4.5. Опрема за отворените простори:
(1) Целокупната опрема за отворените простори за престој, игралиште и спортски
терени, треба да бидат како мобилни и монтажно демонтажни.
(2) Игралиштето за деца до шест годишна возраст, треба да биде опремено со реквизити
за игра и творечки активности (лулашка, клацкалка, тобоган и сл.).
(3) Спортските терени треба да бидат опремени со кошеви, мрежи, стативи за мал
фудбал и сл.
(4) За престој на отворено, да се предвидат доволен број клупи за седење.
(5) Опремата на игралиштата и спортските терени треба да биде во согласност со
прописите и стандардите од областа на опремувањето, поставувањето и одржувањето на
опремата.
4.6. Санитарно хигиенски услови
Член 108
Градежните материјали и вградените инсталации, треба да ги задоволуваат важечките
технички услови и стандарди во однос на конструкцијата, противпожарната безбедност,
топлотната и звучна изолација, заштитата од влага и енергетската ефикасност.
Член 109
Во одморалиштето треба да се определи посебна соодветно опремена просторија за
изолација на заболени корисници. Истата се предвидува во непосредна близина на
влезниот хол и не смее да биде проодна за корисниците на станбените единици.
Член 110
Соби за одмор треба да обезбедуваат најмалку 12 м³ воздушен простор по корисник.
Член 111
Одморалиштето треба да биде снабдено со доволна количина хигиенски исправна вода
за пиење и за санитарни потреби. Доколку вода не може да се обезбеди од централен
водовод, потребите за вода треба да се подмируваат од сопствен објект за
водоснабдување, кој ќе одговара на важечките прописи за вода за пиење.
Член 112
(1) Одморалиштето треба да има канализациона мрежа за отпадни води, согласно
важечките прописи за заштита на водите од загадување.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
44 од 59
(2) Доколку не постои можност за приклучување во канализационата мрежа, отпадните
води и материи, пред нивно испуштање, треба да се прифатат и пречистат преку постројки
за механичко и биолошко пречистување.
Член 113
Одморалиштето треба да биде снабдено со електрична енергија.
Член 114
Одморалиштето треба да има еден санитарен јазол за користење од надвор,
димензиониран така, да обезбеди една тоалет кабина на 60 корисници.
Член 115
Подот во главната кујна, треба да биде направен од таков материјал, кој може лесно
влажно да се чисти, да не задржува вода и да е отпорен на дезинфекциони средства за
одржување.
Член 116
(1) Подот во трпезаријата треба да е обложен со материјал кој лесно се чисти и
дезинфицира.
(2) Пред трпезаријата, треба да има простор со мијалници за раце со вода која истекува,
течен сапун, апарат за сушење или хартија за бришење на рацете и дезинфекциони
средства.
Член 117
Дворното место на одморалиштето треба да биде обезпрашено, испланирано со
површина за игра и спорт, озеленето и снабдено со доволен број корпи за отпадоци.
Член 118
Одморалиштето треба да има пристап за корисници, одвоен од пристапот за економско-
техничкиот дел.
Член 119
(1) Отстранувањето на цврстите отпадоци од просториите на одморалиштето се врши
секојдневно на соодветен хигиенски начин.
(2) Просторот каде што се чуваат отпадоците, треба да биде прописно изведен и
изолиран.
(3) За уредите и опремата за одржување на хигиената, треба да се обезбеди посебна
просторија.
4.7. Структурните елементи, материјали
и инсталации
Член 120
(1) Структурните елементи (подови, ѕидови, тавани, прозорци и врати), го дефинираат и
обликуваат просторот.
(2) Материјалите со своите физички перформанси, структура и боја, влијаат на
конфорот и пријатното чувство во просторот.
(3) Еколошката и хигиенската безпрекорност на вградените материјали треба да е во
согласност со прописите за градежни производи, за намената, за која се предвидени.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
45 од 59
(4) Инсталациите се внатрешни инфраструктурни елементи, кои директно влијаат на
употребливоста на просторот и неговиот стандард.
(5) Во просторијата за гимнастика, ѕидовите и другите структурни елементи, треба да
бидат обработени со градежни материјали што го апсорбираат звукот од ударите и се
отпорни на механичко оштетување, во височина од 1,60 м. од подот.
4.7.1. Подови
Член 121
При изведбата на подовите и изборот на материјалите, треба да се има во предвид
следното:
- потконструкцијата на подовите треба да е во согласност со прописите за градба на
објекти;
- материјалите за обработка на подовите треба да бидат тврди, отпорни на абење,
нелизгави и лесни за одржување;
- за спалните соби во станбените единици, материјалите за подот треба да бидат
природни, топли и нијансирани со светли тонови;
- за заедничките простории - трпезаријата, дневниот престој, влезниот хол и
ходниците, се препорачуваат подови од керамички или ПВЦ плочи со дим. 40/40;
- материјалите за завршна обработка во просториите каде се употребува вода
(санитарни простории, кујна, перална, котларница), треба да бидат нелизгави, коси, со пад
кон подните сифони, спротивно од пристапот кон нив, а кај отворените тераси, падот да
биде од внатрешните ѕидови према надвор.
4.7.2. Ѕидови и тавани
Член 122
(1) Ѕидовите во спалните соби треба да бидат обработени со градежни материјали, во
светли тонови, кои даваат чувство на топлина. Се препорачува поставување на
хоризонтална даска со широчина 15-20 см. на височина од 90 см. од подот.
(2) Ѕидовите во заедничките простории особено во просторијата за дневен престој и
трпезаријата, треба да бидат изведени од мобилни лесни прегради, со што се овозможува
адаптибилност и зголемена перцептивност на просторот. Како доживувањето на истиот е
во релација и со ликовните, светлосните и други ефекти, посебно внимание да се посвети
на дизајнот на ентериерот.
(3) Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите
(претпростор кај трпезарија, амбуланта) со височина од 210 см., треба да бидат обложени
со керамички плочки, или друг вид градежен материјал кој е водонепропусен, постојан и
лесен за одржување со течни средства за дезинфекција.
(4) За да се обезбеди визуелна поврзаност на пооделните простории за корисниците и
комуникациите, се препорачува употреба на фиксни транспарентни отвори во преградните
ѕидови, со парапет 0 см., со употреба на нескршливо стакло, поликарбонати и сл., со цел
да се обезбеди контрола над корисниците.
(5) Во просториите за деца (спални соби и заеднички), сите истакнати агли на ѕидовите
да бидат заштитени со аголни метални лајсни.
(6) Ѕидните огледала треба да бидат заштитени со фолија на задната страна, за да се
спречи повредување на децата, доколку се скршат.
(7) Површините на таваните треба да се мазни и светли, со минимална рефлексија.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
46 од 59
4.7.3. Прозорци
Член 123
(1) Прозорските отвори во спалните соби се димензионираат со минимум 1/8 од
површината на подот.
(2) За заедничките простории, прозорските отвори треба да изнесуваат 1/5 од
површината на подот.
(3) Во спалните простории се препорачува примена на француски прозорци, при што се
употребува заштитна ограда од надворешната страна, со височина од 110 см.
(4) Прозорците може да бидат изработени од дрво, или друг материјал, со
термоизолирани профили и термоизолационо стакло.
(5) Во просторијата за гимнастика, прозорците треба дополнително да бидат
обезбедени од удари.
(6) Во сите простории за деца и во просториите во кои подолго се задржуваат
вработените, да се обезбеди засенување на прозорците.
4.7.4. Врати
Член 124
(1) Надворешните влезни врати, треба да бидат обезбедени од надворешни влијанија со
стреи, натстрешници, тремови и сл.
(2) Влезните врати и вратите во ветробраните, треба да функционираат со автоматско
затворање.
(3) Крилата на вратите во спалните и заедничките простории, треба да се отвораат кон
излезот од објектот.
(4) Вратите во објектот да бидат без прагови.
(5) Влезната врата и вратите во просториите за деца, треба да бидат со светла
широчина, минимум 90 см. за еднокрилни, односно 130 см. за двокрилни врати. Се
препорачува употреба на надсветла на вратите, во широчина на крилото.
(6) Вратите во економските простории, како што се: кујна, перална и котларница, треба
да имаат светла широчина минимум 120 см., заради внесување опрема.
4.7.5. Осветлување и проветрување
Член 125
(1) Се препорачува, сите простории во објектот на детското одморалиште да бидат
природно осветлени и проветрени.
(2) Освен природното, како дополнително осветлување се користи и вештачкото. Се
препорачуваат флуоресцентни извори на светлина, освен во спалните соби, каде се
предвидува таванско централно и додатно ѕидно осветлување за секој кревет поединечно.
(3) Исто така во просториите за дневен престој и влезниот хол, се препорачуваат
додатни мобилни стоечки светилки.
(4) Светлосните тела во просторијата за гимнастика, треба да бидат заштитени од удар
на топка и други предмети.
(5) Проветрувањето во сите простории во објектот, треба да биде уредно, во согласност
со важечките технички прописи.
(6) За гардеробите, санитарните простории, кујната и пералната, потребно е
дополнително механичко проветрување.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
47 од 59
(7) Во главната кујна, чајните кујни и санитариите, проветрувањето треба да биде
уредено така да се оневозможи ширење непријатна миризба во објектот.
4.7.6. Загревање
Член 126
(1) Просториите за деца, треба да бидат рамномерно загреани и тоа:
- на 20оС-22 оС, во просториите за престој и спиење и
- на 18оС-20 оС, во ходниците и просторијата за гимнастика.
(2) Инсталацијата за загревање на објектот, треба да биде така проекти-рана, да
овозможува лесно и безбедно вклучување и исклучување на пооделни делови од објектот.
4.7.7. Звучна заштита
Член 127
(1) Горните подни, ѕидните и тавански облоги, треба да бидат од материјали кои ја
загушуваат бучавата.
(2) Инсталациите треба да бидат планирани, така што ќе се спречи ширењето на звукот
од санитариите кон просториите за спиење и престој.
4.7.8. Инсталации
Член 128
(1) Електричните штекери треба да имаат вметната заштита и да бидат поставени на
180 см. Од подот.
(2) Во секоја занимална треба да има два штекера, кои се наместени на спротивни
страни.
(3) Прекинувачите треба да бидат наместени на таква височина, да ги досегнуваат
децата (1,20 м. до 1,30 м. од подот).
(4) На влезовите од објектот, да се предвидат сензори за палење и гасење на светилките.
(5) Во објектот и во отворениот простор на одморалиштето, да се инсталира разгласна
електрична инсталација.
(6) Објектот треба да биде поврзан со телефонска мрежа.
(7) До сите мијалници, кади и тушеви, треба да биде воведена студена и топла вода.
XIII.НОРМАТИВИ ЗА ИСХРАНА ВО ДЕТСКО
ОДМОРАЛИШТЕ
Член 129
(1) Храната која се подготвува за децата во детско одморалиште треба да биде здрава,
оптимална и балансирана, подготвена со биолошки вредни прехранбени производи кои
можат да ги задоволат енергетските потреби, квалитативен и квантитативен внес на макро
и микро нутритивни материи со што ќе се обезбеди хармоничен раст и развој на детето
како и превенција од заболување.
(2) Во детското одморалиште дополнително може да се внесува само индустриски
подготвена и спакувана храна.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
48 од 59
Член 130
(1) Правилната исхрана на децата во детско одморалиште треба да се обезбеди преку
редовен број на оброци во согласност со препорачаните количини на енергија и хранливи
материи од Светската здравствена организација кои се содржани во табелите усогласени
со препораките од Правилникот за правилна исхрана на населението во Република
Македонија, дадени во Прилог бр. 3 и се составен дел на овој правилник.
(2) За време на организираниот престој на децата, кога се изведува нас-тава во природа,
одмор и рекреација и сл., децата се изложени на дополнителни физичко - рекреативни
активности (натпревари во спортски дисциплини, спортување, пешачење, организирање
забави и сл.). заради што и планираниот дневен внес на енергетски, градивни и заштитни
материи, дадени во Прилог бр. 3 се недоволни и има потреба од зголемени енергетски
потреби во просек за 20% и тоа посебно за деца од четири до десет години и за деца од 11-
18 години дадени во Прилог бр. 4 и се составен дел на овој правилник.
Член 131
(1) Во планирањето на дневната исхрана се предвидени четири оброка и тоа:
- појадок кој учествува со 25% од вкупните дневни потреби;
- ручек со 35% од вкупните дневни потреби;
-попладневна ужина со 10% од вкупните дневни потреби;
- вечера со 30% од вкупните дневни потреби.
(2) Процентуалната застапеност на оброците од став (1) на овој член се дадени во
Прилог бр. 5 и се составен дел на овој правилник.
XV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 132
(1) Установите за деца кои на денот на влегувањето во сила на овој правилник ги
исполнуваат условите за вршење на дејноста, продолжуваат да работат во тие просторни
услови, а за останатите во рок од пет години потребно е да се изврши прилагодување на
истите.
(2) Основачот на установата за деца треба континуирано, согласно со прописите и
расположивите средства да се грижи за обезбедување и подигнување на стандардите и
нормативите за работа на установите за деца согласно овој правилник.
Член 133
Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот
за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на детска градинка („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 35/09).
Член 134
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Македонија”.
Бр. 11-622/1
27 јануари 2014 година Министер,
Скопје Диме Спасов, с.р.
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
49 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
50 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
51 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
52 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
53 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
54 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
55 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
56 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
57 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
58 од 59
Службен весник на РМ, бр. 28 од 06.02.2014 година
59 од 59

No comments:

Post a Comment