Monday, March 3, 2014

PRIRODEN LEK ZA VENI, KASLICA,HEMOROIDI, HRANSA I DR.

19
Проширените вени настануваат како последица на слаба циркулација и оптеретеност на крвните садови, а доколку не се лекуваат навреме, доведуваат до потешки заболувања и тромбоза.
Природата нуди многу лекови кои можат да ги ублажат и спречат проширените вени.
Невенот е една од тие природни билки која се покажа како добар лек за проширени вени. Цвета во април или мај, а може да се најде во дворовите и ливадите.
Маст од невен за проширени вени
Два грста невен (цветови, стебло и листови) се сечкаат на мали парчиња.
Во соодветен сад се загрева 500 гр. свинска маст (сало), па во врелата стопена маст се додава невенот. Оставете кратко да зоврие, па садот тргнете го од оган.
Наредниот ден загрејте ја смесата да стане течна за да може да се исцеди и да се отстранат парчињата невен.
Подготвената маст чувајте ја во тегла или друг соодветен сад и секојдневно (неколку пати на ден) мачкајте ги заболените места.

Остави коментар






Почетна // живот // здравје // Народен лек за проширени вени

No comments:

Post a Comment