Sunday, December 8, 2013

PROCISTUVANJE NA CRNIOT DROB - DETOKSIKACIJA NA TELOTO- NMD

Прочистување на телото со билки

- Прочистување на црниот дроб







Детоксификацијата на телото е феномен кој во последните години како научно истражување го откри степенот на влијанието од токсините врз човечкото тело.
Нашите тела имаат природен систем за детоксификација кој континуирано е во функција, но поради се поголемиот степен на загаденост на храната што ја јадеме, воздухот што го дишеме и козметичките препарати кои ги користиме, овој систем е оптеретен а токсините започнуваат да се натрупуваат.

За постигнување на врвно здравје, долговечност и убавина, потребно е прочистување на организмот од овие токсини. Истражувачите откриле дека природната детоксификација може да се олесни и забрза со вклучување на некои билки. Постојат 4 главни системи кои е потребно да се прочистат:

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Куркумата е една од најдобрите билки за прочистување на црниот дроб. Го зголемува производството на жолчниот сок и до 100%, па со тоа помага во лекувањето на жолчката и растворање на жолчните камења.
Глуварчето е исто така ефикасно во отстранувањето на отпадните материи, како и за стимулирање на жолчката.

Прочитајте повеќе за куркумата ТУКА.
„Чајна мешавина за заболен црн дроб“ ТУКА.
„Чаеви за прочистување на црниот дроб“ ТУКА.
„Чај од ѓумбир за прочистување на црниот дроб“ ТУКА.
„Нездравата храна го оштетува црниот дроб“ ТУКА.
„Квас од цвекло за чистење на црниот дроб“ ТУКА.
„Кафето го штити црниот дроб“ ТУКА.
„Отстранување на камен од жолчката по природен пат“ ТУКА.
„Со трупка против камен во жолчката„ ТУКА.
„Хлорелата го чисти црниот дроб, дебелото црево и крвта“ ТУКА.

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Билката псилиум (Psyllium) која е еден вид на тегавец, не се апсорбира во тенкото црево, туку ја апсорбира вишокот вода и го стимулира дебелото црево. Други билки кои ја стимулираат перисталтиката се сена (senna), алое и каскара (Rhamnus purshiana).

Прочитајте:
„Лековито вино за прочистување на цревата од бактерии“ ТУКА.
„Лек за опсипација и чистење на дебелото црево“ ТУКА.
„Лекување опстипација со лимон“ ТУКА.
„Лекување опстипација со јаболко“ ТУКА.


ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЛИМФНИОТ СИСТЕМ
Лимфниот систем се чини дека е еден од најпознатите заборавени системи за кои ретко обраќаме внимание. Межутоа од неговото правилно функционирање зависи имунитетот на телото и борбата против болестите. Една од најважните билки која му е потребна на лимфниот систем е ехинацеата. За оптимални резултати е најдобро да се комбинира со астрагал (astragalus). Хидрастисот или Златниот корен (Hidrastis Canadensis) е уште една билка која има анти-воспалителни својства и која го помага чистењето на лимфниот систем.

Прочитајте:
„Прочистување од токсини со масло“ ТУКА.
„Манастирски лек за детоксификација“ ТУКА.
„Лимонов детокс план“ ТУКА.
„Детокс план во чекори“.ТУКА.

ПРОЧИСТУВАЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ
Ако го прочистите дебелото црево, тоа сигурно многу ќе им помогне и на бубрезите. Меѓутоа, постојат и хербални лекови кои можат да ги детоксифицираат и лекуваат бубрезите. Глуварчето на пример, е одличен диуретик што значи дека го помага излачувањето на течностите. Ајдучката трева (Achillea millefolium) и брезата значително помагаат во топењето на бубрежните камења а некои спазмолитици и чаојот од камилица го помагаат нивното исфрлање.

Прочитајте:
„Терапија со смрекинки за инфекции на уринарните патишта“ ТУКА.
„Чај против инфекции на мочните патишта“ ТУКА.
„Чај за прочистување на уринарните патишта“ ТУКА.
„Рецепти за чистење на бубрезите“ ТУКА.
„Мешавина од билки за камен во мочниот меур“ ТУКА.
„Диуретички мешавини“ ТУКА.
„Против песок во урината-Свила од пченка„ТУКА.
„Манастирски лек за исфрлање на камен од бубрегот“ ТУКА.
„Лек за камен во бубрегот“ ТУКА.

Поврзани Вести

ПРЕПОРАЧУВА
Бесплатни
совети и факти
направена според
крвната група
Повеќе

No comments:

Post a Comment