Кронова болест
- симптоми
-силни болки во стомакот и пролив
-грчеви и болки по јадење, особено на десната страна на долниот дел на стомакот
-хронична температура до 38 степени
-губење апетит, замор или губење тежина, особено ако се придружни со долготрајна мачнина и повраќање
-артритис, со погоре наведените симптоми
-кај мали деца, кој и да е од овие симптоми придружен со забавен раст и развој, а кај повозрасни деца забавеност на природниот развој
Кроновата болест (автоимуно нарушување), по правило се дијагностицира на возраст меѓу дваесет и триесет години, но може да се јави и кај доенчиња и кај деца. Почеста е кај жени отколку кај мажи и ретко се јавува кај лица од азиско или африканско потекло.
Болеста трае цел живот и може да се чува под контрола, но не може да се излекува. Заболените од Кронова болест имаат периоди на напади со болки во стомакот и проливи по кои следуваат недели и месеци во кои болеста мирува.
Честа компликација на кроновата болест е развојот на фистули кои навлегуваат во ткивото на цревата или во самата кожа, често во близината на аналниот отвор. Може да биде потребна операција за да се затворат фистулите. Некои заболени од Кронова болест покажуваат склоност кон нецревни нарушувања, како воспаление на окото, чирови на кожата, бубрежен камен или артритис во колената, зглобовите на рацете и нозете.
Луѓето кои имаат кронова болест 20 години и подолго се во опасност од добивање рак на дебелото црево, па мора редовно да одат на преглед, ако се на возраст над 30 години.
ЛЕКУВАЊЕ ДОМА
Со соковник исцедете сок од зелка и друг зеленчук и пијте најмалку една чаша секој ден. Грицкањето стапчиња од целер е брз начин да се дојде до дополнително количество растителни влакна. Кога повремено имате напад на пролив, одвојте време да седнете со чаша чај од камилица или корен од слез.
ИСХРАНА
Кога болеста е активна можете да го забрзате процесот на оздравување, ако пиете сок од листест зеленчук полн со хлорофил, зелка или слатководна алга Хлорела. Супата направена од морски алги, исто така, може да помогне.
Некои лекари за побрзо оздравување препорачуваат исхрана богата со белковини, растителни влакна и малку масти, со додатоци на витамини Б, А, со магнезиум, калциум, цинк и бакар.
Кај својот лекар или експерт за исхрана проверете пред да почнете да земате дополнителни количества витамини и минерали, зашто некои дејствуваат како лаксатив, а други предизвикуваат запек. Се смета дека масните киселини омега 3 од рибите и лененото семе го смируваат воспалението. Дополнителните количества омега 3 и флавоноиди може да ги купите во продавница за здрава храна или во билна аптека. Следете ги упатствата на етикетите и посоветувајте се со лекар во врска со дозирањето.
Лекарот може да препорача семе од тегавец во прав, топливо влакно кое го зголемува празнењето на цревата. Замешајте тегавец во прав во студена вода, испијте го, а веднаш потоа испијте уште една чаша вода за да му се зголеми делотворноста.
ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
Кората од брест во прав дејствува смирувачки на цревата. Натопете половина лажичка прав во чаша топла вода и пијте го растворот четирипати на ден. Чајот од камилица, бел слез или најквирц, исто така, дејствува смирувачки. За подготовка на чајот ви треба една лажичка билки на една чаша вода. Се пие трипати на ден.
Поврзани Вести
NMD
TESKA BOLEST - TESKA MAKA, PRIJATELKATA MOJA JA IMA!
ReplyDelete