Кога не се плаќа данок за наследство и подарок?
Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот, кои наследниците односно примателите на подароци ги наследуваат, односно примаат врз основа на Законот за наследување, односно договорот за подарок. Исто така данок на наследство и подарок се плаќа и на готови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, ако пазарната вредност на наследството, односно договорот за подарок е повисока од износот на едногодишната просечна плата во Република Македонија во претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Како обврзници на данокот на наследство и подарок се физичко и правно лице- резидент на Република Македонија кое наследува имот , како и физичко и правно лице кое прима имот на подарок, во земјата и во странство.Основицата на данокот на наследство и подарок претставува пазарната вредност на наследениот, односно на подарок примениот имот во моментот на настанувањето на даночната обврска, намалена за долговите и трошоците што го товарат имотот кој е предмет на оданочување. Обврската за плаќе настанува дури по правосилноста на оставинското решение, а додека за подарокот, на денот на склучување на договорот за подарок.
Данок на наследство и подарок не плаќа:
1) Наследникот, односно примателот на подарок од прв наследен ред.
2) Наследникот, односно примателот на подарок од втор наследен ред на еден наследен односно на подарок примен стан, односно семејна станбена зграда ако со оставителот односно давателот на подарок живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот, под услов тој и членовите на неговото семејство да немаат друг стан односно станбена зграда и
3) Наследникот, односно примателот на подарок од втор наследен ред на кој земјоделството му е основна дејност што ќе наследи, односно прими на подарок земјоделско земјиште и економски згради, ако со оставителот, односно давателот на подарокот живеел во заедничко домаќинство најмалку една година пред смртта на оставителот, односно во моментот на приемот на подарокот.
Од данок на наследство и подарок се ослободени државните органи, органите на општините, органите на општините во Градот Скопје и органите на Градот Скопје, Народната банка на Република Македонија, организациите на Црвениот крст, хуманитарните, социјалните, научните, образовните, културните установи и верските заедници за подарокот што го примиле во вид на недвижен или подвижен имот, хартии од вредност, парични средства и побарувања.
Пример за даночно ослободување:
Сoгласнo член 17 oд Закoнoт за данoците на имoт (Сл. Весник на РМ бр. 61/04 се oслободуваат од плаќање данок на наследство и подарок по даночна пријава бр. 12-11/350 од 14.02.2013 година.
Ослободување од данок постои и кога правото на сопственост на недвижност се пренесува на давателотна доживотното издржување кој во однос на примателот на издржувањето се наоѓа вб прв наследен ред и тоа само за делот на недвижноста кој би го наследил според Законот за наследување и без давање на издршката;
–ПРАВДИКО–
No comments:
Post a Comment