http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91013858195&id=25&prilog=1&setIzdanie=22973#.Ui8Y_Evfpyo.facebook |
Излезе од печат првиот број на „Смешко“ |
| ||||||||||||||||||||||
Ова списание овозможува сосема поинаква, поголема интерактивна комуникација меѓу родителите, воспитувачите и децата, велат авторите | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Содржините се распоредени во повеќе рубрики, и тоа: Љубопитници, Смешко раскажува, Игрозборки, Сликозборки, Смешна математика, Скокај и свиркај, Ѕирко и проѕирко...
Нов месечник за децата од предучилишна возраст
Едукативниот забавно-културен центар „Спирит“, подружница „Едука-Мак“, издаде ново детско списание, наменето за децата од предучилишна возраст, кое според својата концепција ги надминува досегашните традиционални форми и облици на издание за деца и е прво од ваков вид во земјава.Списанието, насловено според брендираниот лик на едно насмеано дете Смешко, има цел да одговори на најновите светски барања, воспитно-образовни тенденции за едукација на децата низ игра и забава, а содржините се компатибилни со програмските определби за предучилишна возраст. Во согласност со законските одредби, списанието „Смешко“ е одобрено за употреба во детските градинки со решение од министерот за труд и социјална политика. Списанието ќе излегува еднаш месечно и ќе претставува своевидно дидактичко средство за реализација на програмските цели. Илустративниот дел е најзначајната компонента, кој пренесува посебна порака од визуелен код и има сознајна функција да ја отслика содржината, сообразна на возраста на детето. Илустрациите создадени од еден афирмиран детски илустратор низ целото списание, што е концепциска законитост во создавањето детски списанија во светски рамки, создаваат директен начин на комуникација со детето, го поттикнуваат мисловниот процес, ја развиваат имагинацијата. Нагласувајќи ја когнитивната функција, придонесуваат за севкупниот развој на детето преку стимулирање на неговата перцепција и развојот на интелектуалниот потенцијал. Хумористичниот третман на илустрациите речиси секогаш побудува интерес кај децата. Секое дете сака да биде среќно, радосно, весело и многу лесно се преселува на смеата и можноста и другите да се смеат. Според најновите педагошки истражувања, научно е докажано дека хумористични елементи во илустрациите за децата се она што децата го сакаат. Текстовите во содржината на списанието им дозволуваат на децата да го стимулираат говорот и негуваат јазикот, особено да ги учат со задоволство текстовите со ритам и рима и да ја развиваат нивната меморија, преку повторувањето кратки стихови или текстови (раскажување по слика). Истовремено децата учат вештини како фонолошка свест, звукотехника, разбирање и флуентност. Ова списание овозможува сосема поинаква, поголема интерактивна комуникација меѓу родителите, воспитувачите и децата. Содржините се распоредени во повеќе рубрики, и тоа: Љубопитници, Смешко раскажува, Игрозборки, Сликозборки, Смешна математика, Скокај и свиркај, Ѕирко и проѕирко, Креативна природа, Играј со Смешко и Клипче и стрипче... | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Веста е прочитана: 124 Оценка: 5 | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
|
Powered by Dejan Jovanovski |
No comments:
Post a Comment