Monday, September 2, 2013

АЈДЕ СИТЕ ВО ГРАДИНКА!

  • Почитувани,
    Претпоставуваме дека со поаѓањето на Вашето дете во градинка покрај возбудата и радоста кај Вас се појавуваат и нови прашања и дилеми. Поаѓањето во градинка е прва ситуација во која детето ја напушта сигурноста на домот и мора да се прилагоди на новиот начин на живот во колектив.Периодот на прилагодување е... период во кој детето воспоставува социоемоционална врска со воспитувачот, време во кое детето и родителите се навикнуваат на новонастанатата ситуација.Однесувањето на децата во овој период е различно и индивидуално , а зависи од возраста на детето , темпераментот на детето, поранешните искуства со одвојување и средината во која расте.
    Во новата ситуација детето се чувствува само, исплашено и напуштено.Стравот од одвојувањето, новото и непознатото се нормална реакција.Стравот детето до три години го изразува со плачење,одбивање да јаде, да спие, не сака контакти со учителката,со децата, не сака да учевствува во игрите. Но некое дете пак се приврзува со учителката и сака постојано да биде во физички контакт со неа.
    Повозрасните деца пак реагираат со плачење, удирање, одбивање на храна, не сакаат да учевствуваат во активностите, во игрите со децата,и постојано прашуваат кога ќе дојдат мама и тато.Ваквото однесување може да се јави веднаш или одложено после неколку дена или недела.
    За среќа овој период е минлив и трае кратко. Набрзо ќе забележите дека Вашето дете со насмевка оди во градинка. Но до тогаш Вие сигурно се прашувате:
    -Кога ќе помине ова?
    -Дали ќе му биде добро на моето дете во градинка?
    -Ќе се грижат ли добро за него?
    Важно е да знаете дека детето ја чувствува вашата вознемиреност и со своето однесување токму тоа го изразува.
    Затоа:
    - Разговарајте позитивно со детето за градинката, објаснете му зошто мора да оди, кој и кога ќе го земе ( без разлика на неговата возраст)
    -Бидете одлучни кога го носите без разлика дали плаче, не сака да излезе од домот или од автомобилот.
    -Вашата разделба нека биде кратка, и иако ви е тешко немојте да плачете пред детето.
    -Во комуникацијата со воспитувачите бидете отворени и подготвени за соработка.
    - Во домот посветете му поголемо внимание, играјте со него.
    ВАЖНО! ВАЖНО! ВАЖНО!
    Вашиот позитивен став кон градинката,довербата и однесувањето се пример за Вашето дете и таков став и тоа ќе има кон градинката!
    НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС!
    Ви покасакуваме топло добредојде!
    При запишувањето запознајте не со навиките, карактерот и потребите на детето!
    За Вашето дете подготвивме пријатна, сигурна и мотивациска средина!
    БИДЕТЕ СТРПЛИВИ, МИСЛЕТЕ ПОЗИТИВНО!
    Во градинката е многу убаво- пееме, свириме, играме,расказуваме,другаруваме...
    АЈДЕ....СИТЕ ВО ГРАДИНКА!

No comments:

Post a Comment