Младоста завршува во 41-та
Неодамнешното истражување на британското одделение за плати
и пензии покажало дека младите и старите мажи и жени имаат различни перцепции на
старосните граници. Британците, во просек, сметаат дека староста почнува во 59.
година, а дека младоста завршува во 41. година. Луѓето над 80. години имаат
малку поинаква слика. Според нивното мислење, староста почнува во 68. година, а
младоста завршува во 52. година.
Стив Вибер, министер за пензии, смета дека ставовите за староста мора да се изменат. Тој укажал дека мора да се зголеми границата за настапувања на староста. Денеска луѓето живеат подолго, работат подолго и повеќе придонесуваат.
Едно од седум лица сметаат дека имањето шеф на 70. возраст е потполно неприфатливо, додека само едно од дванаесет лица рекле дека не се подготвени да прифатат шеф кој се наоѓа во триесеттите години.
Сепак, истражувањето покажало дека луѓето над 70 години се попријателски настроени, покомпетентни, но и дека имаат повеќе морални норми од луѓето на 20 години.
Стареењето на популацијата поставува многу предизвици во општеството. Постарите луѓе би можеле да се чувствуваат изолирано, па дури и исклучено. Економијата, исто така, би била во губиток, ако на постарите работници не им се даде прилика да се занимаваат со работи кои ги сакаат и за кои се уште се способни.
Младите луѓе, исто така, се соочуваат со дискриминација, и тоа двојно поголема отколку луѓето во друга животна возраст.
Извор: Плусинфо

No comments:
Post a Comment