Tuesday, March 20, 2012

BABITE I DEDOVCITE- IZVOR NA ZIVOTNA MUDROST


Бабите и дедовците - извор на животна мудрост




Старите луѓе повеќе ги вреднуваат убавите животни моменти, подобро управуваат со своето расположение и не се вознемируваат толку многу поради некои обични ситници кои ни го комплицираат животот. Се разбира тоа го научиле низ многу поминати години исполнети со животно искуство.

Со староста доаѓа и мудроста, а новите истражувања покажуваат и дека со зголемувањето на годините се зголемува и чувството за среќа. Научниците докажуваат дека причината за тоа е искуството на постарите луѓе подобро да се сносат со проблемите, да не им придаваат толку големо значење и уште повеќе да ги драматизираат како што тоа го прават помладите. Исто така, повеќето луѓе постари од 65 години најмногу уживаат во времето поминато со своето семејство.

- Тие имаат доволно животно искуство за да сфатат дека луѓето кои ни се драги се еден од најважните извори на доброто расположение и пред се на чувството кое внатрешно не исполнува, тврди американскиот психолог Sarah Brokaw.

Меѓутоа, не треба да бидете пензионирани за да бидете и среќни. Доволно е само сериозно да ги сфатите советите на вашите баби или дедовци и да учите од нивните примери и грешки. Способноста да се фокусирате на позитивните, а не на негативните чувства е последица која доаѓа со годините, но никогаш не е прерано за да станете оптимист. Дури и кога се чувствувате лошо, насмевнете се – верувајте дека вештачката насмевка брзо ќе се претвори во реална. Исто така, за да се разведрите помага и размислувањето и потсетувањето на убави нешта кои ве прават среќни.

Живеење во сегашностаРодителите често мислат дека нивните деца пребрзо растат и дека немаат доволно време да уживаат во преубавите моменти од нивното детство. А, пак бабите и дедовците се свесни дека тоа е релативно и знаат дека треба да се извлече максимум задоволство и среќа од секој момент од животот.

Неуспесите не прават посилниЛуѓето во години знаат дека животот е непредвидлив, но се што е лошо, брзо ќе помине. Оваа утеха ни носи душевен мир. Извлечете лекција од своите грешки, а потоа престанете да мислете на тоа што поминало и на тоа што ќе биде, доколку би било... Подобро е да уживате со своите успеси, отколку да живеете со грешките од минатото.

Ќе биде подобро отколку што очекуватеРечиси половина од луѓето постари од 75 години мислат дека нивниот живот ги надминал нивните очекувања. Во тешките моменти само сетете се да секогаш може да биде и полошо и дека еден ден веројатно ќе се смеете на нештата од кои денес ве боли глава. Веднаш ќе се почувствувате полни со надеж и ќе ви биде подобро.

Бидете благодарни за она што го иматеСо текот на годините луѓето ги сознаваат вредностите на нештата на кои често не посветуваме многу внимание, како што се здравјето, пријателите ... Секој ден, одвојте барем малку време за размислување на тема: “Луѓето кои ме сакаат и убавите нешта околу мене”.

Со омраза си нанесувате штета само себе сиЛуѓето кои се во состојба дури педесет години да памтат дека некој им направил штета или ги навредил и да смислуваат освета се рангирани како несреќни. Оние кои знаат како треба да живеат, јасно им е дека треба научат да простат затоа што негативните чувства го уништуваат доброто расположение.

Добринка ТемелковаПишува: Добринка Темелкова

3-та година на Правен факултет “Јустинија Први” - насока: Студии по новинарство. . Прочитај ги сите статии на Добринка Темелкова


датум: февруари 17, 2012
Facebook Twitter DZone It! Digg It! StumbleUpon Technorati Del.icio.us NewsVine Reddit Blinklist Add diigo bookmark

No comments:

Post a Comment