Saturday, March 17, 2012

НЕТБИБЛИОТЕКА - ДЕТЕТО ДАР ОД БОГА - МЕРОНИ ЃОРГИЕВСКА


  • ДЕТЕТО ДАР ОД БОГА



    Детето е најубавиот дел од животот на секој човек. Повеќето од нас знаеме како изгледа тоа да се расплачеш 
    наутро кога си беспомошен, да ја побараш топлата мајчинска прегратка во студените ноќи, а твојата мајкта
     веднаш да дотрча и да ти ја пружи. Знаеме колку е убаво да се вратиш изморен и гладен од училиште, а дома да те чека топла соба, прекрасен ручек на масата, бакнеж од мама и топла насмевка од тато. Сме излегувале рано наутро во летата, без престан сме играле до вечерта, безгрижно, удирајќи ги колената, паѓајќи, многупати сме се смееле и сме плачеле. И сите тие случувања, најубави доживувања, имало кој да ни ги овозможи и кој да им се радува.
    Но исто така и голем е бројот на малечки суштества кои ја немаат истата оваа среќа. Немаат дом, а уште помалку родителска грижа и љубов. Тие наве...чер легнуваат каде што ќе се најдат и се будат со нова надеж, дека сепак ќе се најде семејство и за нив. Дека некој ќе се сожали над тие малечки невини души, кои без нивна вина останале незгрижени и сами. Останале на милост и немилост на овој грд свет, на оваа сурова реалност, која од ден на ден станува се поужасна и за која е невозможно да и се врати поранешниот розов сјај. И секој ден ситуацијата е се полоша. Секој ден се погруби се луѓето со овие деца, кои молат да добијат 10 денари за да си купат ѓеврече кое им е повеќе од доволно за да го преживеат денот. Тие не се виновни, виновни сме ние. Виновни се сите оние кои не го планирале детето, но тоа се случило. Децата се најголемиот дар од Бога, и ние мора да ги почитуваме и да ги сакаме. Повеќе од било кој.

    БЛОГЕР - ЕЛИСАВЕТЕ СМИЧКОСКА- КИКОВИЌ

No comments:

Post a Comment