Примена на Microsoft
алатките во наставата во прво одделение
После посетената обука за користење на Microsoft
алатките во наставата, еве како ние учиме, стекнуваме знаења но и ги утврдуваме
стекнатите знаења користејки ги овие алатки.
Ова е видео записот од
активностите на овој интегриран наставен ден со наслов - Животните се
живи-домашни или диви , преку користење на Microsoft алатките и тоа:
пребарувачот Bing, AutoCollage, Flashcards i Songsmith
A ова се дел
од активностите во текот на наставниот ден преку фотографии
Како воведна активност ја имавме играта -Погоди
кое животно сум??- со која преку игра со имитирање на движењата и звуците на
животните погодувавме за кое животно се работи, а потоа разговаравме за него.
Беше многу интересно и забавно.
Користени Microsoft алатки при реализација на
содржините на интегрираниот наставен ден Животните се живи-домашни или
диви
-Интернет пребарувач Bing
Со
помош на овој пребарувач пронајдовме слики од домашни и диви животни и ги
опишувавме (изглед, место на живеење, исхрана и користа од
животните)
Потоа со помош на Microsoft алатката AutoCollage од
истите слики направивме албум од диви и албум од домашни животни. Истите албуми
ке ги испринтаме и ке си ги ставиме во училницата. Еве погледнете ги албумите
изработени во AutoCollage
Со користење на алатката Songsmith ја пеевме
песничката Меца, а оваа алатка ни овозможува да го снимаме нашиот глас, а потоа
да го преслушаме. Исто така оваа алатка Songsmith ни дава
можност
да ја пееме песната во различни стилови и ритам на музика како и со различно
темпо (бавно или брзо). Ние уживавме додека си пеевме, а потоа најсреќни бевме
кога се слушавме. Пеевме групно но и во дуети.
Во
шумичка деца има една меца, медец таа краде и слатко го јаде!!!
Низ
горичка шета таа мечка клета, вчера јас ја сретнав-во бегање
летнав!!
Алатката Flashcards ја
искористивме така што го утврдивме нашето знаење за домашните и дивите животни
преку погодување на гатанки. Оваа алатка овозможува да учиме, повторуваме и на
крајот ни овозможува да дознаеме колку сме имале точни одговори. И знаете што???
Ние ги погодивме сите гатанки со сите точни одговори.
А ако сакате да ја погледнете и вие да ги погодувате
нашите гатакни, само кликнете на линковите.
|
No comments:
Post a Comment