Секој тепих може да стане извор на непријатни мириси кои се шират низ целиот дом. Дамките од различно потекло емитираат непријатни мириси кои стануваат поинтензивни колку што тепихот е повалкан.
Непријатниот мирис е невозможно да се отстрани само со правосмукалка, а комерцијалните средства за чистење оставаат интензивен синтетички мирис кој долго не може да се проветри.
За среќа, постојат едноставни и непомалку ефикасни начини за отстранување на нечистотиите и непријатните мириси од теписите, кои можете да си ги направите сами и кои се целосно природни.
Ефикасно ги отстрануваат непријатните мириси а истовремено го чистат и освежуваат вашиот тепих.
Природен освежувач за теписи – верзија 1
Направете смеса од 1 чајна лажичка цимет, 1 чајна лажичка каранфилче во прав, 3 супени лажици сода бикарбона и 1 чајна лажичка сушена билка (лаванда или рузмарин).
Измешајте ги сите состојки и посипете ги врз тепихот.
После 15-20 минути поминете со правосмукалка.
Свежината и убавиот мирис веднаш ќе ги почувствувате низ целиот дом.
Природен освежувач за теписи – верзија 2
непријатните мириси
- Непријатниот мирис е невозможно да се отстрани само со правосмукалка
Измешајте 1 чаша сода бикарбона и 1 чаша густин. Додадете 10-15 капки етерично масло по ваш избор.
Измешајте и посипете по тепихот.
После половина час поминете со правосмукалка.
Сјајот, чистината и свежината се загарантирани.
Обичната сода бикарбона одлично ги неутрализира сите видови нечистотија, во што многумина се уверија користејќи ја за правење средства за чистење на мебел и чистење дамки на теписи. Покрај тоа, со негова помош се враќа и освежува првобитната боја на тепихот.
Совет за сопствениците на домашни миленици:
Поголема количина сода бикарбона (300-500 г) посипете по тепихот, без додавање вода, особено на местата каде животните најчесто престојуваат. Оставете преку ноќ или ако условите дозволуваат и на подолг период. Потоа темелно поминете го тепихот со правосмукалка. По потреба, процесот може да се повтори.
No comments:
Post a Comment