Wednesday, April 15, 2015

MASLO OD GORCLIVA DINJA


МАСЛО ОД ГОРЧЛИВА ДИЊА / Карела
(momordica charantia)
Зеленчук кој е познат за регионот на Средна и Јужна Азија, Jужна Америка, Океанија како и Северна Африка. Веќе е позната големата здравствена корист поврзана со конзумацијата на Горката Диња/Карела. Посебно е популарна помеѓу Јапонците од Окинава, кои се познати по долговечноста. Плодот од горката диња или карела потекнува од фамилија Cucurbitaceae, лат. име Momordica charantia растение кое расте во тропски и субтропски подрачја. Се одгледува како храна и лек и има широка примена. Растението расте како лоза со долги расцепкани листови и жолти цветови. Плодот изгледа како рапава тиква со издолжен облик која наликува на краставица.
Младиот плод е зелен, кој добива портокалова-жолта боја кога ќе созрее. Сите делови на растението се горки и погодни за конзумирање – лист, плод, семе. Несозреаните плодови се добар извор на витамин Ц, калиум и фосфор. Маслото од Горчлива Диња се приготвува од плодот кој има посебно лековито дејство а може да се користи и во прехраната. Најновите истражувања посочуваат дека Карелата има значајно дејство за имунитетот а посебно делува на намалување на растот на туморот, бидејќи го пореметува метаболизмот на гликоза во клетките на ракот, односно ги изгладнува истите и ги остава без шеќер – погонското гориво без кои не можат да живеат. Антиканцерогеното дејство е видливо и кај ракот на дојката, простатата, дебелото црево, црниот дроб, желудникот, тумори на носот и грлото, како и кај леукемијата и неуробластомите. Најновите истражувања покажаа дека горката диња делува цитотоксично на ракот на панкреасот.
Се смета за силен антиоксиданс, антивиротик, антидијабетик, антидепресив, го нормализира хормонскиот статус (посебно кај жените) и многу повеќе ...
Пакување: 50мл
Zorica Mitov коментираше на ова.

No comments:

Post a Comment