Monday, May 5, 2014

како се третираат раницки на анусот

Како да се третираат ранички на анусот

Како да се третираат ранички на анусот

- Се јавуваат од големо напрегање при опстипација








Раничките на слузокожата кои се јавуваат од големо напрегање при опстипација, можат да предизвикаат големи болки. Присилно празнење на цревата никогаш не се препорачува, особено на луѓето кои имаат висок крвен притисок, или што веќе претрпеле мозочен удар.
За да се олеснат тегобите, потребно е да се прави клизма со следната мешавина: по 30 г кора од храст и коњско опавче (Equisetum arvense L) да се вари 20 минути во 1 литар вода. Клизмата треба да биде топла и да се прави во тек на 8 дена. Пред легнување треба грбот да се мие со студена вода и оцет 1:1.

Ако покрај раните на анусот има и чести болки, тогаш треба да се ставаат чепови подготвени на следниот начин: се мешаат еднакви делови од свинска несолена маст и кристализиран мед, се формираат чепови кои пред употреба треба да отстојат на студено за да се стегнат. Се ставаат што подлабоко во анусот, неколку пати во денот.

Навечер пред спиење, треба да се става облога од испечен црвен кромид: уште додека е топол, да се изгмечи и да му се додаде 1 лажичка свинска маст.
Покрај ова се препорачува терапија со смрекинки, која ќе ја прочитате ТУКА.

6 пати дневно треба да се пие чај од следната мешавина:
- 4 г црвен кантарион (Centarium erythraea)
- 4 г цвет од трнинка (Prunus spinosa L)
- 4 г жалфија (Salvia officinalis L)
- 4 г бозел (Sambucus nigra)
- 2 г пелин (Аrtemisia Absinthium L)
Оваа мешавина треба да кисне во 0,5 литар вода 12 часа, а потоа да се стави на оган да зоврие. Штом почне да врие водата, садот веднаш се трга од огнот па се остава уште 10 минути да отстои под капак. Се процедува и се пие најдобро пред јадење. Оваа количина треба да се подели на шест, правилно распоредени дози во текот на еден ден.
  • Најчитани
  • Последни

No comments:

Post a Comment