Прв пат во Македонија лекување на очен притисок со имплант
01.11.2013 | 14:11
Прочитано: 9
На Универзитетската клиника за очни болести денеска прв пат е изврешена оперција на око каде е лекуван глауком со имплантација на шант кој го намалува очниот притисок.
Докторката на очната клиника Ирина Богданова истакна дека оваa метода е една од најуспешните во лекувањето на очниот притисок, и појасни дека постои 100 процентна гаранција дека имплантот ќе биде прифатен од оргнизмот. Посочи дека во Македонија околу 15 пациенти месечно имаат потреба од оваа метода.
- Оперативниот зафат е извршен врз 40-годишен пациент кај кој окото било повредено од удар каде добил очен притисок и перде односно катаракта на окото. За третирање на пердето кое е последица од ударот потребно е намалување на притисокот а кај пациентот кој бил лекуван со стандардната метода со медикаменти тоа не се случило, истакна Богданова
Имплантацијата е изведена во координација со офталмологот Скот Ли од САД кој е дел од програмата за престој на специјалисти од САД во Македонија на Министерството за здравство за континуирана медицинска едукација.
No comments:
Post a Comment