Saturday, November 16, 2013

Kako dnevno da se greete za 6 denari!

најдат најразлични видео содржини, а помеѓу нив е и видеото кое што покажува како луѓето во домашни услови може да направат безбедна, но моќна греалка само со помош на неколку свеќи, лимен сад и две саксии.

Станува збор за еден од најнеобичните методи за борба против цените на греењето, објавил "Telegraph", додека пак корисникот кој што го објавил видеото на Јутуб изјавил дека на овој начин може да се затопли соба или канцеларија "речиси бесплатно".


Имено, новинарот и снимателот Дилан Винтер направил "направи сам" греалка, користејќи се со процесот за пренос на топлината. Така, тој ставил четири свеќи во лимен сад и истиот го покрил со две керамички саксии, на тој начин создавајќи минијатурна печка.

Иако видеото било објавено во текот на минатата есен, истото станало вистински хит минатата недела, а Винтер својот изум го засновал на системот кој го развил британското Министерство за одбрана во Втората светска војна.


"И тие исто така користеле две саксии, меѓутоа истите биле во облик на конуси, а тие се користеле за греење на скривалиштата. Мојата направа е поедноставна и поефикасна", објавил Винтер.


Според процените на новинарот, кој нагласил дека свеќите може да се купат во пакување од 100 парчиња по цена од само 1 фунта или 74 денари, целиот овој "проект" за греење би чинел нешто повеќе 8 пени дневно или околу 6 денари.

Звучи навистина економично, а доказ за тоа дека станува збор за нешто навистина ги воодушевило луѓето, говори и податокот од повеќе од 2,2 милиони прегледи на видеото!

No comments:

Post a Comment