Wednesday, July 24, 2013

PRIPREMA NA DETETO ZA VO GRADINKA- PRV DEN VO GRADINKA....

Како да го Подготвите Вашето Дете за Градинка

deca-vo-gradinka
Со поаѓањето во градинка на детето му се пореметува дотогашниот ред и навики што ги имало во домот, а тоа пак предизвикува промена во неговото однесување па затоа одвојте време  да го припремите за првиот ден во градинка.
Процесот на прилагодување е специфичен и зависи од повеќе фактори:
Каков е тепераментот на детето,  предходните искуства, а многу е битен и ставот на родителите (и другите членови од семејството) за градинката и за воспитувачите.
Често се случува дете од 2 или 3 години за три-четири дена лесно да се социјализира и со задоволство да оди во градинка секој ден, додека  на друго дете му треба повеќе од еден месец за адаптација.
Детето може да плаче, да биде нервозно наутро додека се спремате за во градинка, да се однесува агресивно или пак повлечено…Тогаш тоа се чувствува осамено, мама и тато, кои многу го сакаат, го оставаат  на непознато место со непознати луѓе толку долго време.
Како да го припремите детето за градинка и како полесно да го поднесе овој преоден период и да се прилагоди на новите навики и правила?               
Најнапред треба да се подготвите себе си, така што ќе си поставите прашања на кои искрено треба да си одговорите, тоа е најважно за вашето дете лесно да се прилагоди на новата средина.
  • Дали сакате вашето дете да оди во градинка за да биде со своите врсници
  • Дали го запишувате во градинка затоа што сте принудени, нема кој да ви го  чува додека сте на работа.
  • Вие сакате детето да оди во градинка, но баба се противи.
dete so svojata baba
Не ја потценувајте способноста на детето да ги почувствува вашите дилеми и колебања кои што подоцна многу вешто ќе ги искористи во своја полза, тоа вешто ќе умее да манипулира со вашата несигурност.
Ако сте ги расчистиле дилемите соберете информации:
Распрашајте се за градинката во која саката да го запишете вашето дете, за условите, вработените, исхраната, правилата во установата кои што треба да ги почитувате.
Посетете ја градинката, распрашајте се за се што ви е битно.
Ако сте сигурни  дека градинката што сте ја избрале ќе биде најдобар избор за вашето дете
донесете одлука. 
first day at school
Сега е на ред да го подгответе  вашето дете за во градинка:
  • Кажете му дека сте донеле одлука да оди во градинка.
  • Зборувајте му убави работи за градинката.
  • Однесето го во посета на градинката за и само да се увери во вашите зборови.
  • Кажете му дека  е  добро за него пократко време да биде во друштво на своите врсници и дајте му на знаење дека може и некој друг да се грижи за него неколку часа.
Проблемите  што се јавуваат  при поаѓањето на детето во градинка: одбивање, плачење, нервозно и агресивно однесување, одбивање да влезе во градинката, стравот од разделувањето од  родителите, всушност произлегуваат од вашиот однос  спрема  детето и неговото поаѓање во градинка па според тоа и лесно можат да се надминат.
prv den vo gradinka
  • Одбивање на детето  да влезе во градинка
Ваквите ситуации ќе ги избегнете ако сте доследни и трпеливи и да не попуштите пред солзите и напливот на емоции на детето. Во ваквите ситуации обично на родителите им е потешко одколку на детето, па попуштаат и се враќаат назад со мислата:  „Сега неможам да го оставам, ќе го направам тоа другпат“. Ваквата постапка само го продлабочува проблемот, зашто најверојатно детето ќе ја повтори истата реакција и следниот пат, може и со уште повеќе отпор, очекувајќи дека родителот ќе попушти.

  • Плачење
Една од најчестите реакции на детето кога се одвојува од родителите е плачењето, лесно се надминува со трпеливост, утешни разговори, охрабрување и развивање на свеста кај детето дека тоа е нешто убаво за него и дека тоа умее да се прилагоди на новата средина и нови другарчиња, дека во градинката ќе се чувствува убаво  и други утешни и охрабрувачки зборови.
  • Страв од градинката
Стравот од градинката кој се јавува кај детето  за време на адаптацијата, најверојатно е како последица од немирот и стравот кај родителите, детето тоа  го чувствува детето па  тоа чувство го пренесува на себе. Затоа многу е битно родителите да го охрабрат детето за така битена промена во неговиот живот. 
Ако стравот од градинка се појави по извесно време, откако детето го поминало периодот на адаптација и со со задоволство одело во градинка, па потоа се развил страв кај детето, важно е да се истражи зошто детето се исплашило (можеби се случило нешто во градинката) и поразговарајте за проблемот со воспитувачката на детето, бидете искрени и имајте доверба во личноста на која сте го довериле вашето дете, со таква соработка од двете страни проблемот набрзо ќе биде надминат. 
gradinka
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
 
pinterest
- See more at: http://www.childdevelopmentstory.com/kako-da-go-podgotvite-vaseto-dete-za-gradinka/#sthash.vXaOJCbv.dpuf

No comments:

Post a Comment