Tuesday, July 23, 2013

PRICISTUVANJE NA SINUSITE

Кога ќе дојде до воспалување на синусите веднаш се појавуваат симптоми како затнат нос, кашлица, болка, воспалено грло и др. За да не дозволиме да се разболуваме добро е да ги прочистуваме синусите барем неколку пати годишно.
Еден од методите за прочистување на синусите е со помош на мед. За целта бараме квалитетен природен мед но треба да е кристализиран. Треба да направите две мали топчиња со големина на зрно грашок. Поставуваме по едно во секоја ноздра и ја наведнуваме главата лежејќи со тилот надолу и челото зафрлено назад за да се растопи медот и да почне да се движи низ носот кон синусите.
Веднаш се чувствува целото движење на медот низ ноздрите, синусите и на крај грлото. Обично процедурата е придружена со болка но тоа значи дека чистењето е започнато. Резултатот е очигледен – обилно истекување на секрети од синусите кои ќе се слеваат во грлото. Добро е да не се голтаат, туку да ги искашлате надвор. Процедурата треба да се прави една седмица секојдневно. Луѓе со астма или тешки алергии најпрво треба да се консултираат со лекар.

No comments:

Post a Comment