Child Development Story
Да Ги Научиме Да Летаат
7 Начини како Вашето Дете да го Одвикнете од Цуцла за Лажење
Leave a reply
Многу деца за да се смират и утешат, а најчесто тоа го прават пред да заспијат, ја бараат својата цуцла лажалка. Но ако детето и после една или две година плаче по својата цуцла и не може без неа, родителите почнуваат да чувствуваат притисок дека можеби веќе тоа не е во ред и дека треба да направат нешто за да го одвикнат детето од цуцла. Периодот на одвикнувањето на детето од цуцла за лажење може да биде стресно како за детето така и за родителите.
Наједноставен начин е во текот на определен период постепено да се намалува користењето на цуцлата.
Овде ќе ви предложиме седум начини како да го одвикнете детето од цуцла за лажење. Што и да одлучите да направите најважно е одвикнувањето да не биде со казни, уцени, плашење и било што друго кое може да го вознемири детето уште повеќе.
Наместо така поуспешно ќе биде ако кај детето предизвикате чувство на успех, сочувство или ако го наградите. Ваквите постапки, иако директно не се насочени од страна на родителот како метод на воспитување, во иднина ќе помогне во градење на самодовербата на детето.
Не му ја давајте цуцлата додека не ја побара
Многу деца цуцлата ја бараат тогаш кога навистина им треба. Во периодот кога не им треба цуцлата нека стои во некоја фиока, односно претходно кажете му дека тоа е домот на цуцлата. Кога ќе ја побара извадете ја од фиоката. Оставете го да ја има извесно време и потоа, кажете му дека е време цуцлата да се врати дома.
Ѕвезда на рачето
Децата многу сакаат кога ќе добијат налепница на рачето за добро однсување. Тоа може да биде налепница со ѕвезда , цвет… Ова правете го секогаш кога детето доброволно ќе се откаже од цуцлата . Ако ова функционира продолжете додека не се одвикне сосема. Овој начин ќе функционира подобро ако има задача да собере повеќе ѕвезди, цвекиња… а за тоа ќе добие соодветна награда.
Нека ја користи само за спиење
Ова е најлесен начин детето да се одвикне од цуцла а секако ќе треба и најмалку време посебно кога детето преку денот не ја бара. Ако е така откако ќе заспие само извадете му ја од уста. Ако детето ја бара цуцлата само за заспивање тогаш лесно може да се мотивира само да ја остави на пример во замена за некоја играчка.
Предложете замена на цуцлата со некоја интересна играчка
Детето кога ја бара цуцлата сигурно бара удобност, па затоа обидете се една удобност да ја замените со друга. Може да прошетате до продавница да купите сликовница, нешто облека или кадифено мече или украси за креветчето.
Цуцлата постепено да ја снемува
Пресечете еден дел од цуцлата односно делот кој го става во уста. Внимавајте да го исечете рамномерно да не висат делови за да не откине некое парче. Така намалувајте помалку секоја недела додека не го исечете целиот дел.
Цуцлата ќе ја подариме
Децата многу сакаат ако им се каже дека се големи. Тоа може да се искористи и да се мотивира детето а уште повеќе ако му кажете дека ќе ја подарите на некое помало дете кое нема цуцла и плаче.
Разговор
Исто така може да помогне да бидат успешни било кој од овие методи ако разговарате со вашето дете . Разговарајте во смисла на тоа дека е време да се одвикне од цуцлата. Исто така е успешно ако детето свесно учествува во одвикнувањето и заедно работите на реализација на планот. На пример цуцлата да се преврти и да биде капа за куклата, така што цуцлата нема да му биде одземена ама нема да може да ја користи.
Треба да се има во предвид дека одвикнувањето на детето од цуцла не е лесно но со трпение, сочувство и доследност сепак на крајот тој проблем ќе биде минато.
Што Треба Родителите да Знаат Ако Детето се Занимава со Спорт
Најголем ризик по здравјето, за луѓето што се занимаваат со спорт, се повредите.
Од повреди не се поштедени ни децата кои што се занимаваат со спортски активности, без разлика дали се од рекреативен карактер или пак тренираат некој спорт.
Најдобар период детето да започне со спорт е некаде меѓу 5-6 година, но сепак најдобар е оној кога детето ќе покаже интерес.
Многу од таквите немили настани би можело да бидат спречени, доколку родителите би се придржувале за неколку основни правила на однесување на оваа тема. Tака ќе делувате превентивно а повредите од спортувањето ќе се сведат на минимум
Од наведените причини многу педијатри и ортопеди низ своите здруженија, спроведуваат национални програми и кампањи за заштита на децата во спортот , а наменети токму за едукација на родителите.Такви активности на здруженијата има во САД, во многу европски држави, а се надевам дека и кај нас, педијатрите и ортопедите сериозно ќе се заангажираат за ваквиот метод на едукација.
Најголем дел од повредите не се сериозни, тоа се или шинати зглобови, модрици, нагмечувања или слично. Сериозни повреди кај децата од типот на скршеници се многу ретки. Но треба да се знае дека иако не се сериозни поврeдите, ако се само залечени, покасно може да предизвикаат сериозни проблеми.
Што треба да знаат родителите, за детето да им биде безбедно додека се занимава со спорт:
- Пред да почне активно да вежба некоја спортска дисциплина која секако ќе биде избрана согласно неговата возраст, однесете го вашето дете кај неговиот матичен лекар, за да изврши детален преглед. Целта на ваквиот преглед е да се избегнат евентуалните ризици, кои што спортската активност може да ја предизвика.
- Пред да започне со спортската активност, инсистирајте детето да ги направи вежбите за загревање. Загреаните мускули и лигамети ќе го спречат шинувањето или некоја посериозна повреда.
- Осигурајте се дека вашето дете ја носи соответната заштитна опрема (штитници, кацига…)
- Ако осети некаква болка никако не смее да продолжи со физичката активност.
- Ако дојде до било каква повреда, доследно почитувајте ги советите на лекарот, кога да продолжи со физичките активности.
- Уверете се, дека тренерот или учителот по физичко воспитување, е стручен да дава соответна прва помош и дека детето секогаш ќе биде под негов надзор.
- Не дозволувајте детето да се занимава со тимски спортови пред да наполни шест години.
- Повремено проверувајте дали физичките активности на детето се соответни за неговата возраст и дали децата со кои спортува се на иста возраст како неговата.
- Во текот на спортувањето детето треба да прима доволно течности и да има повремени одмори.
- 10. Не го присилувајте на победи затоа што понекогаш амбициите на тренерот а и на родителите не се секогаш во интерес на детето.
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
Сезонска Храна од Нашето Поднебје
Често читам за разновидни гастрономски специјалитети од светот кои сите веднаш сакаме да ги пробаме, а многу бргу стануваат и многу популарни. Донекаде можам да разберам, денес се достапни до секого многу информации од целиот свет, па за некои ограничувања не би можело да станува збор, но сепак нема да „побудалам“ по „чудотворната“, провансалска мешавина на зачини и слично, кога ја имаме толку миризливата чубрица, мајчина душичка, ноктец, буковец. Не сакам да навлегувам во некој други теми или филозовски полемики, само сакам да потсетам на нешто секојдневно што го има тука околу нас.
Не би ставила и некој чудесни јапонски печурки, кога нашето поднебје изобилува со шампињони, лисичарки, буковки. Што може повеќе да ми даде овошјето како ананас на пример во однос на нашата слатка диња, за овошјето единствено можам да кажам дека бананата е некако „одомаќинето“ овошје па не ја третираме како егзотично овошје иако не е од нашето поднебје. Зошто е подобар кајронот во однос на нашите ротквички и трупки кои ги има повеќе видови.
Дефинитивно не сум по егзотичната храна, иако сум гурман и сакам од се да пробам.
На слична релација размислувам и што се однесува за сезонската исхрана, иако доста внимавам, она што го јаде моето семејство сакам да биде и здраво. Нема да јадам домати во зима туку ќе чекам лето за да загризам во сочниот драчевски „јабучар“
Не ме привлекуваат крупните примамливи јагоди, кои да си признаеме не се со некаов вкус и мирис, кога не им е сезона, но затоа ќе ги јадам во изобилство кога тезгите на пазар се црвенеат од нив. Секоја сезона има намирници во кои можеме да се насладуваме, а конечно тоа шаренило и разновидност ни овозможува да се храниме здраво.
Ќе наведам еден прост пример. Во последно време сите„ полудуваат“ по хокаидо тиквите, се прашувам што им недостига на овие нашиве зелени тиквички кога им е сезона, а можеме да ги подготвиме на многу начини. Не сакам да кажам дека тие намирници не се здрави или дека немаат хранливи вредности, едноставно мислам дека тие не се за луѓето од нашето поднебје.
Можам да ја разберам љубопитноста, и јас сум таква, сакам да пробам необични јадења, но она што не сакам е тоа да ми биде животна филизофија на исхрана. Никој нема да ме убеди дека слаткиот компир, кој во последно време е многу баран, а и скап да не заборавиме, е подобар од нашиот надалеку познат беровски компир.
Денес би сакала нешто повеќе да споделам со вас за веќе заборавената мешунка наут, кај нас позната и како слануток, која последниве неколку години повторно добива на значење како намирница во макробиотичката исхрана.Тој е многу корисен за растот и развојот на децата. Богат е со протеини, цинк, магнезиум, железо . Покрај тоа содржи и витамин Б ,Е, Б12, само не во големи количини, но затоа пак е една од најбогатите мешунки со протеини.
Всушност, оваа мешунка луѓето кај нас ја познавале уште многу одамна и приготвувале многу вкусни јадења. Познатото пециво, симит, било подготвувано со маја од наут која домаќинките сами ја правеле. Наутот се користел и како замена за кафе. Оваа мешунка денес на помладите генерации им е позната како леблебија за грицкање (печен наут). По својата хранлива вредност наутот е близок пријател со гравот и оризот.
Наутот има голема хранлива и калориска вредност. Најголем дел од зрното содржи јагленохидрати, потоа белковини и малку незаситени масти. Како и другите сушени мешунки и наутот пред да се употреби за готвење треба да се покисне во вода и да отстои во неа за да набубри за да може полесно да се зготви. Се кориси за подготовка на варива,пире, намази (паштети), како гарнир или додаток на друго јадење, чорби и салати.
Од излупено и мелено зрно се добива брашно со голем процент на протеини. Ова брашно е полесно сварливо од соиното брашно, а со неговото додавање на брашното од житарки се зголемува хранливата вредност на лебот и пецивата, а им дава и многу пријатен мирис и вкус.
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
Неделно мени: Сабота
Појадок
- Путер
- Џем од кајсии (мед)
- Какао
- Пециво
Ручек
- Чорба од карфиол
- Сарма од лозов лист
- Ќофтиња од компир
- Коцки од гриз со џем од кајсии
Вечерa
- Боранија во сос
- Варено јајце
- Млеко (може млеко од бадем)
- Домашен сладолед
- Овошје или овошен сок
Потребни намирници
- 1 главица карфиол (околу 400 гр.)
- 40гр масло
- 40гр брашно
- 1дл Кефир или павлака
- Сол
- Магдонос
- 1л вода
Карфиолот се мие и се вари во солена вода (коренот и неоштетените листови од карфиолот исто така се варат)
Кога ќе омекне се вади од водата и се дели на цветови.Во загреаното масло се додава брашното, малку се пропржува, се додава малку ладна вода се меша додека се згусне, а потоа се додава водата каде што се вареше карфиолот и се остава да проврие околу 10 мин. Цветовите од карфиолот, листовите и коренот се пасираат и се додаваат во чорбата. На крај се додава сол, магдоносот и изматениот кефир.
ЧОРБА ОД КАРФИОЛ ЗА ДЕЦА ДО 3 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Потребни намирници:
- 50-70гр карфиол
- Лист од магдонос
- 1мала лажичка кефир или павлака
- 200 мл.вода
Карфиолот се мие и се вари во малку засолена вода со хималајска сол . Кога ќе омекне убаво се пасира и се додава во водата во која се варел, се додава ситно исецкан магдонос и кефирот.
Видете го менито за понеделник: кликни тука
Видете го менито за вторник: кликни тука
Видете го менито за среда: кликни тука
Видете го менито за четврток: кликни тука
Видете го менито за петок: кликни тука
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
Подмладете ја Кожата и Косата со Маска од Кефир
Кефирот е пробиотик и здрава храна. Здрав и вкусен пијалок може да се направи со фермрнтација во млеко или вода. Но тој исто така може да се користи и како извонредна природна состојка во служба на убавината. Знаеме дека овој сајт е за деца, но знаеме и тоа дека децата сакаат мајките да им бидат убави. Среќата и хармонијата во семејството се условени од расположението на родителите.
Затоа нема да згрешам ако напишам неколку реда за мајките, кои читајќи го текстов ќе си одвојат време и ќе си се посветат себе си.
Значи ќе споделам со вас неколку мои рецепти за нега на лицето и косата со млечен кефир и еден сајт во кој можете да ги прочитате личните искуства на еден задоволен корисник.
По 2-3 дена кога кефирот веќе не е за пиење односно е покисел јас го користам како козметичко средство. Нема да пишувам некои комплицирани рецепти за маски за лице, туку онака како што го употребувам.
Значи после неколку дена водата од млечниот дел ќе се одвои, го прецедувам така што ќе го одвојам млечниот дел од водата и девте ги користам. Млечниот дел го користам како маска за лицето. Кожата на лицето ја мачкам со кефирот (зрната не ги употребувам) и оставам да стои 10-15 минути потоа убаво го мијам со ладна вода. Ќе се изненадите од ефектот. Кожата на лицето станува мека и влажна. Ако редовно ја користите оваа маска, ќе имате убав тен и кадифена кoжа на лицето.
Останатиот дел од кефирот, бистрата течност ја користам за нега на косата. Навечер ја премачкувам косата, убаво ќе го истријам коренот и ја оставам така преку ноќ. Утредента вообичаено ја мијам. Овој третман го јакне коренот на косата и ја прави густа и сјајна.
Еве уште ден начин како да направите маска за косата ако брзо ви се масти:
Пред да ја измијам косата ја премачкувам со млечен кефир, ја замотувам со пластична кеса или капа за боење коса и ја оставам да стои така 15 до 20 мин потоа ја мијам со шампон за коса.
Повеќе рецепти и корисни совети може да прочитате ако кликнете на линкот.
facebooktwitterlinkedinemailsharethis
pinterest
Затоа нема да згрешам ако напишам неколку реда за мајките, кои читајќи го текстов ќе си одвојат време и ќе си се посветат себе си.
Значи ќе споделам со вас неколку мои рецепти за нега на лицето и косата со млечен кефир и еден сајт во кој можете да ги прочитате личните искуства на еден задоволен корисник.
По 2-3 дена кога кефирот веќе не е за пиење односно е покисел јас го користам како козметичко средство. Нема да пишувам некои комплицирани рецепти за маски за лице, туку онака како што го употребувам.
Значи после неколку дена водата од млечниот дел ќе се одвои, го прецедувам така што ќе го одвојам млечниот дел од водата и девте ги користам. Млечниот дел го користам како маска за лицето. Кожата на лицето ја мачкам со кефирот (зрната не ги употребувам) и оставам да стои 10-15 минути потоа убаво го мијам со ладна вода. Ќе се изненадите од ефектот. Кожата на лицето станува мека и влажна. Ако редовно ја користите оваа маска, ќе имате убав тен и кадифена кoжа на лицето.
Останатиот дел од кефирот, бистрата течност ја користам за нега на косата. Навечер ја премачкувам косата, убаво ќе го истријам коренот и ја оставам така преку ноќ. Утредента вообичаено ја мијам. Овој третман го јакне коренот на косата и ја прави густа и сјајна.
Еве уште ден начин како да направите маска за косата ако брзо ви се масти:
Пред да ја измијам косата ја премачкувам со млечен кефир, ја замотувам со пластична кеса или капа за боење коса и ја оставам да стои така 15 до 20 мин потоа ја мијам со шампон за коса.
Повеќе рецепти и корисни совети може да прочитате ако кликнете на линкот.
facebooktwitterlinkedinemailsharethis