Постојат различни обичаи при традиционалното
подарување на една мартинка. Генрално, таа секогаш е со конци од црвена и бела
боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а
белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи
околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се
закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во
тековната година. Секако дека постојат варијанти на тема, но ова е основата на
обичајот.
Толкувањето на овој празник потекнува оттаму дека Ксантика бил
празник на природата, пролетта и цвеќињата, светлината и љубовта, празник на
духовноста и убавината, будење на енергијата и почетокот на новиот
живот.
No comments:
Post a Comment