Кориснички блог
Жалфија – Најдобра замена за антибиотиците
Категорија: ЗДРАВЈЕ
Жалфијата е еден оа најдобрите природни антибиотици и антисептици, која помага против треска, воспаление на бешиката, ги јакне нервите, го олеснува варењето, го чисти црниот дроб.
Ароматична и лековита, жалфијата е една од најстарите медицински билки. Лековити својства имаат само листовите богати со јаглехидрати, целулоза, танин и белковини. Освен овие органски соединенија, таа содржи и многу железо и калциум, а богата е и со витамин А. Сепак, најважна состојка на оваа билка е нејзиното етерично масло.
Жалфијата е неодминлива состојка на многубројни лекови, кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото кога ќе настанат воспаленија, бидејќи поради дејството на танинот јакне слузокожата, додека етиричното масло дејствува антисептички. Верувале или не, до откритието на антибиотиците, жалфијата со векови се употребубала против воспаленија на грлото, ждрелото и засипнатоста, како и за приготвување на чај против потење на болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Освен тоа, жалфијата дејствува против зголемената температура и треска, ги уништува заразните бактерии, таа е добар антиоксиданс, ги спречува грчевите во органите за варење, го подобрува излачувањето на урината, благо ги прочистува цревата и дејствува на површинското собирање на ткивата.
Во народната медицина, жалфијата се користи и за јакнење на нервите, а помага и против сите видови на настинка и грип. Се употребува и за прочистување на крвта, против сите воспаленија, од внатрешните органи до бешиката и вагиналните воспаленија. Ги олеснува тегобите на ревматизмот, а претставува антибиотик со широко дејство. Билкарите тврдат дека е ефикасен лек за чистење на црниот дроб, против болести на бубрезите и ноќното потење, како и против потењето кај жените во менопауза. Нејзиното естрогенско дејство може да придонесе за регулирање на менструалниот циклус, ги ублажува болните менструации и го намалува лачењето на млеко кај доилките кои сакаат да прекинат со доењето.
Како да го подготвите чајот од жалфија?
Листовите од жалфија, 2-3 лажици прелијте ги со 3 дл врела вода. Оставете нека отстои 10 минути, па процедете.
Солен чај од жалфија против воспаление на грло
Солениот чај од жалфија ги дезинфицира грлото и хранопроводникот, ја ублажува главоболката и го смирува воспалението.
За да го подготвите чајот, потребно ви е: 2 лажички листови од жалфија, 1/2 лажичка морска сол, 250 мл вриена вода.
Приготвување: иситнетите листови од жалфија прелијте ги со вриената вода и поркиено оставете ги да отстојат 10 минути. Течноста прецедете ја, измешајте ја морска сол и со неа плакнете го грлото по неколку пати во денот.
Се користи како свежа или исушена билка, но имајте во предвид дека исушената жалфија има рок на употреба од само 6 месеци (потоа ја губи својата ароматичност) и треба да се чува во затворен сад и на темно место. Ако се користи свежа има вкус кој за многу е неприфатлив (јак), па треба да се додаде во јадењето уште на почетокот (за разлика од скоро сите останати зачини кои секогаш се додаваат на крај) бидејќи издржува поголеми температури, па затоа е идеална за јадења кои се подготвуваат подолго време.
Етерското масло од жалфија е безбојна или жолтозелена течност со ароматичен и горчлив вкус. Се додава во средства за нега на уста, во дезодоранси, сапуни, шампони за коса и во тоник за лице. Жалфијата е извонредно средство за белење на забите, јакнење на непцата и помошно средство при парадентоза. Една мала лажица лисја од жалфија се помешува со 1 капка етерско масло од нане и малку сода-бикарбона. Со оваа мешавина се тријат забите и непцата два пати неделно. Етерското масло од нане се додава поради ментолот, кој е јак антисептик и дезодоранс.
Медицинска употреба:
- Есенцијалните масла добиени од жалфијата покажуваат активности на инхибиција на ензимот ацетилхолинестрас. Ова помага во зголемување на нивоата на ацителхолин во мозокот. Ацителхолинот ја подобрува концентрацијата и може да има улога во третманите за губиток на меморијата, кои се поврзани со болестите, како што е Алцхајмеровата болест.
- Маслото од жалфија, дестилирано од цветовите, содржи есенцијални масла, како што се: камфен, цинеол, борнеол, борнил ацетат и други. Овие соединенија имаат тонично, дијафоретско, стимулативно и астрингентно дејство.
- Маслото од жалфија исто така се користи надворешно, како супстанца за смирување на болката предизвикана од вкочанети мускули, ревматизам и невралгични состојби.
- Кога се користи како масло за масажа или за ароматерапија, маслото од жалфија може да помогне при сосотојбите на нервоза, анкциозност, главоболки, стрес и хроничен замор.
Здравствено предупредување:
Кога се користи во големи количини, жалфијата може да предизвика нервна иритација, грчеви и смрт. Поради овие причини, употребата на жалфија им се забранува на луѓето кои страдаат од епилептични болести.Билката не треба да се користи за време на бременост, затоа што хемиските состојки, како што е тујонот, може да доведе до стимулација на матката, што пак може да резултира со спонтан абортус.
Browse similar posts:
Испрати Коментар / Постави Коментар
Додадете го вашиот коментар
Најавете се за да оставите коментар или Креиирај профил » Сите коментари» Коментари RSS
Автор
- faithfull
- Член од 13.09.2012
- 94 постови
- Хранење на РСС
Популарни Постови
- Мед и цимет - лек за сите болести
- ЛЕНЕНО СЕМЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ, ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
- Она што не сте го знаеле за зголемената темпратура на телото
- Сакаш да си слаб? - Јади тиква
- Детски „бисери“ кои ќе ве насмеат до солзи
- Ѓумбир - чудо од лек
- Чудо од зеленчук - Брокула
- Водата - лек за многу болести
- Жалфија – Најдобра замена за антибиотиците
- Берберот и христијанинот
LIFEconnect е онлајн заедница која има за цел да створи место каде луѓето
можат заеднички да дојдат до смисолот на животот, да споделат идеи и своите
животни прикаски, разговараат за омилените теми и пронајдат инспирација за успех
на сите полиња во животот. p
ODLICEN SAJT=TEMO OD ZIVOTOT I ZA ZIVOTOT
ReplyDeleteSRECNO!
This comment has been removed by the author.
ReplyDeleteODLICEN SAJT=TEMI OD ZIVOTOT I ZA ZIVOTOT
DeleteSRECNO!