Мекици (во тавче без масло)

ComplexityЛесноPersons4 лицаTime30 мин – 60 мин Мекици (во тавче без масло)

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажица омекнат маргарин
  • 1 лажица кисела павлака
  • 20 гр квасец
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица масло
  • 250 гр млако млеко

Подготовка

Во сад за месење, ставете го брашното измешано со пецивото и солта и направете во средината длабнатина. Ставете дел од топлото млеко, шеќерот и квасецот и оставете да запени. Додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто, кое ќе го оставите на топло да се дуплира.
Премесете го тестото и од него оформете 8 топчиња. Секое топче сплескајте го и намакајте го во масло. Така спремените мекици оставете ги 15 мин. Потоа пржете/печете ги на загреано суво тавче од двете страни. Внимавајте ринглата да не е најсилно пуштена, ами малку помалку за да не ви изгорат одеднаш.
П.С. Јас не ставив пециво, иако го има во рецептот, па сепак бевме презадоволни од резултатот.
-Можите да ги конзумирате и во солена и во топла варијанта. Во нашиот случај изборот падна на ајвар, сирење и свежа салатка-апсолутен погодок.
-За оние кои постат, лажицата павлака нека ја заменат со маргарин, секако посен и млекото со вода.

Дополнителни фотографии

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки
Тава за палачинки
Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.
Лиценца: Сите права се задржани

За Klara

-Не сме дома. -Е како не сте? Чевлте ви се пред врата. -Е па, по влечки сме излезени.

5 коментари

  1. Ne ispece nitu edna skroz bez maslo? Sleden pat probaj... ke bides zadovolna garant!
  2. Jas pomisliv deka Ruski blini si pravela...
  3. Klara jas sekogas koga pravam lepce od testoto pravam vakvi-pitki(taka nie gi vikame ) i odlicni se i sewga koga bi odvoila edna so ajvar za navamu za vecera super bi bilo:)
Треба да бидеш најавен за да оставиш коментар.