СДСМ обвинува дека власта се вклучува во предизборната кампања
21.02.2013 | 14:38
Прочитано: 170
Опозициската СДСМ денеска обвини дека власта започнала масовна кампања за
промоција на кандидатите за градоначалници, спротивно на сите изборни правила и
препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Според Макрадули, појавување на настани заедно со кандидати за
градоначалници на членовите на Владата е „уште еден пример зошто власта толку
цврсто одбива да ги прифати препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборната регулатива,
во кои таквото однесување е забрането и казниво“.
Таквото однесување, посочи Макрадули, е дополнителна причина за бојкотот на
СДСМ на институциите и на локалните избори.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на
Макрадули
СДСМ и Јани Макрадули се плашат од проектите и мерките кои
секојдневно ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, а кои наидуваат на поддршка од граѓаните,
се наведува во реакцијата на владејачката партија на изјавата на Јани Макрадули
од СДСМ.
No comments:
Post a Comment