Најголемите благодати на
циметот
Еден од најстарите зачини на светот лесно е достапен и најчесто
го поврзуваме со детството и за питите од јаболка на нашите баби, како и со
мирисот на празниците.
Меѓутоа, лековитите својства на циметот ка
...
ко одлично срество за лекување на инфекции, болести
на срцето, дигестивниот тракт и дијабетесот, ја оправдуваат неговата вредност
која некогаш била поскапа и од злато.
За лекување на инфекции
Циметот има
неверојатно дејство на габичните инфекции, кои во повеќето слуачи се отпорни на
лекови. Содржи две активни материи, еугенол и цинамалдехид кои имаат силен
антигабичен ефект, така што се покажал како делотворен против бактеријата
ешерихија коли.
Четири шолји вода ставете во сад да зовријат, додадете осум
стапчиња цимет и варете околу десетина минути. Тргнете го садот од ринглата и
оставете го циметот да отстои еден час, извадете ги стапчињата и повремено во
текот на денот испијте неколку голтки од овој пијалак.
За јакнење на
косата
Антиоксидансите кои го прават најголемиот процент на активни состојки
на циметот покажале дека се одлични за регенерирање на влакната и за хранење на
коренот на косата. Поради неговата примена се препорачува кај интезивно губење
на косата и за јакнење на влакната.
Во врело маслиново масло потребно е да се
измешаат една голема лажица мед и една мала лажичка цимет. Почекајте смесата да
се излади и втријте ја во коренот на косата, па оставете ја да дејствува
десетина минути. Постапката повторете ја два пати неделно.
За
слабеење
Секојдневното консумирање цимет го спречува таложењето на маснотии
во телото, освен тоа антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер
во крвта и ја намалуваат потребата за јаглехидрати.
Половина час пред појадок
на празен желудник и навечер пред спиење се препорачува да се испие смеса од две
лажици мед и една мала лажичка цимет во прав малку варен во една шолја
вода.
Види
повеќе
No comments:
Post a Comment