Monday, July 23, 2012

ZELBATA NA SARA- T V


Сара имаше една голема желба.
          Сакаше целата нејзина соба да биде полна со балони! Зелени, жолти, розеви, виолетови, црвени, сини! Долгнавести, мали, големи, во форма на топка, во форма на јајце или крушка.

-    Сакам да има толку многу балони во мојата соба, па да нема место да се помине! - посакуваше Сара.

Но, зошто Сара сакаше толку балони?

-              За да ги гледам! Многу се убави! - рече еднаш Сара.
И секоја вечер и ја кажуваше својата желба на месечината која ѕиркаше низ прозорецот.

-              Месечино моја мила, сакам да ми исполниш една желба!


И веднаш, многу брзо, ќе ја кажеше цела азбука: А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш! Знаете, Сара кога беше возбудена ја рецитираше азбуката!
И си ја пееше следнава песничка која сама ја напиша:

Сакам цела соба
да биде полна со балони
и во секој балон
да има две бонбони.  Или -Да има бонбони.


Па да земам една боцка
да се качам на коцка
да ги боцнам сите балони
да ги изедам сите бонбони. Или- Да се сладам со бонбони.


И дојде денот кога навистина на Сара и се исполни желбата. Тоа беше за нејзиниот роденден кога родителите на Сара и купија балони.
Купија многу, многу балони и ја наполнија цела соба со нив.






Сара беше надвор да си игра со другарчињата. Кога се врати дома толку се израдува што не можеше да зборува па успеа да ја каже само втората буква од азбуката:

-              Б-бб.... - и после пет секунди викна толку силно: „Ааааааа!“ што ако балоните беа од стакло сигурно ќе се скршеа. Иако Сара ја знаеше цела азбука напамет, од преголема возбуда, таа заборави дека  азбуката почнува со буквата А, а потоа доаѓа буквата Б, па В и Г, Д....буквата Ѓ воопшто не и паѓаше на памет.
Сара веднаш го зема нејзиниот црвен чадор и влезе во собата.
Таа сакаше да си ја пее познатата песничка за дождот.








Вака ја пееше:

Во соба со балони
поминувам јас
со чадор во рака
а не врне дожд.
Но ако врне дожд
си имам чадорче
да танцувам јас
низ моите балони.    НЕМА РИМА? ИЛИ ТАКА СТЕ ЈА ЗАМИСЛИЛЕ?

Сара уживаше.
Потоа си помисли:

-              Изгледа дека имам многу балони, не можам убаво да танцувам низ нив.

Па веднаш истрча во градината.
Но, зошто?
Во градината имаше ружи. А ружите имаат трње. Сара сакаше да земе еден трн, една боцка од стеблото на ружата за да дупне неколку балони.
Баба и еднаш и покажа како може да скрши една боцка без да се повреди.
Таа најде една розова ружа и ја скрши најголемата боцка.



Потоа, верувале или не, се качи на една коцка па со својата боцка дупна неколку балони.
Се слушна Пауу Паф Пауу....и се слушна и смеењето на Сара. И беше забавно.
Еден, два, три, четири.... ги броеше Сара балоните....пет, шест, седум, осум, девет, десет!
Десет балони како десет прсти на двете раце! Доста е! Сега има место!
 
Сара го зема чадорот и цел ден танцуваше низ балоните. Кога се појави месечината на небото, таа го отвори прозорецот од својата соба и ги пушти балоните надвор, да летаат нагоре на небото кон месечината.
-              Повели месечино! Танцувај со балоните! - рече Сара и заспа со насмевка на лицето.

ОВАА СОДРЖИНА ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ВИ Е ПРЕВОД И ПРЕПЕВ , ИЛИ?

No comments:

Post a Comment