Monday, July 23, 2012

PESNICKI T. V


Балони

Сакам цела соба
да биде полна со балони
и во секој балон
да има po две бонбони.   

Па да земам една боцка
да се качам на коцка
да ги боцнам сите балони
да ги изедам сите бонбони.


Заспало детенце

Заспало детенце
и сонува мило
како седи
кај мама во крило.

Заспало детенце
во лесен сон
мама пее
во приспивен тон.

Заспало детенце
и сонува нешто
коцки реди
една врз друга, вешто.



Месечина и дете

Се симнала месечина
на поток, вода да пие ,
а дете пред спиење
со вода лице мие.

Се качила месечина
на рид, песна да пее ,
а дете во кревет легнало
со мама слатко се смее.

Дошла месечина на прозор
сон на дете да чува,
а дете мирно спие
надвор ладно, ветер дува.

Шума

Тргнав на прошетка
низ шумата така
и чудни работи видов
ќе ви кажам, еве вака:

Едно кафено мече
со тава во раце
вкусни колачи пече.

Една зајачица Белка
во голем казан
вари вкусна зелка.

Еден коњ црвен
изгледа спие
не мрда, цел е здрвен.

А еден каубој Џони
на сите животни
им дели слатки бонбони!


Сакам да сум...

Сакам да сум...
шофер на камион
и пилот на авион
но најмногу сакам
да летам
во воздушен балон!

Сакам да сум....
храбар пожарникар
или висок кошаркар,
но најмногу сакам     ili    no najmnogu sakam
да поправам со алатки     fudbaler da bidam
и да бидам бравар!           i slaven da bidam.



Прстиња

Летај, летај Буба Mаро
па слетај ми на палец
лази, лази Буба Mаро
и качи се на показалец.

Ајде скокни Буба Mаро,
и собери сила ти
за да можеш да се качиш
на прстот со реден број три.

До малиот прст лесно
се стигнува знај
само прескокни го
четвртиот прст и тоа е крај.


Облачиња 1

Сакам да легнам
во зелената трева
на некоја ливада
подалеку од градската врева.
Па да гледам горе
во синото небо
како рипчиња во море,
облачињата во форми разни
се движат низ воздухот
како памукчиња празни.


Облачиња 2

Еден облак
личи на авион
но без крила
а можеби е балон
во бела боја
како топката моја
Облакот смени форма
па сега е обичен круг
ќе побарам необично нешто
во некој облак друг!


Ноќ

Гледам низ прозорецот
во небото горе
се симнува ноќта
како сино море.

Пристига таа
царица црна
се редат и ѕвездите
како бисерни зрна.

Расфрлани насекаде
и големи и мали
ноќта, ко чеда
постојано ги гали.

Како второ сонце
на небото светнала
месечината која
од приказните долетала.

Нашата галаксија
има и комети
не сум ги видела, но знам
тоа се мали летечки планети.

Планетите се далеку
многу далеку од нас
за да патуваме до нив
треба да се движиме
со стотици километри на час.

Дали има живот на нив
тоа е се' уште тајна,
но, јас велам дека
тоа не е мистерија крајна.


Зима

Од големите планински врвови
се симна зимата, облечена во бело
и стапнувајќи со ногата кај нас
покри се' : и град и село.

Го распосла својот ќилим
од кристално бели снегулки
ја покри зелената трева
и многу исушени цвеќиња и булки.

Од некоја исушена гранка
се слушна цвркот на птици,
а од долината, длабоко долу
смрзнатите волци испуштаат крици.

Од затоплените бели куќи
мрзоволно излегува чадот
и продолжува горе во облаците
кои тешко надвиснале над градот.

Веселите неуморни деца
се лизгаат на ледот
во оваа зимска атмосфера
во која царува снегот.


Пролетен ѕвон

Се' се раздвижува
полека, но брзо
се' се буди....
Природата е прекрасна, зер не
што ли се' не нуди?!

Еве го и сонцето
таинствено и бавно
го најавува
својот изгрев
скратувајќи го утрото ладно.

Ѕвончиња -  многу
песната се движи
а во езерото бистро
рибата меурчиња
пеејќи нижи.

Ловоров лист плива
и мислиш
ја означува нежноста
на природата дива.

Се' труби, се' ечи
пролетта се' лечи.
И ова струење во воздухот
лесни бранови прави
и нежно тревите ги гали.

Тајна е природата.
Гледам скриено штурче
кое како на некој концерт
да присуствува
и овозможува музиката
да вивне в лет.

Се раѓа нов живот
секаде, на сите страни
Со тешки маки
го преминува последниот рид
и сонцето кое се најде тука
во вистински миг!

No comments:

Post a Comment