Девојчиња vs. Момчиња … Кои се„ потешки за одгледување“ ???!!!
155 Читања
Зошто понекогаш кога разговарате со момчињата е исто како да разговарате со ѕид ???
Можеби, бидејќи од раѓање, тие не слушаат толку добро како девојчињата. Студии од 2007 година, направени во Стокхолм, на 30.000 новороденчиња, утврдиле дека сетилото за слух, кај девојчињата е „ малку, но значајно “ подобро отколку кај момчињата.
Дали девојчињата и момчињата различно размислуваат ???
Да!!! Истражувањата покажуваат дека „поврзувањето“ и до 80% е зависно од полот. За разлика од мозокот на момчињата, кој е за 6 – 10 % поголем, мозокот на девојчињата, во просек, има повеќе „врски“. Покрај тоа, делот кој ја поврзува левата со десната страна на мозокот, е поголем кај девојчињата, што значи дека девојчињата ја користат побрзо и левата и десната страна на мозокот.
Зошто момчињата повеќе сакаат да си играат со нешто механичко отколку со кукла ???
Според психолози од Универзитетот во Кембриџ, момчињата повеќе сакаат да гледаат механички движења отколку човечки. Кога момчињата се на возраст од 12 месеци, кога би можеле да бираат помеѓу гледање во луѓе кои зборуваат или бришачи на стакло, кои се поместуваат, тие попрво би гледале во бришачите.
Друго истражување покажува дека момчињата на возрас од околу два месеци се пред девојчињата во поглед на прашањето за разбирање на законот на движењето – на пример, што ќе се случи кога ќе ја шутнете топката.
Мојот син има 100 снимки, додека ќерката има само снимка на забите. Дали тоа има врска со полот???
Бројките кажуваат сами за себе – според статистиката, годишно има речиси два пати помала хоспитализација на девојчињата, отколку момчињата, воопшто, а уште поизразена е кај момчињата на возраст од 11 -14 години, кои се повеќе од двојно хоспитализирани поради повреди, отколку девојчињата на оваа возраст.
Дали е вистина дека девојчињата побрзо совладуваат јазик, отколку момчињата???
Податоците го покажуваат следното:
- Девојчињата почнуваат да зборуваат порано и зборуваат потечно од момчињата.
- Просечно 20 месечно девојче има двојно побогат речник, отколку 20 месечно момче.
- Постои многу поголема веројатност за пелтачење кај момчињата.
- Во понатамошната возраст, нема поголеми разлики во богатството на речникот, но девојчињата се граматички повешти.
Дали е вистина дека е помалку веројатно дека момчињата имаат проблем со самодовербата???
Истражувањата покажуваат дека девојчињата растат со помалку самодоверба и се понесигурни од момчињата. Но, дали тоа доаѓа од причина врзана за полот или културолошки притисок на општеството врз девојчињата, сеуште не е познато.
Your comment is awaiting moderation.