За оваа болка постои одличен домашен лек, кој делува како антисептик и анестетик.
Болката во забите има лоша навика да не погоди ненадејно и најсилно во неочекувано време, обично на сред ноќ или кога сме оддалечени на километри од најблискиот заболекар. Но, за оваа болка постои одличен домашен лек, кој делува како антисептик и анестетик.
Спасот за непријатната болка во забите е каранфилчето, зачин со сладок вкус кој има бројни лековити својства. Имено, каранфилчето содржи евгенол, моќен анестетик и антисептик кој ја сопира болката, а истовремено ја чисти вашата уста, па дури и може да се користи за отстранување на лошиот здив.
Можете да се ослободите од болката во забите на три начини со помош на каранфилчето.
Каранфилче во правПрво измијте ја устата со топла солена вода. Земете еден "прст" каранфилче и ставете го помеѓу забот кој ве боли и вашиот образ. Почекајте малку и домашниот лек за кратко ќе ја покаже својата моќ.
Цело каранфилчеИзмијте ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во уста, во близина на подрачјето кое ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, џвакајте ги додека не ги ослободи своите лековити масла.
Масло од каранфилчеОва е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против болката во забите.
Потребно ви е: Масло од каранфилче, стапче за уши и половина лажица маслиново масло.
Начин на употреба: Устата убаво измијте ја топла солена вода. Помешајте неколку капки од маслото од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Со стапчето нанесете го лекот на местото каде што ве боли.
Имајте на ум дека ова е само брз и краткотраен начин да се ослободите од болката. Не ја одложувајте посетата на стоматолог.
No comments:
Post a Comment