Wednesday, July 29, 2015

EKLINIKA

Желатин против болки во грбот, зглобовите и во нозете

Рецептот е стар и проверен а го препорачува воен лекар кој многупати го применил на свои пациенти, а актуелен е и днес и има многу луге кои го испробале и се ослободиле од хронични болки за само 7 дена. Пробајте го и вие
За третман од еден месец потребно ви е 150 гр желатин, со овошен вкус или пак без вкус.Навечер, ставете 5 гр желатин ( две рамни лажички) во една четвртина чаша ладна ( од фрижидерот ) вода.Се меша и се остава да отстои до утредента (надвор од фрижидер). Желатин ќе набабри и течноста се згустува. Се пие наутро на празен стомак , а може да додаете сок, вода со мед, јогурт или кисело млеко.По третман од еден месец се прави пауза 6 месеци а потоа се повторува.Ова е начин да се постигне подмачкување на зглобовите.А знаеме дека од здравите зглобови зависи  нормалното функционирање на многу органи.
Како желатинот ги лекува вашиот зглобовите?
Желатинот е производи од животинско потекло.Се добива со преработка на сврзното ткиво на добитокот: тетивите, коскитете, 'рскавицата , а колагенот што се добива е всушност најчистата форма. Во желатинот има две амино киселини: пролин и хидросипролин, кои имаат позитивен ефект врз опоравувањето на сврзното ткиво. Желатин е способен да го зголеми обемот и раст на сврзното ткиво, а тоа е важно за заболените зглобови. Желатинот е корисен производ со исклучителен квалитет за подобрување на здравјето :
- Ги зајакнува зглобовите и срцевиот мускул
- Го подобрува метаболизмот
- Ја зголемува менталната способност
- Одржува здрава состојба на кожата
- Дава еластичноста и цврстината на тетивите и лигаментите
 - Спречува развој на остеопороза и остеоартритис
 - Го подобрува растот и структурата на косата и ноктите
 - Незаменлив при дисплазија

share     Прочитано: 2130  пати



КОМЕНТАРИ
ОСТАВИ КОМЕНТАР


Име:Email:
  
Порака:
 
 

No comments:

Post a Comment