ВЕЛИГДЕН

Велигденските обичаи се прават за здравје и благосостојба. Тоа е период кога почнува пролетта, полските работи, кои треба да обезбедат богат род и храна за опстанок на човекот. За овој празник се познати и народните поговорки: „ На Велигден на Благ ден“, „Катаден Велигден не бидуат“ и многу други.
1243875-mother-and-dau
Велигденските празници со радост ги очекуваме, а особено денот за фарбање јајца кога се радуваат децата, а ние родителите, може да си дозволиме да ја „разбудиме“ креативноста и заедно да си направиме убаво задоволство и одмор.
Секогаш Велигден го чекаме со кошничка фарбани јајца.
XDsqB_sta61017
Постојат многу начини, техники за фарбање на јајцата.Некогаш тие се фарбале само во црвена боја таканаречена варѕило,потоа домакинките се досетиле па употребувале за фарбање природни бои од разни листови од растенија (орев),
Лушпи од плодови (кромид), исто така и правеле разни шари со листови од магдонос, цветови од невен и сл.
homemade-easter-egg-dy
Во денешно време постои голем избор на разни бои и техники за фарбање јајца што ни се нудат на пазарот се повеќе и поинтересни.
KONICA MINOLTA DIGITA
Но за да бидете сигурни дека фарбаните јајца можете слободно да ги јадете вие и вашите деца ви предлагаме да се вратиме за момент во минатиот век со неколку идеи за фарбање на Велигденски јајца, со бои од природата, од плодовите на зеленчукот и овошјето и тоа од портокалова до виолетова.
Испробајте ги овие природни рецепти.
За сите рецепти треба јајцата да бидат варени и по можност бели.За да постигнете убави нијанси оставете ги јајцата во течноста да отстојат во фрижидер една вечер.
Продолжува
-0
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmailby feather

LEAVE A REPLY

Your email address will not be published. Required fields are marked *
You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>