Што сакаат учителките да им кажат на родителите за градинката и уште нешто
Кога некое дете ќе се врати од градинка после првиот ден, мајката возбудено очекува да чуе како поминало.
Но, следи студен туш кога првото нешто што детето ќе го каже е: „Како да си најдам другарчиња?“
Некои мајки сметаат дека детето природно си знае како да стекне другарчиња или би го советувале да каже нешто како:
„Дали некој знае да игра Покемон?“ (или слично).
Детето е загрижено како ќе започне конверзација и како ќе поставува прашања.
Експертите велат дека многумина родители едноставно не знаат што е најпотребно за подготовка на децата за во градинка. Тоа може да биде фрустрирачко за родителите, за децата, но и за учителките.
Едно нешто треба да се има на ум:
Градинката не е она што била во вашето време!
Многу од денешните деца почнуваат да учат како да пишуваат реченици, да собираат и вадат или заеднички да работат на решавање на некој проблем (задача).
Учителките велат дека никогаш не е прерано да се започне со поставување на основите за подготовка на детето за градинка наесен.
Тие даваат некои изненадувачки и интересни совети како да се стори тоа. Во продолженијата ќе дознаете што е тоа.
Што сакаат учителките да им кажат на родителите за градинката и уште нешто.
...ПРОДОЛЖУВА
Развивање на социјалните вештини
Социјалните вештини, како што се слушањето, чекањето на ред за да се учествува во нешто, споделување, следењето на упатства, се од основна важност.
Ако вашето дете не знае како да стекнува другарчиња или како да позајми нешто, нема да сака да ги дели предметите од училницата со другите деца. Ако не може да следи упатство од три дела или седи мирно 20 минути, колку што е потребно да се заврши некоја задача - ќе заостанува!
Секој ученик што се мачи да не зборува кога не му е дојден редот, ќе има проблем со фокусирање на лекцијата.
Што да се прави?
Потребно е време и пракса за еден 5 или 6-годишник да научи да внимава и да не го задева другарчето до себе.
Децата што оделе во предучилишни установи или биле во група имаат некакаво искуство во чекањето на својот ред и соработката.
Другите тоа може да го научат во летни кампови, преку спорт, часови по цртање или музика.
Учете го дома.
Што треба да каже кога сака да позајми нешто?
Што ако другото дете каже „не“?
Кога детето ќе биде подготвено за вакви ситуации, тоа ќе му помогне полесно да го помине денот.
За да се научи да следи упатства мало дете треба да игра такви игри.
Нека собира одреден вид на шишиња, конзерви и слично.
Или, во една кутија ставете шишиња, а во друга нивните капачиња.
Нека се потруди да ги селектира и да ги спои секое шише со своето капаче.
Што сакаат учителките да им кажат на родителите за градинката и уште нешто.
Градинката не е само забава и игри
Добрите учителки се трудат часот да го направат забавен, па затоа она што вашето дете го прави на училиште може да изгледа како игра.
Но, она што го всушност прават децата е важно за учењето.
На пример, цртањето на слика е ретко само слика.
Се работи за слушањето.
Дали детето го нацртало она што му било кажано да го нацрта?
Понекогаш се работи за формата (обликот).
Каков облик има куќата?
Може ли да го нацрта тоа?
Пеењето на песничките суптилно придонесува за памтењето, ритамот и темпото, а сето тоа помага кога се учи читање, математика и физика. Едноставните нешта, како што се сечењето и лепењето на она што е исечено е одлична вежба за моторичките способности.
Со ова исто така се учи како да се има трпение и како да се следат упатства.
Што да се стори?
Поченете уште сега да ја споделувате со детето вашата радост што ќе прави работи кои се „за големите деца“.
Желбата да се научи нешто ново е исто толку важна како и знаењето на конкретни факти и вештини.
Наесен помогнете му да ја сфати важноста на училиштето со тоа што и самите ќе се вклучите.
Поразговарајте со учителкатаи прашајте како можете и самите да бидет вклучени.
Што сакаат учителките да им кажат на родителите за градинката и уште нешто.
...ПРОДОЛЖУВА
Клуч за успех во градинката
На децата им е потребен широк опсег на искуства.
Таквите нешта се движат од посети на музеите, па до забавните активности како што е „чешлањето“ на морскиот брег во потрага по школки.
Колку повеќе детето ќе има искуства до одењето во градинка, толку полесно ќе му биде да учи и гради врз она што го учи.
Различните активности може да му помогнат во збогатувањето на речникот. Еден од најдобрите предзнаци за идниот успех на детето како читач, е обемноста на речникот што го има кога ќе почне да оди на училиште. Помагањето на детето да го истражува светот од свој агол му дава можност да научи нови зборови кои се поврзани со посетата на зоолошките градини, шумите, езерата, продавниците, библиотеките и така натаму.
Што да се прави
Дури и малечките деца можат да дознаат нешто од одење во уметнички или научен музеј, дали тоа ќе бидат различните водени бои или слики на масло (па ќе сака да ги прави дома) или ќе дознае дека некои животни спијат преку ден, а си играат ноќе.
Одете на рибарење, на спортски настан, на земјоделски имот.
Одете на разни места. Ова не се нешта за кои родителите мислат дека се нешто посебно, но за 5 или 6-годишно дете што никогаш не ги доживеало, тие се фасцинирачки.
Независноста и решавањето на проблемите се камен темелник на успехот
Учителите велат дека можат да кажат со кои деца родителите правеле се.
Во групите за читање тие сакаат да им бидат кажани зборовите, а не да се имитираат со звук.
Кога е нивен ред да пишуваат, тие чекаат да им се каже кои зборови да ги напишат.
Одредете задачи дома, како што се местење на креветот, хранење на кучето или носење на чиниите во мијалникот.
На тој начин, кога ќе учат за заедничката работа во класот, тоа нема да им биде ново.
Научете го да размислува креативно преку решавање на секојдневните проблеми.
Детскиот живот е бурен - може да истурат млеко.
Искористете ја можноста да кажете:
„Може ли да ти текне некој друг начин како можевме да го сториме тоа без да го истуриме млекото?“
...ПРОДОЛЖУВА
Што сакаат учителките да знаат родителите за градинката и уште нешто.
Нека има добар почеток
Основните знаења му даваат предност на детето. Идеално за да бидат во тек со програмата, децата што треба да одат во забавиште треба:
•да ги знаат буквите и звукот што тие го произведуваат
•да можат да држат молив и ножици
•да знае како да си го напише името
•да ги препознава основните облици
•да знае да брои од еден до десет и да ги препознава тие броеви
•да ги брои точно предметите (коцките, боичките) и да му биде познато дека броевите се мерка за нештата (два метри висок, една шолја шеќер)
•да ги знае боите
•да ги разбира и препознава сличностите и разликите (при споредување на букви или предмети)
•Да сфати дека приказните имаат почеток, средина и крај
Ако не ги знаат овие нешта, а се спремни да учат и стекнуваат социјални способности, ќе бидат во состојба да ја разберат теоријата.
Но, имањето предзнаење е добро на долг рок. Таквите деца настојуваат да имаат предност низ целото средно училиште.
Оние што имаат лош старт имаат тенденција да заостануваат цело време. Тоа не значи дека дома треба да ги проверувате што работеле.
Целта е да го засакаат пишувањето и читањето, и да видат дека во тоа има поента.
Родителите
Дајте му на детето многу можности да сече, лепи, пишува и црта.
Помогнете му правилно да ги држи моливите, боичките и ножиците. И само читајте, пишувајте, читајте ... уште повеќе.
Ако одите во продавница, дајте му да ви најде конзерва со доматно пире чијашто етикета започнува на одредена буква и нека ги изброи конзервите.
Нека ви помогне во сортирањето на вешот.
Прашувајте го за сличностите и разликите: чорапите на тато се поголеми, маицата на мама е многу слична на онаа на тато.
Познавањето на малите нешта однапред може да ги смири стравовите
Една мајка вели: „Мината година мојот син ме чекаше со колата да го земам од градинката. Кога излегол надвор, се уплашил затоа што видел редица од коли, а мојата не била прва во редот.
Не сфатил дека треба да чека додека мојата кола дојде на ред.
Дете може да се срами да праша каде да го остави палтото или ташната. Сетете се на нервозата кога сте биле на првиот ден на ново работно место. Тоа чувство помножете го милион пати, па ќе видите што доживува детето во непозната ситуација.
Што да се прави
Најдете време да го посетите училиштето и да минете низ неговите простории.
Идентификувајте ги просториите и објаснете му што се прави таму.
Кажете му што каде стои, каде ќе му биде местото, што ќе треба да прави, кога да чека и така натаму.
No comments:
Post a Comment