Sunday, August 31, 2014

DALI DETETO VI E SPREMNO ZA GRADINKA?

dali-deteto-vi-e-spremno-za-vo-gradinka
Можеби пред неколку месеци сте нашле супер градинка, но сега кога наближува школската година, дали детето ќе биде спремно да појде, макар на неколку часови? 
Еве неколку прашања за да бидете сигурни дека ќе биде спремно кога ќе дојде септември:
Дали е научено да користи ВЦ шолја? 
Некои градинки може да го бараат тоа. 
Ако вашата градинка не го бара тоа и ако детето ја совладало таа вештина, најверојатно е спремно за одење во градинка.
Дали поминувало време без вас?
Децата што биле чувани од други луѓе, бејбиситери или биле оставани некаде додека сте биле надвор од дома, најчесто во градинката одат без ни најмалку да се свртат назад. 
Но, ако уште од раѓање цело време било со вас дома, почнете да го навикнувате на помислата за одвоеност од вас. 
На пример, почнете да го оставте кај мајка ви додека пазарувате. 
Некои училишта и градинки може да практикуваат неколку кратки преодни денови на почетокот, во првата недела. 
Дали може да прими упатство? 
Во помалите години градинките не се толку строги, но сепак од детето ќе се очекува да следи прости правила, како на пример, да си го држи во ред местото за игра или палтото да го стави на закачалка во плакарот. 
Ако мислите дека тоа може да биде тешко за него, почнете да му давате одговорности во некои дневни задолженија, како што е оставањето на чевлите кај влезната врата или ставањето на валканите чинии во мијалникот.
Дали има добра комуникација со другите деца?  
Ако е навикнато да биде со други деца и ако има барем малку свесност за концептот за споделување со други, ќе му биде фино во градинката. 
Ако не е така, запишете го во некоја група да се навикне на тоа.
Дали му е пријатно да прави промени?
Забележете како реагира кога е време да престане со некоја активност и да почне со друга, бидејќи тоа ќе мора да го прави релативно лесно кога ќе замине во градинка. 
Дали негодува кога треба да ги остави играчките за да спие? 
Објаснувањето на тоа што го очекува може да му помогне во полесното справување со промените („Кога ќе ја облечеш таа кукла, ќе биде време за спиење“)
Ако сте загрижени дека не е спремно, сосема во ред е да почне да оди малку покасно или следната година. Нема да има проблем.

No comments:

Post a Comment